Западнонилска треска во Грција: Пријавени 232 случаи – 19 починати


Од почетокот на оваа вирусна сезона заклучно со вчера претпладне во Грција се дијагностицирани и пријавени вкупно 232 случаи на зараза со вирусот Западен Нил, а регистрирани се 19 смртни случаи, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатата седмица биле потврдени 75 нови случаи, […]

Голем пожар во Саранда, во опасност станбени објекти и познат манастир


Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема […]

Прв случај на западнонилска треска регистриран во Бугарија


Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата […]

Речиси половина од издадените Златни визи во Грција се на кинески државјани


Речиси половина од важечките дозволи за престој за инвеститори во Грција, односно т.н Златна виза (Golden visa) се издадени на државјани на Кина, втори со значајно помал број се Турците, додека пак на последното место меѓу десетте земји се српските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Министерството за миграција и […]

Ова го нема ни во Кан: Жан-Клод ван Дам го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Ниш


Ниш – Со проекција на филмот „Чуварот на иконата на Свети Ѓорѓи“, во присуство на белгискиот актер со холивудска кариера, познат по акционите филмови, Жан-Клод ван Дам, на летната сцена на нишката тврдина, синоќа, свечено беше отворен Меѓународниот филмски фестивал. Актерот на отворањето им се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ, и на организаторите за поканата. […]

Пожар од големи размери се шири кај Валона


Пожарот во Шашица, на околу осум километри од албанскиот приморски град, Валона, продолжува да се шири на големи површини. – Поради пожарот што се наоѓа на одредена оддалеченост од каменолом, четворица работници  останале на работните место за да ги заштитат алатките и опремата. Но, заради зголемената опасност, од работниците е побарано да ја напуштат областа, […]

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи


Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ)  во периодот  јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле […]

Кос: Светот се промени, мора и процесот на проширување


Загреб – Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска го претстави предлогот на Европската комисија за реформа на проширувањето на ЕУ и изнесе планирани чекори за постепена интеграција, построга проверка на кандидатите и нова методологија, нагласувајќи дека светот се променил, а со тоа мора да се промени и самиот процес на проширување. Таа на Конференцијата […]

Нови акции на Халкидики за отстранување на нелегално поставени чадори и лежалки на плажите


Атина – Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак,  вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, со цел „плажите да останат слободни и достапни […]

Србија планира да се приклучи кон Шенген до крајот на 2027 година, но нема да воведува визи за Руси


Белград – Србија планира да се приклучи кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година, но во моментов не размислува за воведување визи за руските граѓани – изјави за српската редакција на Радио Слободна Европа, Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген. За една земја да стане дел од […]

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ


Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската Унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ. Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна […]

Прв потврден случај на западнонилска треска во Албанија


Во Албанија потврден е првиот случај на западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. -Заразеното лице е жител на градот Корча.  Кога добил убод од комарец бил  во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол […]

Седум од десет мали и средни бизниси во Атина со полош промет од лани за време на летните попусти


 Над седум од десет мали и средни бизниси во Атина, односно 71,3 отсто велат дека годинава, за време на летните попусти имале полош промет од лани, а 98 отсто од анкетираните бараат промена на институционалната рамка за попустите и враќање на построги правила, покажуваат резултатите од истражувањето на Асоцијацијата на трговци на Атина (ЕСА), јави […]

Три лица во Хрватска заразени со вирусот Западен Нил


Три лица во Хрватска се разболеле откако се заразиле со вирусот Западен Нил во текот на јули и август, потврди Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) за RTL Danas. Пациентите доаѓаат од источна, централна и северозападна Хрватска. HZJZ експлицитно наведува дека болеста не се пренесува преку контакт од човек на човек. Тие исто така објавија […]

На грчкиот остров Закинтос уапсена жена за убиство на мачка и казнета со 30.000 евра


Шеесет и тригодишна жена е уапсена откако на Закинтос убила мачка, а за стореното дело ѝ е изречена казна од 30.000 евра, соопшти денеска локалната полиција. Жената, жителка на Ромири била пријавена од страна на сопственикот на мачката, пренесе грчкиот портал „Катимерини“. Според информациите на Здружението за благосостојба на животните на Закинтос (ЗОМЗ) станува збор […]

Во Атина ноќната температура е 33 степени


Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата […]

(Видео) Наезда на медузи “јајце на око“ кај Пула – безопасни се, не вадете ги од вода!


Во водите кај Истра, Хрватска, забележана е зголемена појава на големи, жолто-кафеави медузи познати како „јајце на око“. Во последните денови, тие се особено бројни во областа околу Пула, каде што Природно-научниот факултет пријави густина од приближно две возрасни единки на квадратен метар. Снимки и извештаи за поголеми групи доаѓаат и од областите Ровињ и […]

Вучиќ: Ние сме суперсила во гаснењето пожари, имаме подобри хеликоптери од европските


Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија, со оглед на нејзината големина, е „европска суперсила“ во однос на опремата за гаснење пожари. Тој ова го изјави за време на посетата на Делиблатското Песочиште, каде што пожарникарите со денови се борат со голем пожар, пренесува N1 Србија. „Нашите хеликоптери се подобри од европските“ Вучиќ тврдеше […]

Земјотрес во Далмација: „О, боже, какво тресење“


Земјотрес со магнитуда од 3,1 степени е регистриран во 12:24 часот во подрачјето на Сплит во Хрватска. Според EMSC, епицентарот бил 33 километри северозападно од Сплит, на длабочина од 10 километри. Бројни жители кои ги почувствувале потресите сведочат: „О, боже, какво тресење. Краток, но силен“, е коментарот од Врлика. „Се тресеше силно“, некој од Неориќ. […]

Српски „Телеграф“:„Платен убиец“ од Македонија уапсен во Србија, се истражува кој требало да биде мета


Српската полиција уапсила државјанин на Македонија на територијата на Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави „Телеграф.рс“, повикувајќи се на информации од истрагата. Засега не е познато кој требало да биде цел на планираната ликвидација. Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој […]