Лазаров ги одбра ракометарите за евроквалификациските дуели со Луксембург и Турција


Деветнаесет ракометари од домашното првенство и двајца интернационалци се најдоа на списокот што селекторот Кирил Лазаров го објави денеска за двата априлските натпревари на македонската машка ракометна репрезентација против Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024. Македонската репрезентација на 26 овој месец гостува во Луксембург, а завршниот натпревар во рамки на квалификациската група 1 ќе […]

Вардар 1961 му се приклучи на Еурофарм Пелистер на Ф4 во СЕХА Лигата


Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа на фајналфор турнирот во регионалната СЕХА Лига, откако попладнево триумфираа и на реваншот против Војводина во Нови Сад со 32-26. Македонскиот првак дојде до втората победа во четвртфиналната пресметка со шампионат на Србија со пресврт, откако Војводина на полувреме замина со предност од 15-11. На првиот натпревар во Скопје ракометарите на петкратниот освојувач […]

РК Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во полуфиналето на СЕХА


Ракометарите на Еурофарм Пелистер неочекувано лесно и убедливо го совладаа Татран Прешов со 36:26 и обезбедија пласман во полуфиналните натпревари од ракометната СЕХА лига. Битолчани првиот натпревар го завршија со 8 голови предност (37:29), а попладнево во Прешов, домашниот тим го совладаа со 10 голови предност, односно 36:26. Пред реванш средбата тренерот Александар Јовиќ најави […]

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш


Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.   По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и […]

Еурофарм Пелистер: Индивидуи под дејство на алкохол или други опојни средства го деградираат македонскиот спорт


Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи.   Во продолжение соопштението на битолчани го пренесуваме во целост:   РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа […]

Дербито Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер во сенка на инцидент: Наместо ракометарите, се пресметуваа навивачите


Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер го доби актуелниот ракометен првак со 31-24 (13-10 на полувремето), но натпреварот беше во сенка на инцидентот предизвикан од навивачки групи поради што имаше прекин поради сериозни инциденти предизвикани од навивачите.  Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински […]

Втор пораз за македонските ракометари од Португалија во квалификациите за Еуро 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гостувањето кај Португалија во натпревар од 4. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство 2024. Домаќините победија со 32:27 и уште еднаш покажаа дека во моментов се поквалитетна репрезентација. Во четвртокот во Скопје, Португалија славеше со 29:23. На вечерашниот натпревар во Порто најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип […]

Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме). Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024. Гостите од Португалија во Скопје дојдоа како фаворити и ја оправдаа таа улога, иако и „црвено-жолтите“ имаа свои моменти па и […]

Македонската ракометна репрезентација домаќин на Португалија во квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечер од 19 часот ја пречекува Португалија во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024. Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кирил Лазаров се соочува со проблеми поради неколкуте отсуства на […]

Во земјотресот загинаа капитенот на ракометната репрезентација на Турција, Кемал Кутахја и неговиот син


Турската ракометна федерација (ТХФ) соопшти дека капитенот на машката репрезентација Кемал Кутахја и неговиот син Чинар Кутахја загинале во земјотресите во Кахраманмараш. По неколкудневна потрага, телата на Кемал и неговиот син Чинар беа извлечени од урнатините во градот Кахраманмарас, по земјотресот што го опустоши југот на Турција. Неговата сопруга која е во четвртиот месец од […]

Данска прв финалист на Светското првенство во ракомет


 Данска ја совлада вечерва Шпанија со 26-23 во првото полуфинале на 28. Светско првенство во ракомет и во финалето в недела ќе ја брани титулата освоена на Мундијалот пред две години во Египет. Данците од самиот почеток остварија предност од четири голови и на полувреме заминаа со водство од 15-10. Предноста од пет голови ја […]

Начевски и Николов ќе судат големо дерби на СП: Франција – Шпанија


Македонската судиска двојка доби нова задача на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат дербито меѓу Франција и Шпанија. Ова е последен меч од главната рунда во рамките на групата 1. Двете селекции имаат по четири победи од стартот на Мундијалот и победникот ќе стартува […]

Македонските ракометари со три порази завршија на последното место во Ф-групата


Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35. Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза. И покрај најавите дека „црвено-жолтите“ […]

Аргентина води убедливо на полувреме, македонските ракометари со слаба игра


На македонскиот национален тим му треба чудо за да се пласира во главната групна фаза. По првите триесет минути нашите најдобри ракометари заостануваат зад Аргентина со 11-18 и пак скапо ги чини лошиот прв дел од полувремето. Нашиот стручен штаб се одлучи за Петров на местото на Младеновиќ за разлика од дуелот против Холандија, а […]

Лазаров и Митревски: Имаме шанси против Аргентина


По двата воведни убедливи порази од Норвешка и Холандија, македонската ракометна репрезентација утревечер (18 часот) во Краков е пред императив да ја совлада Аргентина во последното коло од групата Ф и со победа да избори пласман во главната рунда од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. – Дојдовме тука со цел да ја […]

СП 2023: Норвешка пресилна за македонските ракометари


  Големиот фаворит Норвешка не дозволи изненадување и ја совлада македонската репрезентација со 39:27 во првото коло Ф-групата на Светското ракометно првенство 2023. На натпреварот одигран вечерва во „Таурон арена“ во Краков победникот беше познат уште по првото полувреме. Отпорот на избраниците на селекторот Кирил Лазаров траеше дваесетина минути, а потоа норвешките ракометари со серија […]

Талески: Норвешка е голем фаворит, но ние не се плашиме од никого


Левиот бек на македонската ракометна репрезентација, Филип Талески, во пресрет на почетокот на Светското првенство 2023, најави борбена игра и максимално залагање против секој ривал на фаворитскиот статус. – Имаме тешка група, но нема да се предадеме против никого. Добро се подготвивме за овој Мундијал. Наш прв противник е Норвешка која е фаворит за злато, […]

Лазаров: За неколку години ќе играме скандинавски ракомет


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, очекува добри игри на претстојното Светско првенство и дека со напорна работа може да се дојде до резултати. Тој смета дека сегашниот состав има перспектива и дека долги години ќе игра заедно. Очекува по неколку години да се достигне скандинавскиот стил – брз ракомет и многу трчање. – […]

„Сложно и сѐ е можно“: „Скопско“ и РФМ повикуваат да навиваме на Светското во ракомет


„Навиваме сложно и сѐ е можно“ е главната навивачка порака која „скопско“ ја испрати за поддршка на нашите ракометари, кои повторно ќе заиграат на Светско, овој пат во Шведска и Полска, од 12 до 29 јануари 2023. Како горд поддржувач на македонската ракометна репрезентација и важен „играч“ во сите навивачки и славенички моменти, „скопско“ ја […]

Младите ракометари поуспешни од ветераните (галерија)


  Актуелните македонски ракометни репрезентативци и ветераните вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ одиграа ревијалниот натпревар со хуманитарен карактер. Сите приходи од билетите за овој ракометно-музички спектакл „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село. Победија актуелните репрезентативци со 25:21. Пред полните трибини (околу 6.000 гледачи) продефилираа поранешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, […]