Два слободни дена за македонските ракометни репрезентативци


Машката ракометна репрезентација за Нова година ќе има два слободни дена во периодот на подготовки за претстојното Европско првенство во Хрватска 2018. Следниот собир селекторот Раул Гонзалез го закажа за 2 јануари. На подготовките на македонската репрезентација се наоѓаат 21 играч, а според селекторот така ќе се тренира и до последниот ден пред заминувањето за […]

Ракометарите од денеска во комплетен состав: Агендата на Раул како устав на подготовките


Македонската ракометна репрезентација, конечно, се комплетира на подготовките за Европското првенство во Хрватска. Во базата се приклучија и Филип Миркуловски и Филип Талески, па селекторот Раул Гонзалез ќе може без никакви пречки да почне со реализација на зацртаната агенда до првиот настап во арената во Загреб. Фокусот во воведните денови е ставен на физикусот за […]

Ракометно ЕП 2018: Со Македонија во загрепска арена од 110 до 175 евра


Од 110 евра до 175 евра чини блок влезници за мечевите на ракометната репрезентација на Македонија во групната фаза на Европското првенство во Хрватска. Разликата во цена е во зависност од местоположбата на трибините во загрепска арена пришто најниската се однесува на поглед зад головите. Понудата е кај дел од овдешните туристички агенции, но има […]

Манасков останува во Веспрем до 2020 година


Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, ја продолжува соработката со унгарскиот тим Веспрем до 2020 година. Откако Манасков мина една година во Вардар, а потоа и во германскиот Рајн Некар,  крилниот ракометар изминатото лето потпиша договор со Веспрем, со важност до 2018. По прикажаното во првиот дел од сезоната, раководството на унгарскиот тим реши на Манасков да […]

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира


Машката ракометна репрезентација на Македонија полека почнува да се комплетира. На денешниот тренинг во СЦ „Јане Садански“ беа присутни 13 ракометари, кои ги започнаа подготовките за Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Хрватска. Комплетирањето на тимот се очекува во понеделник, за кога е закажана и првата прозивка на селекторот Раул Гонзалес. Откако […]

Избор на „Хандбал Планет“: Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година


Голманот на Вардар, Арпад Штербик беше избран за најдобар ракометар на светот во 2017 година, од страна на специјализираниот ракометен сајт „handball-planet“. Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, како и повеќе од 100.000 посетители на сајтот. Зад Штербик е извонредна сезона со Вардар. Тој имаше голема заслуга за историската прва титула во […]

Лига на шампиони во ракомет: Металург поразен од Спортинг во Лисабон


Спортинг Лисабон му нанесе седми пораз на Металург во Лигата на шампиони во оваа сезона. Португалскиот состав го совлада вицепрвакот на Македонија со 31:27 (полувреме 12:15) во натпревар од десеттото, последно, коло во групата Д. Домашниот ракометар Пасарин беше најефикасен на натпреварот со седум гола. Најголема поддршка притоа имаше од Марцо и Портела кои постигнаа […]

Ракометарите на Вардар го декласираа Кристијанштад во Лигата на шампиони


Актуелниот европски и македонски шампион Вардар делуваше моќно на вечерашниот дуел со шведски Кристијанштад завршувајќи ја 2017 година со убедлив триумф од 31:15. За „црвено-црните“ ова беше осма победа во 10. настап сезонава во Лигата на шампионите. Отпорот на Швеѓаните во СЦ „Јане Сандански“ траеше само тринаесетина минути, по што проработи вардаровиот напад, а одбраната […]

Дувњак се враќа на терен


По речиси осуммесечна пауза поради повреда, хрватскиот ракометар Домагој Дувњак се враќа на теренот. Некогаш најдобриот и најплатен ракометар на светот, вечерва ќе настапи за својот Кил во натпревар од германското првенство против Хатенберг. Идниот месец, Дувњак ќе ја предводи хрватската репрезентација на Европското првенство, кое се оддржува во неговата земја.

Ракомет (ж): Стартува СП во Германија, Норвешка ја брани титулата


Од денеска, па до 17 декември во шест германски градови ќе се играат натпреварите на 23-то Светското првенство за ракометарки. Дваесет и четирите репрезентации се поделени во четири групи. Пласман во следната осминафинална рунда ќе обезбедат првите четири селекции од секога група, додека петто и шесто рангираните ќе играат за пласман од 17 до 24 […]

Челинџ куп: Еурофарм Работник се пласира во осминафинале


Ракометарите на Еурофарм Работник обезбедија пласман во осминафиналето на Челенџ купот откако и во вториот меч беа подобри од литванскиот претставник Гранитас Каунас. Битолскиот тим по првиот меч кој го доби пред својата публика со 28:24 денеска беше и поубедлив на гостувањето во Каунас каде победи со 29:23, полувреме 11:10. Најефикасни во екипата на Еурофарм […]

Европскиот ракометен првак на ниво: Вардар му зема мерка на Рајн Некар Левен


Вардар го совлада Рајн Некар Левен со 30:26 во дербито на осмото коло во ракометната Лига на шампиони што ЕХФ, патем, го прогласи и за меч на неделата. За европскиот првак ова е седма победа со која се зацврсти на чело на табелата во групата А со 15 бода, четири повеќе од нивниот денешен ривал. […]

Ракомет, ЛШ: Вардарки го збришаа Тирингер


Целта е исполнета. Ракометарките на Вардар го совладаа Тирингер со 29:21 и со максимален ефект и осум бода се селат во главната фаза од годинашната Лига на шампиони (ЛШ). Најефикасна на натпреварот беше Александра Лакрабер со седум гола, Јованка Радичевиќ постигна шест, Полина Кузнецова додаде пет, а Андреа Пенезиќ четири. Гостинскиот состав го предводеше Лузумова […]

Радичевиќ: Играта во одбрана ќе биде клучна за успех против Тирингер


Ракометарките на Вардар утревечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ го дочекуваат составот на Тирингер во последното коло од прелиминарната групна фаза во Лигата на шампиони. Желбата е единствена, се однесува на триумф за задржување на максималниот ефект по шест одиграни кола и пренесување на осум бода во вториот круг. „Црвено-црните“ се фаворитки, го […]