ЕХФ го исфрли Вардар од Лигата на шампионите


Се исполнија најавите од пред неколку дена, дека македонскиот ракометен првак Вардар ќе остане без место во Лигата на шампионите поради неисполнети финансиски обврски. Ова денес преку својот сајт го потврди Европската ракометна федерација (ЕХФ). – Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, на 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 […]

„Балканхендбол“: Вардар го губи местото во Лигата на шампионите


Реномираниот специјализиран за ракомет портал „Балкан-хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ)  донела одлука да му забрани на македонскиот првак Вардар настап во Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023. Како причина за ваквата одлука ја наведува несредената финансиска ситуација, која пак го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување. […]

ЕХФ: Кирил Лазаров се пензионира, неговото наследство останува засекогаш


Европската ракометна федерација во вторникот на нејзинтата официјална интернет страница објави текст посветен на македонскиот ракометен великан Кирил Лазаров, по објавувањето дека става крај на неговата играчка клупска кариера. Текстот е полн со податоци и го пренесуваме во целост:   Ракомет без Кирил Лазаров? Тешко да се замисли! Но, 42-годишната икона на спортот ќе ја […]

Лазаров објави крај на кариерата


 Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров денес објави дека ја завршува професионалната кариера како играч. Тој преку социјалните мрежи ја образложи својата одлука. Во продолжение во целост го пренесуваме обраќањето на Лазаров: – Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што […]

Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации


Ракометната Федерација на Македонија денес соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот директор на машките и женските репрезентации Левче Китевски. Двете страни взаемно се спогодија за прекин на соработката. – Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации, стои во […]

Јубилејна 15. ракометна титула за Вардар


Ракометарите на Вардар 1961 ја одбранија домашната титула, откако попладнево во својот завршен натпревар сезонава во македонската Суперлига го совладаа Тиквеш на домашен терен со 37-25 (18-10) во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Ова е јубилејна 15. македонска титула за „црвено – црните“, освоена во неизвесна трка со единствениот конкурент Еурофарм Пелистер, кој повторно мораше […]

Вардар го победи Еурофарм Пелистер, на чекор да ја одбрани титулата


Екипата на Вардар 1961 во дербито на македонската ракометна Суперлига во салата „Боро Чурлевски“ со резултат 23:26 (11:11) го совлада Еурофарм Пелистер. Пред овој меч битолчани беа во „пол-позиција“ за шампионската титула, но играчите на Давид Дејвис се надминаа себеси и сега се на пат да го одбранат тронот. Кај стрелците во победничките редови доминираше […]

Битола подготвена за големото ракометно дерби


Македонскиот ракометен шампионат се ближи кон својот крај, а исходот за тоа дали Вардар ќе ја одбрани титулата или Еурофарм Пелистер ќе го преземи тронот во голема мера ќе биде познат вечер по одигрување на големото дерби закажано за 19 часот. Домаќините се подготвени, салата е целосно распродадена, а во неа се очекува да присуствуваат […]

Ракомет: Сениорките против Франција, Холандија и Романија на ЕП 2022


Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија. На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи: А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, […]

Мукаетов останува на чело на РФМ


Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува функцијата и покрај неодамнешните најави за негово повлекување. Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор на РФМ ги информира присутните дека последните случувањата во македонскиот ракомет го премислиле и дека останува со посветена работа да се постигнат нови успеси. – Пред […]

Стоилов: Со гордост го носев дресот на Македонија


Пивотот Стојанче Стоилов синоќа го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес. Тој по големата победа над Чешка и обезбедениот пласман на Мундијалот следната година, ја соопшти одлуката дека се повлекува од репрезентацијата, оставајќи простор на помладите. – Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со […]

Македонските ракометари се пласираа на Светското првенство 2023


Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25. „Црвено-жолтите“ френетично бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта, континуирано учество на големите натпреварувања. Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип […]

Македонските ракометари испуштија победа на гостувањето кај Чешка


Чешка– Македонската ракометна репрезентација синоќа одигра нерешено 24:24 со Чешка во Злин во првиот натпревар од пресметката за пласман на Светското првенство 2023. „Црвено-жолтите“ и покрај тоа што имаат поволен резултат пред возвратниот меч во Скопје, можат да жалат за испуштената победа, бидејќи на полувреме водеа со 13:10, во еден момент водеа со седум разлика […]

Македонските ракометари вечерва го играат првиот од двата натпревара со чешка во баражот за СП


– Македонската ракометна репрезентација вечер гостува кај Чешка во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство 2023. Селекторот Кирил Лазаров верува дека со максимална ангажираност негова и на неговите избраници може да се дојде до добар резултат пред реваншот во Скопје. Лазаров кој ќе ја има и улогата на капитен на теренот, смета дека […]

Лазаров одлучи со кои ракометари ќе отпатува за Злин


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Злин на првиот бараж-дуел со Чешка за пласман на Светското првенство 2023. Од 23 ракометари кои се подготвуваа, петмина остануваат во Скопје да ја чекаат следната шанса. Во Злин ќе патуваат: голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски крила: Гоце Ојлески, […]

Пуштени во продажба влезниците за дуелот на македонската ракометна репрезентација со Чешка


Ракометната федерација на Македонија денес ги пушти во продажба влезниците за дуелот на сениорската селекција со Чешка. Средбата ќе се игра на 17 април со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.Ова ќе биде реванш од бараж за пласман на Светското првенство 2023. Продажбата на влезници се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ), а влезници можат да […]

Македонските ракометари во група со Португалија во квалификациите за ЕП 2024


Европската ракометна федерација (ЕХФ) вечерва со жрепка во Берлин ги одреди квалификациските групи за пласман на континенталниот собир 2024 година. Македонските ракометари ќе играат во групата 1 против Португалија, Турција и Луксембург. Квалификациите почнуваат во октомври, а Европското првенство ќе се одржи од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија. Пласман во завршницата ќе […]

Македонските ракометари обезбедија финале против Чешка во мундијалскиот бараж


 Македонската ракометна репрезентација загуби вечерва на реваншот против Романија во Букурешт со 24-22 (12-12), но ја зачува предноста од осум голови стекната на првиот натпревар на домашен терен и ќе игра против Чешка во финалето од мундијалскиот бараж за пласман на Светското првенство 2023. Македонските ракометари го контролираа резултатот во првото полувреме и постојано беа […]

Квалификации за СП: Македонските ракометари обезбедија плус осум за реваншот со Ромaнија


Македонската машка ракометна репрезентација ќе брани предност од осум голови разлика на реваншот од полуфиналниот мундијалски бараж во Букурешт, откако вечерва со фуриозна игра во завршните 15 минути триумфираше во Скопје над Романија со 30-22 (16-13). Македонските ракометари добро го отворија натпреварот и по девет минути игра имаа предност од четири голови разлика (7-3). Уследи […]

Од денеска билети за мундијалскиот бараж на македонските ракометари против Романија


Навивачите на македонската ракометна репрезентација од денеска можат да купат билет за мундијалскиот бараж против Романија што ќе се одигра в четврток во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 19 часот. – Продажбата на влезници за натпреварот започнува денеска напладне и билетите можат да се набават електронски преку интернет страницата на МК Тикетс, како и на сите продажни места […]