Младите ракометари обезбедија настап на Светското првенство


Младата ракометна репрезентација на Македонија до 18 години го продолжува успешниот настап на Европското првенство во Белград. Македонските кадети ја забележаа третата победа на турнирот, откако во натпреварот за пласман од 9. до 16. место ги совладаа Фарските Острови со 34-32. Избраниците на селекторот Горан Кузмановски одиграа сигурно прво полувреме и уште од почетокот го […]

Ракометарите добија силни противници на Светското првенство 2027


Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во групата за Светското првенство што од 13 до 31.јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Противници во групата Х што ќе се игра во Магдебург се: Исланд, Бахреин (шампион на Азија) и Јапонија (четвртопласирана на последниот шампионат на Азија). РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ: А група (Минхен): Германија, Србија, […]

Постигнат договор: Ќе се формираат ракометни регионални лиги во машка и женска конкуренција


Денеска во Подгорица беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен […]

Историско финале за ракометарите на Охрид


ГРК Охрид се пласираше во финале, откако на вториот полуфинален натпревар против Целје славеше после изведување на пенали со 29:27. Во финалето претходно место обезбеди Филип Талески и неговиот Татабања.   Во преполната сала “Билјанини извори” се одигра неизвесен натпревар, беше вистинска драма решена по изведување на пенали. Првото полувреме мина во изедначена битка. Целје […]

Златен медал за македонските кадети ракометари на Светското училиштно првенство


Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училиштно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел […]

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци


Под покровителство на Министерството за спорт од денеска до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци. Како што информираат од Министерството за спорт, на Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот […]

Осмо учество на Европско првенство за македонските ракометарки


Женската македонската ракометна репрезентација успеа да се квалификува на Европското првенство 2026 година што од 3 до 20.декември 2026 година ќе се одржува во Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка. Ова за женскиот ракометен национален тим ќе биде осмо учество на Европско, а трето во низа. Македонските ракометари во групата од квалификациите со Германија, Словенија […]

Два ракометни суперлигашки дуела во Скопје


По паузата поради ЕХФ неделата и настапот на репрезентацијата ракометните суперлигаши со натпреварите од 3.коло од плеј офот го продолжуваат првенството. Сите три натпревари од оваа рунда ќе се играат во Скопје, но два се попладнево, а дербито во четврток. Во 18 часот е почетокот на дуелите Алкалоид – Тиквеш и Бутел – Еурофарм Пелистер, […]

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028


Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон. Македонскиот национален ракометен тим беше рангиран во вториот „шешир“, а ривали во групата 8 ни се: Шведска (прв шешир), Грција (трет шешир) и Луксембург (четврти шешир). Комплетен распоред на групите: Група 1: […]

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи


Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора денес во Белград  одржаа заеднички состанок на кој главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција, информираат од РФМ. – За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување […]

Губеа со шест голови, на крајот победија со четири : Ракометарите на Вардар го совладаа германски Мелсунген


Ракометарите на Вардар ја постигнаа првата победа од главната фаза во Лига Европа откако вечерва го совладаа германскиот тим Мелсунген со 37:33. Со оваа победа Вардар се израмни бодовно со Бенфика во групата 3. Гостите од Германија по 3:3 направија серија од 7-1 за водство од 10:4. Во тој период избраниците на Иван Чупиќ правеа […]

Панел дискусија за актуелните прашања и предизвиците во ракометот


Во организација на „Само Ракомет“, а под покровителство на Ракометната федерација на Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи втората панел-дискусија на тема „Ракометот – спорт број 1?“. Како што најавуваат организаторите, настанот ќе биде поделен во три панел-сесии, на кои ќе се дискутира за актуелните прашања, предизвици и перспективи за развојот на македонскиот ракомет. […]

Македонската репрезентација бележи скок од четири позиции на ЕХФ ранг-листа


Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка […]

Македонија преку Украина или Словачка ќе бара пласман на Светското во ракомет


Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза. Противникот ќе биде познат во март годинава кога ќе се играат бараж дуелите меѓу Украина и Словачка. Другите двојки за […]

Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет


На Европскиот шампионат во ракомет попладнево се играат дуелите за „големото“ финале и со тоа стартува завршниот викенд на првенството. Со големо внимание се очекува дуелот Хрватска – Германија. Актуелниот светски вицешампион Хрватска, преку нивниот селектор Дагур Сигурдсон искажаа многу критики кон ЕХФ и организирањето, особено што во два дена играа два натпревара, а вчера […]

ЕХФ воведува новости за полуфиналето и финалето на Европското првенство во ракомет!


Имаше многу поплаки за судењето на Европското првенство во ракомет, а на денот кога борбата за полуфиналето треба да започне, пристигнуваат вести што би можеле да го променат искуството на натпреварите. Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека воведува RefCam, камери што судиите ќе ги носат на главите, за да можат гледачите да добијат увид во […]

Завршница на Главната фаза на ЕХФ Еуро 2026


На Европското првенство во ракомет за мажи денес на распоредот се натпреварите од последното коло во Главната фаза. Двојките се: Словенија – Исланд (15:30 часот) Шпанија – Португалија (15:30 ч.) Хрватска – Унгарија (18 ч.) Германија – Франција (18 ч.) Данска – Норвешка (20:30 ч.) Швајцарија – Шведска (20:30 ч.). Група 1: Данска 6 бода, […]

Хрватска ги задржа шансите за полуфинале со триумф над Швајцарија


Во завршниот натпревар од второто коло во групата 2 од главната рунда на Европското првенство, хрватските ракометари вечерва во Малме ја совладаа Швајцарија со 28-24 и ги задржаа шансите за место во полуфиналето. Швајцарија го отвори натпреварот со серија од 4-0, а Хрватска воведниот гол го постигна дури во 9 минута. Сепак, на средина од […]

Неверојатниот Волф со 22 одбрани ги уништи надежите на Норвешка


Германија направи исчекор кон пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство, откако вечерва во завршниот натпревар од второто коло на главната фаза во Групата 1 ја совлада Норвешка со 30-28 (15-17) предводена од феноменалниот голман Андреас Волф. Со своите одбрани, 34-годишниот Волф ги доведуваше во очај норвешките ракометари, спречувајќи ги нивните шутеви од различни позиции. […]

ЕХФ ЕУРО 2026: Данска ја отпиша Шпанија од трката за полуфинале, Франција ја прегази Португалија


Кодомаќинот на Европското ракометно првенство Данска ја забележа втората победа во главната фаза во рамки на групата 1, откако вечерва пред 15.000 гледачи во Хернинг ја совлада Шпанија со 36-31 (16-14). Данска со триумфот ѝ се приклучи на Франција на врвот на табелата со четири бодови, колку што има и Германија со натпревар помалку, додека […]