Комерцијална банка инвестира во културата и сцената – поддршка за јубилејот „35 години независност“


Комерцијална банка ќе биде еден од поддржувачите на националната програма со која годинава се одбележуваат 35 години од независноста на Македонија – јубилеј што ќе биде проследен со серија големи музички, културни и уметнички настани низ државата. Од Банката порачуваат дека општествениот напредок не се гледа само низ економските резултати, туку и преку вложувањата во […]

„Капитализмот не носи слобода за сите“: Ексклузивно интервју со Леа Ипи


  Доаѓањето во Скопје на прочуената писателка и политички научник Леа Ипи (родена во Албанија, која сега живее и предава во Лондон) без сомнение досега беше еден од најважните културни настани во државава од почетокот на годината. Ипи дојде во Скопје како гостинка на литературниот фестивал „Букстар“, што го организира издавачката куќа „Антолог“. Во Скопје […]

ДПМ ги објави добитниците на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма


Ана Пејчинова, Даниела Андоновска-Трајковска и Владимир Јанковски се добитници на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма (песна или расказ) на јубилејното, триесетто издание на „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На конкурсот, како што прецизираат од ДПМ, пристигнале вкупно 32 дела (26 песни и шест раскази), а тројцата членови […]

Шпанскиот тенор Хозе Карерас со прв настап во Дубровник: Го знаев како фасцинантен град, сега ќе уживам лично


Познатиот шпански тенор Хозе Карерас подготвува голем концерт на платото пред Дубровничка катедрала, кој веќе се етаблираше како еден од најочекуваните музички настани ова лето. На сцената ќе му се придружи сопранистката Душица Бијелиќ, додека концертот ќе го придружува Дубровничкиот симфониски оркестар под диригентската палка на диригентот Давид Хименез. Доаѓањето на еден од најголемите оперски […]

„Џган“ на Вардан Тозија, 10 години подоцна – и сѐ уште не гледа право во очи


Синоќа, под отворено небо на Rooftop Open Air Cinema, Синеплекс и Скопје Сити Мол им приредија на скопјани ретка можност повторно да го погледнат македонскиот филм „Џган“ на Вардан Тозија, кој годинава одбележува 10 години од светската премиера. Оваа потресна и бескомпромисна социјална драма за момче кое станува производ на средината во која расте — […]

Реставрацијата на Споменикот на слободата на Чемерски во Кочани документирана на филм со потпис на ќерка му


Македонската премиера на дебитантскиот документарец „Руини” на Елена Чемерска, за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ, на фестивалот МакеДокс помина со силен аплауз во преполниот Куршумли ан. Филмот е топла и искрена лична историја во која Чемерска го документира деветгодишниот макотрпен процес на […]

Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026


  Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Наградата ќе му биде врачена на свеченото отворање на годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19ти септември во Битола.    […]

Во КИЦ-Скопје ќе биде отворена изложбата „Хоризонт на светлината“ на Марк Јанура


Во Изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, денеска во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнер Марк Јанура. Изложбата претставува серија апстрактни монопринтови преку кои авторот ја истражува архитектурата како простор на тишина и светлина. Според најавата, делата се фокусираат на односот меѓу линијата, […]

(Фото) Скопје ја пречека Леа Ипи како ѕвезда – слободата и демократијата се важни и за македонската публика


Познатата филозофка, авторка и професорка по политичка теорија на Лондонската школа за економија, Леа Ипи (1979, Драч), вчера беше пречекана како ѕвезда во Скопје – прво со закажаните интервјуа и редиците за автограм,  па гостување на поткастот „Гол ручек“ на домаќинот „Антолог“ и со централниот настан синоќа – доделувањето на наградата Букстар за 2026 година […]

Јубилејна проекција на „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на „Синеплекс“


Со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“ во Скопје Сити Мол вечерва ќе се одбележува 10 години од светската премиера на еден од највпечатливите филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија. Филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). […]

Траорно сведоштво на добрите луѓе на Манчевски


Документарецот „Добри луѓе “ на Милчо Манчевски за трагедијата во Кочани, почнува во тишината на оризовите полиња, снимени со дрон и со мрачен рефрен на виолончело од Новоградска . Идиличен пејсаж, светлина, вода, бавен ритам – свет што изгледа далеку од секоја трагедија. Тоа е увертирата пред најтрауматската македонска ноќ: пожарот во дискотеката „Пулс“ во […]

Драмски со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони


НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона […]

Кинотека во септември: Од македонскиот филм до класичниот Холивуд


Септемвриската програма на Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува нејзината суштинска улога како простор во кој филмот не е само средство за гледање, туку и начин на паметење, преиспитување и откривање на различните лица на кинематографијата. Програмата обединува дела од македонската продукција, филмови од поширокиот балкански простор, класици на светската кинематографија, неми и класични филмови, […]

Леа Ипи вечерва во Скопје ќе ја прими наградата „BookStar“ 2026 и ќе зборува за „Слобода“


На филозофката, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија, вечерва, во 19 часот, ќе и биде врачена наградата „BookStar“ за 2026 година, за најактуелна книга во контекст на годинашното издание на овој меѓународен книжевен фестивал. Нејзиното гостување ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на „BookStar“, посветен на […]

Концерт на Драган Даутовски на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука


На археолошкиот локалитет Врбјанска Чука кај Кривогаштани, вечерва со почеток во 18:30 часот ќе се одржи концерт на Драган Даутовски. Настанот ќе биде надополнет со кратко предавање за неолитската населба и нејзиниот развој низ антиката и средниот век. Како што соопштуваат организаторите, концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот […]

Предвесник на самостојна Mакедонија: Утре, 35 години „Матица македонска“


Основана на 24 август 1991 година, само петнаесет дена пред историскиот референдум од 8 Септември, „Матица македонска“ стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија и три и пол децении ја пишува својата приказна паралелно со приказната на македонската држава Утре, на 24 август, се навршуваат точно 35 години од основањето на „Матица македонска“ – издавачката […]

Македонски триумф на Сараево филм фестивал


Голем успех за македонската кинематографија на 32. издание на Сараево филм фестивал кој синоќа ја спушти завесата – пет награди за два македонски филма. Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ освои дури четири награди:  Специјална награда за промовирање на родова еднаквост  Срце на Сараево за најдобра актерка – Ева Костиќ  Cineuropa Prize  UniCredit награда […]

Отворена 38. Поетска ноќ во Велестово


Со настап на Иван Христов на кавал и Петар Чухов на гитара синоќа беше отворено 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. На отворањето беше претставен поетски портрет на македонскиот поет Јовица Ивановски по што следеше интернационалното поетско читање „Имаго“ на кое настапија поети од Ирска, Хрватска, Бугарија, Романија, Црна Гора и Србија. За […]

Отворено студио на „Арт Поинт – Гумно“: Изложба на фотографии и проекција на „Крајолици на човештината“


 Меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“ денеска во селото Слоештица организира Отворено студио во чии рамки ќе биде поставена изложбата на селектирани фотографии од селата во горно-демирхисарскиот регион, што ги направија претставници на реномираната Либеречка школа за фотографија од Чешка. Посетителите воедно ќе имаат ексклузивна можност да го погледнат и документарниот филм „Крајолици на […]

Сараево: „Скејтбордингот“ во трка за главната награда, серијата „Мала Југославија“ со награда за развој


Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума се натпреварува за „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, додека серијата „Мала Југославија“ на Теона Стругар Митевска и Соња Просенц ја освои Female Voices CineLink Award, награда за развој во вредност […]