Герасимовски со есенска офанзива ќе ги лоцира сите проблеми во Центар


 Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината – соопшти денеска општинската прес-служба. Целта е директно на терен да се евидентираат проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните – оштетени улици […]

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“


Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“ бб, за потребите на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните […]

Пад од 7,9 проценти на бројот на превезени патници со автобус во вториот квартал


 Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 000 и е намален за 7.9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за […]

Поплавените подруми и шахти во Аеродром, Ново Лисиче и Чаир се легла на комарци преку целата година, а таму не прскаат


Поплавените подруми и шахти во Аеродром, Ново Лисиче и Чаир се високоризично подрачје од комарци преку целата година, покажува денеска промовираниот сајт на Министерството за здравство за состојбата со западнонилската треска, од која годинава регистрирани се 53 случаи, 21 се во болница, а починаа петмина.   Сајтот е одлично изработен и содржи податоци за бројот […]

Промовирана нова веб-страница со податоци за состојбата со западнонилска треска, ризичните подрачја и преземените активности


Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство.  – […]

Не може скапаните возила да стојат по паркинзите – Аеродром ги однесе, вие ќе си платите!


Општина Аеродром продолжува со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини. Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место – депо на Општината, […]

Без струја делови од Петровец, Центар и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 08.00 до 10.30 часот ќе бидат корисниците од селата Летевци и Брезница, како тунелот Катланово во општина Петровец, информира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 14.00 часот че немаат и корисниците на ул. Козара бр.27А во општина Центар и на ул. Апостол Петков во општина Ѓорче Петров.

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош


Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за […]

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје – доаѓа Албин Курти


Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. ,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници […]

Нови смарт-табли во ООУ „Блаже Конески“ за целосно современа настава


Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците […]

Три авиони на ДЗС, пожарникари и екипи на „Национални шуми“ го гаснат пожарот на Китка


Продолжува и денеска интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа Каршијак, при што на терен се ангажирани сите расположливи државни ресурси. Во гаснењето се вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и тимови на „Национални шуми“. Исто така, директорот на […]

Бутел обезбеди ранец со училиштен прибор и униформа за сите првачиња


Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток […]

Кисела Вода и Природнонаучниот музеј потпишаа Меморандум за соработка


Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината – информира денеска општинската прес-служба. Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во […]

Без вода улиците „Јоаким Крчовски“, „Самоилова“ и „Банатска“


Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Денеска, поради уличен дефект ф-150 мм на ул.„Самоилова“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Самоилова“, ул. „Јоаким Крчовски“ и ул.„Банатска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот […]

Без вода утре делови од Центар и Карпош


Без вода утре од 08.30 часот ќе бидат дел од улиците „Мирче Ацев“ и „Мирче Мацан“ во општина Центар, а од 9 часот улица „2“ и дел од ул.„Козле“ – висока зона во општина Карпош – најави Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.  Причина за прекинот во снабдувањето со вода е изведување […]

Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории, паметен пластеник и метеоролошка станица


Средните училишта во Скопје се опремуваат со современи кабинети и лаборатории, со цел наставата по природните и математичките науки да се насочи кон практична работа, експерименти и интерактивно учење. Во тек е уредување на кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија, кои ќе добијат нова наставна опрема, дидактички помагала, интерактивна […]

Ноќна дезинсекција низ Карпош


Вчеравечер, стручните екипи од Центарот за јавно здравје во соработка со Град Скопје и Општина Карпош спроведоа дополнително теренско прскање против комарци и ларви, во насока на ефикасно справување со западно – нилската треска. Ноќеска се изврши темелна дезинсекција на неколку критични точки низ општината, поточно на улица Ловќенска 4 во населбата Козле и на […]

Специјализирано возило вечерва ќе прска против комарци на критичните подрачја во Кисела Вода


Градоналаничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека Град Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва ќе спроведат редовна акција за дезинсекција. Третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. Како што посочи градоначалничката, прскањето ќе се реализира во периодот од […]

Чадот од пожарот на Жеден се спушти до Скопје (видео)


Зачаденоста на Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, во близинана селото Бојане, и од тетовска сега се префрла на скопска страна, потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Тој со хеликоптер го надлета Водно и потврдува дека ништо не гори на планината до Скопје.  Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево Ангелов преку видео-порака. […]

Утре без струја дел од општина Центар


  Од 08.00 до 14.00 часот струја нема да имаат дел од корисниците од улицата „9 Мај“, дел од „Рузвелтова“, „Христо Смирненски“ и дел од „Теодосиј Гологанов“, додека од 09.00 до 09.20 часот, корисниците на улицата „Васил Главинов“ бр.7Б.