ЦУК: Еден активен пожар, пет се под контрола


Заклучно со 8:30 часот утринава на територијата на државава има еден активен пожар, а пет се ставени под контрола. Активен е пожарот во Општина Кавадарци во близина на Тиквешкото Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат оттаму под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод […]

Веќе 19 дена гори во Шпанија: Пожарот излезе од контрола


Иако ситуацијата со шумските пожари во Шпанија е во голема мера под контрола, сè уште има сериозни жаришта, а загрижувачка е ситуацијата во Луго и Леон. Во Галиција, пожарот во Карбаљеда де Валдеорас, кој зафати 5.000 хектари, беше локализиран синоќа околу 21 часот, додека два пожара се активни – А Побра до Брољон во Луго, […]

ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати


Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на државава денеска до 18:15 часот се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати.  Активни пожари се пријавени во Прилеп, во селото Радобил каде гори ниска вегетација и шума, Врапчиште, во […]

Пожарите кај Јасен, Кожуф и Долгаец се ставени под контрола, во моментов нема активни пожари


Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територијата на државата регистрирани се вкупно четири пожари на отворен простор, од кои еден е изгаснат, додека три пожари се ставени под контрола. Како што стои во соопштението од ЦУК, под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде горело мешана […]

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“


Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).  – Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè […]

Гори објект во сопственост на „Макотекс“ во Карпош 4


Голем пожар денеска околу пладне зафати објект во скопската населба Карпош. Се работи за простории кои порано биле во сопственост на „Макотекс“, а сега, според првични информации, служат како сервис за возила. Засега нема информации дали во моментот на избувнувањето имало луѓе во објектот. Причините за пожарот не се познати. Видео од местото ја прикажува […]

Албанија – црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште


Досега во пожарите што ја зафатија Албанија опожарени се 55.154 хектари земјиште, со што земјата продолжува да биде на прво место во регионот по вкупно изгорени површини.  -2025 година го регистрира најцрниот рекорд за штети предизвикани од пожари во последните пет години. Минатата година, во земјата беа изгорени 46.623 хектари, додека претходните години имаше пониски […]

Пожарникари на ДПД Кочани после обука во Србија интервенираа на пожар кај Табановце


Седумчлена екипа на Доброволното против пожарно друштво од Кочани од 15 до 17 август присуствуваше на дводневна обука во Србија, во организација на Рускиот хуманитрен центар кај северниот сосед и ДВД „Стефан Синџелиќ“ од Ниш. Доброволците од Кочани собираа искуство во прва помош, во спасување на вода и ракување со чамец и скутер на вода […]

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје


Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште останува затворен за секаков вид на возила, соопшти АМСМ Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на […]

(Видео) Страшна сообраќајка во Грција: Судар на камион и автомобил предизвика пожар, изгореа три лица


Три лица загинаа, а неколку други беа повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Егнација во близина на Комотини, во североисточна Грција, во понеделник, соопштија властите. Под сè уште неутврдени околности, кои ги истражува сообраќајната полиција, камион управуван од бугарски државјанин се судрил со автомобил управуван од возач од  Албанија, со уште тројца патници во возилото. […]

Пожари беснеат низ Шпанија; затворена дел од популарната патека за поклонение


Пожарите што беснеат во Шпанија се проширија на јужните падини на планинскиот венец Пикос де Европа во понеделникот, а властите затворија дел од популарната патека за поклонение Камино де Сантијаго. Десетина пожари, поттикнати од 16-дневниот топлотен бран, опустошија повеќе од 115.000 хектари во регионите Галиција и Кастиља и Леон во текот на изминатата недела. „Ова […]

Затворен за сообраќај регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или […]

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје


Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени […]

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин и граничниот премин затворени


Поради пожар во близина на Јажинце затворен за сообраќај е патот Тетово – Јажинце кај село Рогачево, а затворен е и граничниот премин. -Во 15:15 часот патниот правец Тетово – Јажинце кај село Рогачево сообраќајот е запрен од страна на ПС од БПС Тетово, заради безбедност на возачите поради проширениот пожар во атарот на селата […]

(Видео) Пожарот во „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта


По два БТР и „хермелини“, четири „пинцгауери“ и повеќе противпожарни возила и ноќва ќе се фокусираат на одбрана на објектите на Јавното претпријатие „Јасен“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој во видео-изјава објавена на „Јутјуб“ рече дека во моментов, освен пожарот што веќе неколку дена беснее на територија […]

Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува – изгасната една линија, теренот останува критичен


 Борбата против огнот во ловиштето Јасен продолжува. Од земја дејствуваат припадници на специјалните единици на армијата и полицијата заедно со екипи на ЈП „Јасен“. Од воздух дејствуваат еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. -Една линија на пожарот која се протегаше исклучително стрмно […]

Прва жртва од пожар во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш


Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал. „Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината […]

Активен пожарот во село Неготино во Врапчиште, под контрола пожарот во валандовско Јосифово


Еден активен пожар, еден под контрола и еден изгаснат има вкупно пожари на отворен простор до 15 часот на територијата на државава. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен е пожарот во село Неготино, блиску до пругата, во општина Врапчиште, каде што  гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во валандовското село Јосифово […]

Не ги спасил ни громобран: Во пожар по удар на гром изгоре погон на фабриката за здрава храна „Аронија“


Пожарот во производствениот погон на фирмата „Аронија“ со брендот BioCosmos е предизвикан како резултат на удар од гром. Нема повредени работници бидејќи во производството на здрава храна не се работи во смени. Громот удрил и покрај громобран и громобранска инсталација на објектот, а пламенот го зафатил скоро целиот дел од фирмата „Аронија“ која е дел […]

Локализиран пожарот во фабриката „Мирана“, пожарникарите се уште на терен


Локализиран е пожарот во фабриката „Мирана“, но се уште има слаби чадења на одредени места. За да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се уште се на терен, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и […]