Вештачење на одбраната за „Онкологија“: Во лекувањето учествувале од три до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност


Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност – тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир […]

Двајца грабнувачи од демиркаписко добија по 6 и 4 години затвор – го писилувале да признае дека ја силувал сопругата на еден од нив


Двајца грабнувачи од село Корешница, демиркаписко, добија по 6 и 4 години затвор за грабнување на жител на Неготино, пресуди вчера Основниот суд Кавадарци. По психијатриско вештачење, обвинението против првообвинетиот Б.М. претрпело мали измени бидејќи обвинетиот бил во состојба на битна намалена пресметливост поради трајна душевна болест – хронична психоза, параноја и патолошка љубомора. По […]

Засилени контроли за електричните тротинети – регистрирани 965 прекршоци


Речиси илјада прекршоци за нешто повеќе од два месеца покажуваат дека правилата за движење со електрични тротинети сè уште не се почитуваат доследно. Од 18 мај до 31 јули 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спровел засилени контроли на целата територија на државата, при што биле констатирани вкупно 965 прекршоци од страна на возачи на […]

Тригодишно дете повредено во лифт во зграда во Радишани


Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила.   Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 […]

Кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување, го оштетиле Буџетот 23.442.425 денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.  На минатото рочиште […]

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од својот татко во Тетово


Шестгодишно дете се здоби со тешки повреди во несреќа што вчераутро се случила на улицата „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово. Како што информираат од СВР Тетово, во 09:50 часот од Ургентниот центар во Тетово било пријавено дека кај нив е донесено малолетно дете со сериозни повреди. Поради тешката здравствена состојба, детето било итно пренесено во […]

Семејство нападнато во Матка по расправија за возење со чамец


Семејство од гостиварско пријавило дека било физички нападнато во Долна Матка по расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец. Случајот во полиција го пријавила 47-годишната В.С. од селото Неготино, гостиварско, која според пријавата, заедно со сопругот и нивната ќерка била нападната од три лица. Инцидентот се случил на 23 август околу 10:30 часот […]

Артан Груби седна во обвинителна клупа


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска почна предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги […]

Се пукало во Арачиново – повредени двајца во „шкода“


Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки во […]

Полски државјанин лишен од слобода на Табановце, возел 164 на место со ограничување од 80 километри на час


Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ […]

Тешко повредено момче откако возило излетало од патот пред Ваташа


Утринава во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци – информираа од СВР Велес. 

Српски „Телеграф“:„Платен убиец“ од Македонија уапсен во Србија, се истражува кој требало да биде мета


Српската полиција уапсила државјанин на Македонија на територијата на Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави „Телеграф.рс“, повикувајќи се на информации од истрагата. Засега не е познато кој требало да биде цел на планираната ликвидација. Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој […]

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, приведени малолетници од 16 и 19 години поради дрога


 МВР соопшти дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од село Лешок, тетовско откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од […]

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки


 Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на […]

МВР: Синоќа изречени 262 санкци за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода


 Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. -Во текот на изминатата вечер […]

Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар


Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот […]

Кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари


СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Против Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи […]

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во […]

Тепачка меѓу две групи во Сингелиќ, во пресметката употребени кундак од пиштол и метален предмет


Две групи се тепале во скопски Сингелиќ, а во насилството биле употребени и кундак од пиштол и метален предмет. Инцидентот се случил вчера доцна попладнето.  – На 18.08.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 18:45 часот на плац во населба Сингелиќ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и […]