Околу 700 агенти на вештачка интелигенција на Опен АИ извршиле хакирање и се обиделе да ги прикријат трагите


Околу 700 агенти на вештачка интелигенција развиени од Опен АИ (OpenAI) биле вклучени во хакирање на платформата со отворен код Hugging Face во јули, а многу од нив се обиделе да ги прикријат своите активности, покажаа две истраги објавени во среда, објави Ројтерс. Координираните дејствија на толку многу агенти на вештачка интелигенција – програми што […]

„Мета“ се согласи на судска спогодба, воведува измени и ќе плати 16,68 милијарди долари


Мета, американска компанија што ги поседува Фејсбук и Инстаграм, се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави, кои ја обвинија дека ги дизајнирала социјалните мрежи да создадат зависност кај децата.  Спогодбата предвидува дека „Мета“ ќе воведе дневни ограничувања […]

На ова место фрлиле 12.000 тони кора од портокал: 15 години подоцна, сите вчудовидени


Илјада камиони натоварени со кора од портокал и пулпа го исфрлија својот товар на деградирано пасиште во заштитено подрачје во Костарика во средината на 1990-тите. Она што изгледаше како огромна купишта индустриски отпад години подоцна се претвори во нешто сосема друго Приказната започна во 1997 година, кога екологистите Даниел Јанзен и Вини Холвакс смислија необична […]

(Видео) Роботски бокс, фудбал и спринт на Светските игри со хуманоиди во Кина


Во Кина е во тек второто издание на Светските игри со хуманоиди. Натпреварот, кој започна во саботата, ќе трае пет дена и веќе вклучува робот кој трча побрзо од светскиот рекорд на Усеин Болт во спринт на 100 метри. На друго место на настанот во Пекинг, робот ја изведе иконската прослава „Siuuu“ на Кристијано Роналдо […]

Мајка и син, архитекти од Исланд, имаат футуристичка идеја за користење лава


По серија вулкански ерупции во близина на еден рибарски град во Исланд, двајца архитекти развиваат необична, футуристичка идеја за искористување на огромните полиња со лава со претворање на стопена карпа во градежен материјал. Од декември 2023 година, девет вулкански ерупции се регистрирани во близина на крајбрежниот град Гриндавик, принудувајќи ги жителите редовно да ги напуштаат […]

Новиот асфалт ги лади градовите и подобро ја одводнува водата: Решение за жешки лета и поплави?


Веќе не е само црна површина: Новиот асфалт решава два големи проблеми одеднаш. Класичниот црн асфалт е стандард на патиштата со децении, но има голем недостаток – акумулира огромни количини топлина за време на летните горештини. Кога температурата на воздухот ќе достигне 40 степени Целзиусови, површината на асфалтот може да се загрее до повеќе од […]

НАСА ја откажува мисијата за спасување на опсерваторијата „Свифт“ што паѓа кон Земјата


Американската вселенска агенција НАСА ја суспендираше мисијата за спасување на опсерваторијата Нил Герелс Свифт и нејзино подигнување на повисока орбита, за да се врати во атмосферата на Земјата и да изгори подоцна оваа година. НАСА објави дека вселенското летало LINK на Katalyst Space нема да се спои со сателитот и да го подигне на поголема […]

Нови правила во ЕУ: Производителот треба да ја поправи расипаната машина за перење или да ја продолжи гаранцијата


Наместо веднаш да се фрлаат расипаните производи, особено апарати за домаќинство, новите правила на ЕУ поттикнуваат поправка, при што производителите преземаат голем дел од одговорноста. Често се случува да е поисплатливо да се фрли расипан или неисправен производ и да се купи нов отколку човек да се мачи со поправки. Сепак, ова создава огромни количини […]

Лондон наплаќа за влез на постари возила, научниците изненадени од тоа колку го подобриле здравјето на децата


Зонските ограничувања на загадувањето на воздухот во големите градови можат брзо и значително да го подобрат здравјето на децата, при што белите дробови закржлавени од смог се опоравуваат многу побрзо отколку што се сметаше претходно. Ова е клучниот заклучок на најновата студија објавена во научното списание „Лансет јавно здравје“, која дава најсилни докази досега за […]

Првиот турски смартфон ќе биде пуштен во продажба во почетокот на 2027 година


Анкара-  Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран […]

