Изгасен пожарот на депонијата во Арачиново, предизвикан од запален сончоглед


По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново, иако на терен и денеска може да се забележи чадење од неколку места. – Благодарение на навремената интервенција и пожртвуваноста на скопските пожарникари, успеавме да ја ставиме ситуацијата под контрола. Огнот е изгаснат, но чадот што и […]

ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода


Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на […]

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола.  Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково […]

Запалени два сервиса за возила во поранешна „Стаклара“ пред Пинтија


Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.  Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот. На терен интервенирале осум противпожарни возила. „После целовечерна борба […]

Тошковски: Граѓаните во непосредна близина на пожарот во Трубарево да ги напуштат домовите


Поради зголемено загадување на воздухот, денеска на граѓаните кои живееле во непосредна близина на пожарот што зафати објект во скопско Трубарево, им било препорачано да ги напуштат своите домови, соопшти вечерва на прес конфернција министерот за внатрешни работи Панче Топшковски кој е на чело на Управувачкиот комитет во кој се и министрите за здравство, за […]

Институтот за јавно здравје со општи препораки за заштита, никој не соопшти што точно гореше во Трубарево и колку е опасно


Институтот за јавно здравје попладнево излезе со општи препораки за заштита на населението во случаи кога постои опасност од загадување на воздухот. До сега ниту една инситуција во држата не излезе со конкретни информации што точно гореше во Трубарево и колку е тоа опасно по здравјето на луѓето, иако темниот облак од пожарот се рашири […]

Филипче побара институциите да излезат со информации за пожарот во Трубарево: Срамен е молкот


Претседателот на СДСМ, Д-р Венко Филипче, преку својот профил на Фејсбук упати јавна реакција за пожарот во фабрика за акумулатори во Трубарево и за потенцијалната опасност по здравјето на граѓаните.   „Институциите итно мора да излезат со точни податоци дали и колку е загаден воздухот во и околината на Трубарево. Страшен е молкот и доцнењето […]

Ова е хибриден напад врз државата: Стојанче Ангелов се сомнева дека пожарите се подменати (видео)


Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи […]

(Фото) Темниот облак од пожарот во Трубарево надвисна над Владата


Темниот облак од пожарот во Трубарево се рашири над главниот град Скопје. Ветерот го насочи кон запад, па облакот се надвисна и над зградата на Владата. Миризбата на изгорено се чувствува насекаде, велат скопјани. Засега нема официјални информации за тоа што гори, и дали облакот со себе носи опасни материи. Од Шанса за Центар преку […]

Сѐ уште гори во Дрисла, активни пожари и кај Никуштак, Булачани и во струшко Татеши и Еленкамен


– Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопштиЦентарот за управување со кризи. Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга. Под контрола се пожарите во […]

ЦУК: Македонија под огнена стихија, активни пожари во Липково, Гази Баба, Дрисла и Струга


На територијата на цела држава денес до 20 часот беа евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор. Четири од нив и натаму се активни и предизвикуваат најголема грижа, два се ставени под контрола, додека пожарникарите успеаја да изгаснат дури 18 огнени жаришта. Најголемиот проблем во моментов е во Липково и Гази Баба, каде што пламенот […]

Пожарот во „Дрисла“ го гасат десет противпожарни возила, а две цистерни на ЈП „Комунална хигиена“ носат вода


Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“ кој избувна попладнево. Како што информираше за медиумите Звонко Томевски, командант на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, била побарана помош и од ЈП „Комунална хигиена“ од каде што се пратени две цистерни за дотур на вода, тие се на локацијата и ги дополнуваат противпожарните возила. […]

Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла


Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла, објави попладнево во Вибер група, Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.  „Повеќе информации од командатот на БППЗ Скопје, Звонко“, додаде Ангелов (Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, заб).  Ангелов вели дека пожарот  не е алармантен. БППЗ Скопје работи на негово гаснење. Гаснењето на било која депонија […]

Во пожарот кај Раштак изгореа помошни простории за чување живина и алат


Во неделата, во 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај селата Раштак и Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и др., сопственост на Н.М.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата […]

ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие


 Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, […]

Пожар во Вардариште, цела Општина Аеродром без струја


Поради пожар на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект исклучена е струјата за корисниците на Аеродром и Лисиче, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Во моментот интервенираат 13 пожарникари со пет противпожарни возила. Исклучени се далекуводите за Аеродром и Лисиче заради пожарот, се наведува во соопштението. Од […]

Девет полицајци на токсикологија, се надишале чад при евакуација на салата „Борис Трајковски“


Денеска околу 16 часот во непосредна близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје настанал пожар, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „И покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на […]

Ангелов: Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола


Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Пожари избиле на следните локации: Општина Сарај, с. Крушопек, кон падините на Водно, беше зафатена ниска вегетација и мешана шума,  Општина Карпош кај спортската сала Борис Трајковски (ниска вегетација), Општина Гази Баба, с. Виниче и Црешево (ниска […]

Уште гори кај Тиквешкото Езеро и кај Долгаец


На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК.  Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица „АСНОМ“ каде […]