Лоши вести за учесниците пред почетокот на Светското во ракомет


  Меѓународната ракометна организација ИХФ одлучи на претстојното Светско првенство да воведе строги ковид-протоколи. Како што се наведува, сите играчи и членови на стручните штабови на селекциите ќе мора да се тестираат пред почетокот на турнирот, на почетокот од втората фаза и пред четвртфиналето. Доколку некој биде позитивен ќе му биде одреден петдневен карантин, а […]

Лазаров го објави списокот ракометари за Светското првенство


  Тројца интернационалци и 20 ракометари од домашното првенство се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за настап на претстојното Светско првенство во Полска и Шведска. Светското првенство ќе се одржи од 11 до 29 јануари, а првиот собир на македонската репрезентација е закажан за 20 овој месец во Скопје. Македонските ракометари ќе […]

Еуро 2022 за ракометарки продолжува со две групи во Главната рунда


  Женското ракометно Европско првенство продолжува денес со два натпревара од Групата-1 која ќе се игра во Љубљана. Од 18 часот играат Хрватска и Словенија, додека од 20:30 часот се среќаваат Унгарија и Данска. Во Групата се и селекциите на Норвешка и Шведска кои ќе се соочат на 12 ноември. Од групната фаза Норвешка пренесе […]

Вистинските херои на Европското ракометно првенство за жени


  На големите спортски натпреварувања, секогаш во заднина има огромна „војска“ поединци кои помагаат настанот да тече совршено. Не е исклучок и Европското ракометно првенство за жени каде еден од домаќините е и Македонија, покрај Словенија и Црна Гора. За сѐ да тече совршено, да се сместат навивачите, медиумите непречено да известуваат, подот да биде […]

Швајцарија и Србија не ја минаа групната фаза на ЕП за ракометарки


 На женското Европско првенство во ракомет синоќа се завршија натпреварите во А и Б групите по кои елиминирани се репрезентациите на Швајцарија и на Србија. Во „балканското дерби“ Словенија ја победи Србија и си обезбеди настап во главната рунда, додека Данска беше поуспешна од Шведска во „скандинавското дерби“. Резултати: Хрватска – Швајцарија 26:26 Словенија – […]

Савевски: Да дадеме максимум против силната Холандија


 Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе се соочи со Холандија во второто коло на Европското првенство 2022. Селекторот Љубомир Савевски очекува подобро издание од првиот натпревар со Франција, но е свесен за квалитетите на противничките селекции на овој еврошампионат. – Оптимист сум дека ќе одиграме подобро. Сепак треба да потенцираме дека нашата репрезентација […]

Французинките пресилни – македонските ракометарки поразени на стартот на Еуро 2022 (фото)


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Франција со 14:24 во својот прв настап на Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски, натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ го почнаа лошо и по 15 минути имаа негатива од 0:5. На првиот наш гол се чекаше 16. минута кога погоди Јована Кипријановска. Во 21. минута македонската репрезентација […]

(Галерија) Македонските ракометарки го играат првиот натпревар на ЕУРО против Франција


Македонската женска ракометна репрезентација го игра првиот натпревар од групната фаза на Европското првенство кое се одржува во СЦ „Бприс Трајковски“ во Скопје. Еве каква е атмосферата на натпреварот, низ објективот на нашуиот фоторепортер Борис Грданоски.   Нашите ракометарки имаат подршка и од поранешни репрезентативки. Пред почетокот на натпреварот против Франција, ракометарките пееја во еден […]

Мукаетов: Нашите ракометарки вредат повеќе од турбофолк ѕвездите


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во вчерашното гостување на „Топ тема“ во Телма, на прашање за релативно високите цени на билетите за натпреварите од ЕП, рече дека нашите ракометарки вредат повеќе да бидат посетени во споредба со турбофолк ѕвездите кои гостуваат кај нас. – За цената на билетите на ЕП одлучува ЕХФ. […]

Мукаетов: Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, девојките да ја добијат потребната поддршка


  Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, уште еднаш искажа поддршка за македонските репрезентативки кои утре ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство. Заеднички домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се Скопје, Подгорица (Црна Гора), Целје и Љубљана (Словенија). – Прв пат сме во позиција после 14 години да го донесеме Европското првенство […]

РФМ ќе субвенционира 40 отсто од износот на билетите за натпреварите на националниот тим во Скопје на 5, 7 и на 9 ноември


  Ракометната федерација на Македонија ќе субвенционира 40 отсто од износот на билетите за натпреварите на националниот тим од претстојното Ракометно првенство за жени  во Скопје, соопшти РФМ. Станува збор за билети од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК […]

Убедлива победа за македонските ракометари против Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2024


  Македонската ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје забележа убедлива победа над Луксембург со 38:24 (18:7 полувреме) во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.   Подмладениот тим селектиран од Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар доминираше на теренот и на крајот лесно дојде до првите бодови со 44-тата победа […]

Македонските ракометари против Луксембург ги отвораат квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечер против Луксембург ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2024. Селекторот Кирил Лазаров во овој квалификациски циклус ја подмлади репрезентацијата со оглед на неговото и завршувањето на репрезентативните кариери на Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски. Лазаров најави брза игра и затоа како што вели повикани се ракометари кои можат да играат […]

Лазаров го објави списокот на ракометари за натпреварите со Луксембург и Турција


 Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави список на повикани ракометари кои ќе конкурираат за место на претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција. На списокот на Лазаров се најдоа: голман: Никола Митревски, Марко Кизиќ и Мартин Томовски лево крило: Дејан Манасков, Цветан Кузмановски и Петар Атанасијевиќ десно крило: Ненад Костески […]

Пионерскиот тим на „Алкалоид“ го освои ракометниот турнир во Нант


Пионерскиот тим на „Алкалоид“ освои злато меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција. „Алкалоид“ денеска во полуфиналето го совладаа шпанскиот тим Понтеведра (23-20), а во финалето кое имаше драматичен финиш беа подобри од уште една шпанска екипа, Хихон 27:26. „Алкалоид“ на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите средби. Финале […]

Македонските ракометари останаа без медал на Медитеранските игри во Алжир


Македонската ракометна репрезентација не успеа да се закити со бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Попладнево избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од селекцијата на Србија со 34:29. Македонците добро го почнаа натпреварот и веќе во 15. минута имаа водство со 9:6. Следуваа минути на Србите кои најпрво го изедначија резултатот (10:10) во […]

Македонските ракометари останаа без финале на Медитеранските игри


Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 34-20 (16-10) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба. Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, […]

Македонските ракометари ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри


Македонската ракометна репрезентација се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри во Алжир. Ова е епилогот по вечерашниот последен натпревар од Б-групата во кој Шпанија го совлада домаќинот со убедливи 31:19. Шпанците кои важеа за апсолутен фаворит одиграа коректно и без разлика што го имаа обезбедено полуфиналето, не калкулираа и на крајот според очекуваното ги освоија […]

Стоилов: ЕХФ бездушно нè казни


Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изрази разочарување од одлуката на ЕХФ за исфрлање на македонскиот тим од Лигата на шампионите. – Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ. Бездушно не кзанија кога веќе се гледаше крајот на долговите и кога клубот застана на нога по неколку тешки години. Со добри засилувања за следна сезона и […]

РК Вардар: Понудивме банкарска гаранција, но ЕХФ не ја прифати и не исклучи од ЛШ


 Македонскиот ракометен првак Вардар кој вчера и официјално беше исклучен од Лигата на шампионите преку соопштение ја објасни новонастанатата ситуација и причините поради кои е дојдено до неа. Во продолжение во целост го пренесува соопштението на „црвено-црните“. – По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која […]