НАСА го тестира првиот систем за навигација на вселенски летала што работи без GPS


Мисијата „Старлинг“ на НАСА го демонстрираше првиот навигациски систем од ваков вид, кој му овозможува на вселенското летало да ја одреди својата позиција во орбитата со следење на други објекти во вселената, наместо да се потпира на GPS. Системот, наречен FALCON, користи камери што веќе се наоѓаат на вселенското летало за да идентификува други објекти […]

Мистериозни купувачи масовно грабаат стари книги: Веројатно компаниите за ВИ стојат зад тоа


Продавците на книги од втора рака во Велика Британија и Ирска во последните месеци добиваат необични нарачки за стотици, па дури и илјадници, сосема неповрзани наслови. Купувачите плаќаат полна цена и не бараат попусти, а меѓу продавачите на книги расте сомневањето дека книгите завршуваат кај компании кои ги скенираат за да ја користат нивната содржина […]

Во Калифорнија започнува историското судење против „Мета“ за создавање зависност од социјалните мрежи кај децата


Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, се соочува со историска судска тужба во процесот што денеска започнува пред судот во сојузната американска држава Калифорнија, откако адвокатите на двете страни ги соочија аргументите околу клучните сведоци и висината на потенцијалната отштета. Коалицијата од американски сојузни држави ја поднесе тужбата уште во 2023 година, […]

„Епл“ ги менува упатствата за следење по притисокот од Германија и ЕУ


„Епл“ ги менува своите упатства за следење на апликациите за ајфон во европските земји по критиките од регулаторите за конкуренција и отпорот од рекламната индустрија, со што завршува истрагата на германската Федерална канцеларија за картели. Упатствата им овозможуваат на корисниците да спречат апликациите да собираат податоци за нивната активност на други услуги за рекламни цели. […]

„Мета“ на суд: Ако изгуби, Инстаграм и Фејсбук би можеле радикално да се променат


  Судењето, кое е закажано да започне во вторник, е резултат на тужба поднесена во 2023 година од 30 американски држави во која се тврди дека се прекршени бројни федерални и државни закони за приватност на децата. Федералните држави бараат повеќе од милијарда долари отштета од Мета, како и бројни промени на Инстаграм и Фејсбук. […]

(Во живо) Ѕвездена парада на небото – вселената ни приредува спектакл


Астрономски спектакл ја очекува денеска Земјата, затоа што вселената ни закажува видлива претстава, прво со затемнување на Сонцето, потоа со дожд од Персеиди, па порамнување на дури шест планети, а млада Месечина го заокружува доживувањето. Делумно затемнување на сонцето ќе биде видливо во среда навечер и од Македонија, додека жителите на одредени делови од Европа […]

Бучавата од вашиот клима уред често најавува скапа поправка


Во текот на жешките летни денови, клима уредот е еден од најоптоварените апарати во домаќинството. Иако уредот работи тивко и без проблеми, малкумина размислуваат за неговото одржување. Сепак, појавата на необични звуци може да биде првиот знак дека нешто не е во ред. Многу сопственици на клима уреди ги припишуваат непознатите звуци на староста на […]

На 12 август целосно помрачување на Сонцето


Целосно помрачување на Сонцето ќе се случи на 12 август и ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, во Шпанија и во помал дел од Португалија. Многу други места на северната хемисфера тој ден ќе доживеат делумно помрачување на Сонцето, вклучувајќи делови од северниот дел на Соединетите Американски Држави […]

Кина ќе гради станица на Месечината со помош на четириножни роботи


Пред изградбата на Меѓународната лунарна истражувачка станица (ILRS), Кина планира да отвори ново поглавје во истражувањето на вселената со испраќање роботски кучиња, новите и подобрени „најдобри пријатели“ на човекот на површината на Месечината за да спроведуваат истражувања, па дури и да им помагаат на луѓето да се населат таму. Пред тој сон да стане реалност, […]

Нуркачи пронајдоа потонат брод: Кога видов што има на него, срцето ми застана


Спектакуларно откритие се појави од длабочините на Сицилија. Италијанските полициски нуркачи пронајдоа остатоци од римски брод стар повеќе од 2.000 години на длабочина од 46 метри, а она што го пронајдоа на морското дно ги воодушеви археолозите Италијанските полициски нуркачи открија остатоци од брод стар повеќе од 2.000 години покрај брегот на Сицилија, и беа […]