Денеска паѓа рекордот по број на гледачи на ракометот, Македонија игра пред 50.000 навивачи


Во Германија денеска започнува Европското првенство во ракомет, а во центарот на вниманието на стартот ќе биде пресметката на германската и швајцарската селекција која ќе се одигра на фудбалскиот стадион во Дизелдорф, пред рекорден број гледачи. Претходно, на истиот терен ќе се соочат Франција и Македонија. На споменатата средба ќе биде соборен светскиот рекорд по […]

Македонските ракометни кадети минимално поразени од Швајцарија


Македонската машка ракометна кадетска репрезентација загуби попладнево во Скопје од Швајцарија со 27-26 (15-10) во рамки на вториот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.  По стартната победа вчера против Словачка, избраниците на селекторот Наум Танески пред утрешното завршно коло се на делба на второто место со два бода. Лидер е Швајцарија со максимални […]

Лазаров селектираше 19 ракометари за подготовките за ЕП


Селекторот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска го објави списокот со 19 играчи за подготовки за претстојното Европското првенство. Собирот на репрезентацијата со кој ќе биде означен стартот на подготовките е закажан за идната среда во Скопје. На списокот на Лазаров се Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, […]

Ракометарите на Алкалоид со победа над Ла Риоха го завршија учеството во Европската лига


Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје го совлада шпанскиот тим Логроњо Ла Риоха со 28:27. Ова беше натпревар од последното, 6. коло во Ф-групата на ЕХФ Европската лига. Најмногу голови во домашниот состав постигна Марко Митев – 10, значаен придонес имаше голманот Иван Галевски се истакна со 17 одбрани Својата […]

Македонските ракометари ќе „тестираат“ и против Црна Гора пред Европското првенство


 Македонската машка ракометна репрезентација во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, покрај двата закажани контролни натпревари против Грција, ќе одигра пријателски натпревар и против Црна Гора. Натпреварот, како што објави денеска Ракометната федерација на Црна Гора, е закажан за 29 декември на неутрален терен во српскиот град Стара Пазова. По овој дуел, избраниците на […]

Историски прв бод за Алкалоид во евро-куповите


Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид го освои првиот бод на меѓународната сцена. Во својот прв натпревар на гостински терен во ЕХФ Европската лига, избраниците на тренерот Кирил Лазаров, вечерва одиграа нерешено, 29:29 против шпанска Логроњо Ла Риоха. Алкалоид во неколку наврати се враќаше по негатива од три и четири голови, за на почетокот на второто полувреме, […]

Македонските ракометари ќе одиграат четири контролни дуели со Грција


 Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска дека сениорската репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров ќе одигра во претстојните месеци четири пријателски натпревари против Грција. Првите два контролни дуели против Грција избраниците на Лазаров ќе ги одиграат на гостински терен на 3 и 4 ноември. Во рамки на завршните подготовки пред учеството на Европското првенство […]

Светски рекорд: Македонските ракометари ќе играат против Франција пред 50.000 гледачи


Следното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари 2024 година. Најдобрите македонски ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров се наоѓаат во групата „А“ со светскиот вицешампион Франција, домаќинот Германија и Швајцарија. Европското првенство ќе го отвори токму Македонија на 10 јануари против Франција, од 18.00 […]

Стартува новата македонска сезона во ракомет со Еурофарм Пелистер – Вардар 1961


 Со натпреварот за трофејот во Суперкупот, денеска официјално ќе стартува новата македонска сезона во ракомет. Во финалето на Суперкупот ќе играат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на националниот Куп, Вардар 1961. Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи финалето за првиот овосезонски трофеј да се игра во салата „Парк“ во Струмица со почеток во 18 […]

Вардар 1961 остана без групна фаза во Лига Европа


Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа попладнево пораз на реваншот на гостински терен против германски Рајн Некар и останаа без пласман во натпреварите по групи во Лига Европа. Македонскиот тим се најде во невозможна мисија да обезбеди место во групната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување, откако на првиот натпревар во Скопје загуби со […]

Успешен старт на Алкалоид и на Вардар на Струшкиот ракометен турнир


Екипата на Алкалоид со победа над Динамо Панчево го почна настапот на 51. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Ракометарите на Кире Лазаров вечерва во дуелот со српскиот претставник го добија мечот со 27:23 (12:9). По неизвесно прво полувреме и игра гол за гол, вицешампионот на Македонија, одигра одлично во финишот од првиот дел […]

Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал


Македонската машка кадетска репрезентација победнички го заокружи настапот на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска, откако вечерва во дуелот за пласман на 9 .место ја совлада Чешка со 28-22. Македонските ракометари од самиот почеток на дуелот во Копривница беа во водство и на полувреме заминаа со предност од 13-11. […]

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација


Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12 место на Светското првенство за играчи до 19 години. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот. Во групната фаза на […]

Ристовски нов извршен директор, Стоилов помошник-тренер и координатор во Вардар


 Борко Ристовски е нов извршен директор на најтрофејниот македонскиот ракометен клуб Вардар, додека Стојанче Стоилов е назначен за помошник тренер и координатор на младинските категории. За завршувањето на кариерите на Ристовски и Стоилов во ракометот како играчи беше соопштено на денешната прес-конференција на „црвено-црните“. – Борко Ристовски е наша ракометна легенда. Тој добива нова функција […]

Алкалоид во групната фаза, Вардар 1961 во квалификациите за Лига Европа


Актуелниот македонски вицепрвак Алкалоид ќе игра во групната фаза во ракометната Лига Европа, додека двократниот европски шампион Вардар 1961 преку квалификации ќе се обиде да биде вториот македонски тим кој идната сезона ќе настапува во второто по ранг европско клупско натпреварување, одлучи денеска ЕХФ. Вардар 1961 се враќа на европската сцена по пауза од една […]

Познати сите учесници во ракометната Лига на шампиони


 Македонскиот првак Еурофарм Пелистер идниот вторник ќе ги дознае противниците во групната фаза во ракометната Лига на шампиони, откако Управниот одбор на ЕХФ ги комплетираше сите 16 учесници и ја закажа жрепката за новата сезона за 27 јуни. Место во Лигата на шампиони од претходно обезбедија Еурофарм Пелистер, дански ГОГ, шпанска Барселона, француски ПСЖ, германските […]

Дуелот на македонските ракометари со Франција го отвора ЕУРО2024


Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го одреди распоредот и локациите на кои ќе се игра ЕУРО2024 кое ќе биде отворено со дуелот меѓу македонската ракометна репрезентација и Франција на 10 јануари идната година. Натпреварот на македонските ракометари против трикратниот европски првак ќе се игра во Меркур – Шпил Арена во Дизелдорф со почеток во 18:00 […]

Македонија против Германија, Франција и Швајцарија на ЕП во ракомет


Македонија доби тешка ждрепка за настап на Европското првенство во 2024 во Германија, па така, нашите ракометари ќе се борат против Франција, Германија и Швајцарија. Имајќи предвид дека со новиот систем на натпревари на Европските првенства, само првите две селекции од секоја група продолжуваат понатаму, ова ќе биде пеколен предизвик за Кире Лазаров и неговите […]

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути


Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите. – Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан […]

Македонија со победа над Турција го потврди пласманот на Европското првенство


Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Турција со 30:27. Со оваа победа го потврди пласманот на Европското првенство во 2024 година. Денешниот натпревар во „СЦ Борис Трајковски“ беше и последен во репрезентативната кариера на Гоце Георгиевски. Во финишот за победа блескаа Марко Митев и Мартин Томовски. Пред почетокот на денешниот натпревар, РФМ му додели дрес […]