Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонг Конг се зголеми на 146


Бројот на жртви од разорниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонг Конг минатата недела повторно драстично се зголеми. Локалните медиуми, повикувајќи се на податоци на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128. Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат опожарените станбени […]

Огромен пожар во хемиска фабрика; Се слушаат експлозии: Гасењето може да трае со денови


Голем пожар избувна денес во хемиска фабрика во западниот дел на Сиднеј, објави Австралиската противпожарна служба на својата веб-страница. Повеќе од 185 пожарникари од Противпожарната и спасувачка служба на Нов Јужен Велс (FRNSW) се борат со масовен пожар во фабрика и вонредна состојба со опасни материјали во Норт Сент Мерис во западниот дел на Сиднеј. […]

Пожар во хотел во Турција, повеќе од 150 гости евакуирани


Повеќе од 150 гости на хотел во Ескишехир, западна Турција, беа евакуирани по избувнување на пожар во кујната на хотелскиот ресторан, јави весникот „Сабах“. Чадот од пожарот го зафати хотелот и соседните објекти, предизвикувајќи паника меѓу гостите. Двајца вработени се повредени поради вдишување чад и се пренесени во болница, но според официјалните информации, нивните животи […]

Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица


Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти на денешната прес-конференција. Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време (02:18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за […]

Големиот пожар во Хонг Конг проголта најмалку 44 животи


Најмалку 44 лица загинаа во големиот пожар во неколку станбени блокови во Хонг Конг, 45 лица се во сериозна состојба, а уште 279 се уште се водат како исчезнати, соопштија властите во Хонг Конг рано утрово. Ова значително го зголемува бројот на жртви по катастрофалниот пожар во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во областа Таи […]

Ужас во Хонгконг, горат облакодери: Загинаа најмалку четворица (видео)


Најмалку четири лица загинаа во пожар што зафати неколку станбени згради во Хонгконг. Снимките покажуваат пламен и чад што се издигаат од кулите, каде што се верува дека се заробени неколку луѓе. Се верува дека пожарот се проширил низ бамбусовите скелиња од надворешната страна на зградите, а службите за итни случаи се на местото на […]

(Видео) Голем пожар во магацин во Лондон – 150 пожарникари на терен


Голем пожар избувна во зграда во магацин во западен Лондон во четврток наутро, при што околу 150 пожарникари се бореа со огнот. 25 противпожарни возила беа испратени за интервенција на Бриџ Роуд во областа Саутхол, а причината за пожарот сè уште е непозната, објавува Sky News. 🚨BREAKING: MULTIPLE EXPLOSIONS HEARD AND HUGE FIRE BREAKS OUT […]

Изгоре балканскиот ноќен клуб во Виена


Пожарот го  зафати објектот на ноќниот клуб „Вилиџ“ во Виена, а во гасењето учествуваа 88 пожарникари со 23 возила. Балканскиот ноќен клуб  „Вилиџ“ се запали вчера во Виена, а австриските медиуми објавија дека е целосно изгорен. Како што објавија медиумите, пожарот избувнал во утринските часови додека ноќниот клуб на улицата „Даумегасе“ бил затворен. Причината за […]

Пожар во густо населена област во Јапонија: Едно загинато лице, уништени над 170 домови


Едно лице загина, а цела станбена област е претворена во пепел по силниот ноќен пожар што го зафати јапонскиот град Оита. Телото пронајдено утрово сè уште се идентификува, но полицијата проверува дали станува збор за 76-годишниот маж кој се води како исчезнат. Повеќе од 170 домови се уништени или тешко оштетени во огнената стихија што […]

Беше симбол на Загреб. Стана „град на духови“ што потсетува на смртта на весниците


Кратко пред полноќ, во облакодерот „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб избувна голем пожар кој речиси ја пеплоса познатата зграда, еден од симболите на градот. Во гаснењето на пожарот се вклучија бројни противпожарни екипи, а ангажирана е и значајна опрема за неговото гаснење.  Пожарот беше повод хрватскиот портал Индекс да реобјави авторски текст на Дубравко […]

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник


Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот. -На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево. […]

Гори зградата на факултетот во Варшава, наредена итна евакуација


  Денеска во зградата на Геолошкиот факултет при Универзитетот во Варшава избувна пожар откако се запали електрична разводна табла.   Околу 200 луѓе беа евакуирани откако еден од техничките работници пријави чад, соопшти Општинскиот штаб на Државната противпожарна служба, објави Радио Варшава. Се забележува дека на местото на пожарот биле испратени 24 пожарникари. Во инцидентот […]

Шест жртви во пожар во магацин за парфеми во Турција


 Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција. Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми. Засега нема информации за тоа што […]

Почина уште едно лице од пожарот во Тузла, бројот на жртви се зголеми на 12


  Пожарот кој избувна синоќа во Домот на пензионери во тузла, БиХ, зеде уште еден живот.   Човекот починал во Универзитетскиот клинички центар во Тузла. Со тоа, бројот на жртви се искачи на 12, а повредени се 35 лица, меѓу кои пожарникари и полицајци.   Како што претходно изјави главниот кантонски обвинител Ведран Алиџановиќ, четири […]

Изгореа викендичка во Долна Матка и кафеана во Гази Баба


Вчера, во пожар изгореа викендичка во Долна Матка и угостителски објект на подрачјето од Гази баба, соопшти полицијата. Имено, во неделата во 16:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Долна Матка, скопско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Ј.Д.(71) од Скопје. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, […]

Во пожар во Малиќ, Албанија загинаа мајка и син, шестгодишно дете се бори за живот


Трагичен настан го потресе градот Малиќ, во регионот Корча, но и пошироката албанска јавност, по веста дека во пожар во нивниот дом, животот го загубиле мајка и малолетен син, додека уште едно дете се здобило со тешки изгореници и се бори за живот. -Пожарот избувнал околу 13:30 часот во семејна куќа сопственост на В.А. во […]

Ниту еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не признава вина


Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 64 лица и над 200 беа повредени, не признал вина во фазата на оценка на обвинението. Во документ од 117 страници, дури 109 се посветени на приговорите на одбраната, кои тврдат дека делата се од предолг период и дека недостасуваат надлежности и […]

Украина со дронови нападна една од најголемите руски рафинерии, во близина на Санкт Петерсбург


Во една од најголемите руски рафинерии за нафта во градот Кириши во близина на Санкт Петерсбург избувна пожар по украински напад со беспилотни летала, потврди денеска гувернерот на регионот Александар Дрозденко. Пожарот во индустриската зона на градот Кириши е изгаснат, а противвоздушната одбрана собори седум беспилотни летала, објави Дрозденко на Телеграм. Ова е втор напад […]

Огромен пожар во рафинерија на „Шеврон“ близу Лос Анџелес


Пожар избувна синоќа во нафтената рафинерија на „Шеврон“ во Ел Сегундо, во близина на Лос Анџелес. Според локални медиуми, огнените јазици се гледале од километри. Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови. Според градоначалникот, пожарот утринава е локализиран и не претставува закана за јавната безбедност, а евакуации не биле наредени. „Пожарот сè уште […]

Најмалку 11 загинати во пожар во фабрика во Египет


 Најмалку 11 лица загинаа во пожар што избувна во фабрика за текстилно боење во градот ал-Махала ал-Кубра, во делтата на Нил, соопштија денеска локалните власти. Во несреќата, која предизвика делумно уривање на фабричката зграда, повредени се уште 33 лица. Се води потрага по можни преживеани. Причината за пожарот сè уште не е позната. Приватниот весник […]