ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола


Утринава до 7:30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, […]

Голем пожар во Саранда, во опасност станбени објекти и познат манастир


Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема […]

Пожар од големи размери се шири кај Валона


Пожарот во Шашица, на околу осум километри од албанскиот приморски град, Валона, продолжува да се шири на големи површини. – Поради пожарот што се наоѓа на одредена оддалеченост од каменолом, четворица работници  останале на работните место за да ги заштитат алатките и опремата. Но, заради зголемената опасност, од работниците е побарано да ја напуштат областа, […]

Изгаснат пожарот на градилиштето на Амурскиот рударско-хемиски комбинат, седуммина загинати


Седум лица загинаа во пожарот што избувна на градилиштето на Амурскиот рударско-хемиски комбинат, кој сега е изгаснат, а во тек е потрага по девет кинески државјани. На градилиштето моментално се завршува со согорување на преостанатите процесни гасови под надзор на стручњаци и иницирана е истрага, наведено е на Телеграм. Вкупно 152 лица побарале медицинска помош, […]

Трагедија во Пакистан: Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница


Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби за ДПА. Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица. Само едно од новороденчињата во одделението било спасено, наведуваат тие. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола. […]

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско


Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20  часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови […]

Чадот од пожарот на Жеден се спушти до Скопје (видео)


Зачаденоста на Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, во близинана селото Бојане, и од тетовска сега се префрла на скопска страна, потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.  Тој со хеликоптер го надлета Водно и потврдува дека ништо не гори на планината до Скопје.  Пожарот е на тешко пристапен терен, соопшти попладнево Ангелов преку видео-порака. […]

Пет активни пожари на отворено во државата


Пет пожари од вкупно 14 регистрирани на отворен простор денеска до 13 часот, се сè уште активни. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е на територија на општините Студеничани и Зелениково. – Во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во […]

Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла


Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се […]

ЦУК: Со авиони, хеликоптер и „пинцгауери“ се гаси пожарот кај Палиград и Китка


Сите расположливи ресурси се ангажирани во гаснењето и ставањето под контрола на пожарот што беснее во реонот на Палиград и планината Китка, соопшти Центарот за управување со кризи. Во интервенцијата се вклучени три авиони и два „Пинцгауер“ на Дирекцијата за заштита и спасување, еден хеликоптер на МВР, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, како […]

Осум активни пожари во осум општини, вкупно 31 пожар во изминатото деноноќие


Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се целосно изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожари има и на […]

Прилепските пожарникари со контрапожар спречија огнот да стигне до Подмоле


 Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра, која, ако падне на сува трева, може да настане вистинска катастрофа.   – Утрово, селата […]

Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио


Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, […]

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола


До 18:00 часот денеска регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Зелениково: с. Добрино […]

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати


 Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати. -Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. […]

Цела држава во ризик од пожари


Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја), соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од […]

Ангелов: Пожарот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени


Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж […]

До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати


 До 13 часот денеска, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод кај м.в. […]

Пожарот на Жеден во Општина Јажинце го гасат трите „ер трактори” на ДЗС


Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.  Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои  движењето е тешко.  -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, […]

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири


Поради големиот пожар во Сивири на првиот крак на Халкидики, туристите, но и жителите на малото грчко приморско место, ноќта ја поминаа во привремен престој, по евакуацијата и по копно и по море, а иако ситуацијата утрово е значително подобрена, пожарот е ставен под контрола и има само мали расфрлани жаришта, сепак патот до Сивири […]