Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања


Во Собранието денеска ќе заседаваат пет собраниски комисии, на чии дневни редови се повеќе предлог-закони, стратегии и точки поврзани со избор и именување на функционери, како и извештаи за работата на правосудните институции. Комисијата за одбрана и безбедност ќе ја одржи 49. седница, на која единствена точка на дневен ред е Предлог-националната стратегија за безбедност […]

Неформален состанок на министрите на ЕУ за содржината на идните пристапни договори


  Ирското претседателство со Советот на Европската унија ќе организира неформален состанок на министрите на ЕУ за европски прашања на 3 и 4 септември во Даблин, а една од главните теми ќе биде проширувањето на ЕУ. На состанокот ќе се приклучат и министри од девет земји-кандидатки. Во соопштението се наведува дека, меѓу другото, темите на […]

Со што заслужи Израел да биде стратешки партнер на Македонија?


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, деновиве престојува во Израел во прва ненајавена посета. Освен што дестинацијата изнервира многумина, изненадија и најавите што ги даде таму, поточно главната – дека Македонија го прави зајакнувањето на стратешките односи со Израел приоритет на својата надворешна политика.  Во интервју за „Џерусалем пост“, што со еден ден задоцнување […]

Планот за вработување ги подели членовите на Буџетскиот совет на Собранието: Усвоен стратешкиот план за 2027-2031 година


Стратешкиот план на Собранието за 2027-2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и претставничката  функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели-функционално, отворено, дигитално, безбедно собрание, парламентарна дипломатија и една новина е додавањето на интеграцијата во […]

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ си ја врати ,,Белата палата”


  Апелацискиот суд во Скопје ја потврди ослободителната пресуда за екс-премиерот Никола Груевски кој беше обвинет во случајот ,,Талир 2″, што наедно значи дека ВМРО-ДПМНЕ си ја враќа белата палата и другиот имот што беа замрзнати со години. „Апелацискиот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во […]

СДСМ бара Апелацискиот суд веднаш да постапува за „Талир 2“ за да не застари


  Случајот „Талир 2“ поврзан со Никола Груевски и криминално стекнатото седиште на ВМРО-ОКГ може да врати повторно со одлука на надлежниот Апелациски суд. Скопска апелација треба да донесе одлука да се преиначи првостепената ослободителна пресуда за Груевски, изјави денес генњералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ. Апелацискиот суд има рок до 31 август да одлучи […]

ДУИ: ВЛЕН ја претвора „Бардовци“ во семеен бизнис


ДУИ реагира на информациите за уште еден скандал поврзан со државни тендери. Според објавеното, тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата. „Сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил […]

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието


Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието.  На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата […]

Лидерите на Влен делеа решенија за вработување во тетовската болница, за директорот настанот не бил партизиран


Во амфитеатарот во Клиничката болница Тетово денеска беше организиран свечен настан на кој 109 здравствени работници добија решенија за вработување во оваа јавна здравствена установа. За настанот објавија дел од локалните медиуми, а на Фејсбук информацијата ја сподели и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој упати честитки до здравствените работници за добиените решенија за вработување […]

Жерновски: Се спрема сценарио за предвремени избори и меѓуетнички тензии


Опозициската СДСМ денеска излезе со обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски подготвува сценарио за предвремени парламентарни избори и вештачко предизвикување на меѓуетнички тензии, кои според партијата се координирани со српските и руските служби. На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, Андреј Жерновски, истакна дека нивна должност е да ги предупредат […]

Мицкоски ја ставил Македонија на „нишанот“ на Иран


  Премиерот Христијан Мицкоски во скандалозното интервју за „Брајтбарт“ извести дека со одлука, за која никој не знае во државава, ја ставил Македонија на ракетниот „нишан“ на Иран. Во интервјутo, во кое главно брише под со Македонија и со себе со нападното додворување на Трамп, Мицкоски соопшти дека една од причините зошто претседателот на САД […]

Мицкоски би бил најсреќен САД да не одобруваат иселенички визи на македонски граѓани


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека би бил најсреќен доколку САД не им даваат иселенички визи на македонски граѓани. Тој ова го изјави во одговор на новинарско прашање при посетата на УХМР, при што рече дека политиката на Владата е да ги враќа иселениците во земјава. Новинарите, меѓу другото прашаа дали за време на […]

Мицкоски за „Брајтбарт“: Македонија стои зад Трамп


Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ изјави дека Македонија силно ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да донесе конкретни резултати во областа на безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите. Мицкоски посочи дека македонската влада воспоставила контакти со тимот на Трамп уште за време на неговата […]

ВЛЕН: Кој обвинител стои зад понудата за договор со Груби?


По првото рочиште за случајот против Артан Груби повторно се отвораат прашања за можните обиди постапката да заврши со договор со Обвинителството, реагираат од коалицијата ВРЕДИ. Од ВРЕДИ тврдат дека постоела можност Груби да биде убеден да признае вина во замена за поблага санкција, со што би ставил крај и на политичките амбиции за преземање […]

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за […]

Пратениците Албанци не присуствуваа на одбележувањето на украинската независност, лути се


Пратеници Албанци го бојкотираа одбележувањето на 35 години од независноста на Украина и ниту еден од десетте пратеници – членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, не присуствуваше на сесијата во македонското Собрание. Тие не му простуваат на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неодамнешната изјава при посетата на Белград – дека Украина […]

Собранието ја одбележа 35-годишнината од независноста на Украина: Можевме ли повеќе?


Секој демократски народ во светот, особено во Европа, треба да ѝ ја даде својата поддршка на Украина и со тоа да покаже дека споделуваме заеднички вредности и дека припаѓаме во едно заедничко семејство.​ Мирот не значи само прекин на конфликтот, туку создавање услови Украина да може слободно и безбедно да си ја гради својата иднина […]

Филипче: На Мицкоски му треба алиби за предвремени избори


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но нема да биде алиби за предвремени избори на Христијан Мицкоски, на кого му се потребни избори затоа што власта нема резултати, а државата е заглавена. „Кажавме дека нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот […]

Груби и обвинетите за Државна лотарија добија една недела да се запознаат со 231 доказ


  Со полициско возило, далеку од камерите пред главниот влез, поранешниот вицепремиер Артан Груби утрово беше донесен во Основниот кривичен суд во Скопје. Полициското возило влезе директно во гаражата на судот, од каде Груби беше спроведен во судницата во која започна постапката против него и уште седуммина обвинети,  членови на надзорниот одбор на Лотарија: Башким […]

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците


Собранието реагира на објавите во повеќе медиуми кои ја скандализираа јавноста, а според кои на пратениците и вработените во оваа институција им се плаќа приватно здравствено осигурување.  -Ја информираме јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците […]