Трагедија во Тетово: Мајка и четири деца изгореа во пожар


Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар што избувнал утринава во нивната куќа во населбата Поток во Тетово. Фатиме Зулбеари имала 38 години. Децата се на возраст помеѓу 4 и 13 години. Станува збор за три машки и едно женско дете. Пожарот избувнал околу 4 часот утринава и зафатил неколку куќи. Во моментот се […]

Пожар во стан во Карпош, нема повредени


Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, околу 14,30 часот  избувна пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување. „Пожарот е изгаснат и причинета е само материјална штета. Нема повредени“, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Територијалната противпожарната единица на Град Скопје. Во […]

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници


Битолчанката В.А. (66) е пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сремска Митровица“, денеска десетина минути по полноќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нејзиниот син во петокот околу 13 часот излегол на работа и вечерта кога се вратил дома, ја забележал мајка си без знаци на живот на подот од дневната соба во […]

Изгоре куќа во селото Мглинце


Изгоре семејна куќа во планинското село Мглинце во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарот избувнал вчера во 14 часот. Во гаснењето на пожарот учествувале противпожарни единици од Старо Нагоричане и Куманово. Поради лошата конфигурација на теренот, пожарникарите го гаселе пожарот во два наврати. Во гаснењето на пожарот […]

Украсни светилки причина за пожарот во кој загина жена


Пожарот во кој вчера од задушување почина жена во Ѓорче Петров најверојатно бил предизвикан од украсни сијалички на новогодишна елка. Полицијата денеска соопшти дека вчера околу 17:00 часот од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека при гасење на пожар во стан на ул. „Шидска“ во Скопје, на креветот било пронајдено безживотното тело на […]

Жена почина од задушување во пожар во Ѓорче Петров


Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не се опожарени […]

Пожарот во станот во скопски Центар подметнат од сопственикот


Полицијата денеска сопшти дека В.М. (39) вчера го опожарил својот стан во центарот на Скопје и оти нападнал и повредил полициски службеник, по што бил однесен во Душевната болница „Бардовци“. Пожарот на ул. Даме Груев во зграда на вториот кат бил пријавен вчера во 10:27 часот. Како што се наведува во соопштението од МВР, полициски […]

Изгаснат пожар во стан во центарот на Скопје


Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во стан во центарот на Скопје, на ул. Даме Груев, во близина на македонското Собрание. Според инфорамциите од пожарникарите, оштетени се уште два стана, но нема повредени лица. Засега нема официјални информации за причината за пожарот. Според изјави на станарите во зградата пожарот најверојатно е подметнат од […]

Кафуле во Прилеп изгоре до темел, штета над 200.000 евра


Во голем пожар рано утрово до темел изгоре кафуле во строгиот центар на Прилеп, а причинета е и штета на околните објекти. Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело […]

Пожар во фитнес-центар во Јужна Кореја однесе 16 животи


Најмалку 16 лица загинале, а десетина се повредени во пожар што изби денеска во фитнес-центар во јужнокорејскиот град Чечон. Пожарот избил во сауната на фитнес-центарот кој бил на вториот кат на зградата, а потоа се проширил врз целата осумкатница. Над 50 пожарникари со 20 возила морале да интервенираат за да се совлада огнената стихија.

Старец изгоре во пожар во неговата куќа во Пехчево


Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам. Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а локализиран во 00:30 часот. – Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја […]

Пожар избувнал во „Мерцедес“ паркиран во Сити мол


Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, на најгорниот паркинг, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици сопственост на М.А.(31) од Тетово. Како што информира полицијата, инцидентот бил пријавен вчера во 15:55 часот. Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.   фото: […]

Пожар во куќа во населбата 11 Октомври


Пожар попладнево избувна во куќа во населбата 11 Октомври“ во Кисела Вода. – Опожарена е внатрешна просторија во куќата и нема повредени – изјави Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната единица на Град Скопје. Интервенирано е со три возила и осум пожарникари. Пожарот е изгаснат, екипите сѐ уште го расчистуваат теренот. Засега не се познати причините […]

Изгаснат пожарот во Пржино, тројца повредени


Изгаснат е пожарот кој вчера избувна во подрумските простории на зграда во населбата Пржино. Повредени се три лица кои вдишале чад и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Станува збор за мајка и татко кои се пренесени на Клиниката за токсикологија, а 10-годишното дете од Токсикологија е препратено на Детската клиника. Директорот на Клиниката […]

Пожар избувна во Пржино


На улицата „Востаничка“ во населбата Пржино попладнево избувна пожар. Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека нивни екипи се на пат за интервенција.

Прилепчанец почина во пожар


Шеесет и пет годишниот Ѓ.А. од Прилеп го загуби животот откако во пожар што избувна вчера околу 13:50 часот во механичарска работилница во Прилеп. До несреќата, според МВР, дошло кога Ѓ.А., додека поправал автомобил „сеат толедо“ од непознати причини избувнал пожар во возилото, по што се обидел да го изгаси, но паднал во безсознание. Бил пренесен во […]

Најмалку 19 жртви во пожар во Кина


Најмалку 19 лица загинаа, а осум се повредени во пожар кој избувна во двокатна зграда во јужно предградие на Пекинг. Пожарот по извесно време бил изгаснат, а повредените се префрлени во болница каде им е укажана лекарска помош. Кинеската државна телевизија подоцна јави дека властите уапсиле неколку лица во врска со пожарот. Не е прецизирано […]

Пожар во гаража во Куманово, повредени две лица


Двајца кумановци синоќа се здобиле со изгореници од втор степен во пожар во гаража кој избувнал од експлозија на инсталација за плин на возило. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа, во 21,10 часот во Куманово на ул .„Никола Тесла“ настанал пожар во помошна просторија- гаража од куќа сопственост на М.Ј.. Поради невнимание при замена […]

Неонка предизвика пожар во Археолошкиот музеј на Македонија


Во Археолошкиот музеј на Македонија попладнево интервенираа противпожарни екипи поради опожарена неонка во подземна просторија на Музејот што предизвикала зачадување. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски изјави за МИА дека интервенирале со четири возила и 14 пожарникари, бргу го локализирале и целосно го ликвидирале пожарот. Томевски рече дека не е причинета […]