Во три пожари гореа помошна просторија, борова шума и трева


Во неделата забележани се три пожари во приватна куќа и два на отворено. Гореле помошна просторија во Скопје, борова шума во Беровско и трева во Кочанско. Околу 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Киро Фетак 1“ настанал пожар во помошна просторија од куќата сопственост на З.А.(45). Од пожарот опожарена била покуќнината […]

Локализиран пожарот во близина на Асамати


Локализиран е пожарот, што вчера дивееше во близина на Преспанското село Асамати, информира командирот на Територијалната против пожарна единица во Ресен, Ристе Илиевски. Според него, опожарена е голема површина трска. – Интервениравме со две возила и четворица пожарникари. Поради непристапноста на теренот од блато, пожарот беше изгаснат ноќеска во 23 часот и 50 минути, изјави […]

Гори нискостеблеста шума и висока сува трева во Липковско


Гори нискостеблеста шума, ливади и висока сува трева на подрачјето на Општина Липково, над браната кон Гошинце, информираа утрово надлежните институции. Пожарот почнал да се шири вчера во пладневните часови, информираше раководителот на кумановската подружница на ЈП „Македонски шуми“, Луан Бајрами. – Утрово наши и екипи на Територијалната противпожарна единица се на терен и се […]

Пожар кај Петровец


Пожар од запалено стрниште се шири кај Петровец. Едно пожарно возило во моментов е таму, а според видеото кое се појави на социјалните мрежи, а во живо го пренесуваше новинарот Огнен Јанески на Фејсбук беше забележливо дека гори оган и има густ чад. Според Противпожарната единица пожарите не се опасни бидејќи горела сува трска. Повеќе […]

За катастрофалниот пожар во Мати ќе одговараат 20 функционери


За пожарот, што се случи во јули минатата година во областа Мати, во Грција, во кој животот го загубија 100 лица, а беше причинета огромна материјална штета, грчкото обвинителство кривично гони 20 функционери меѓу кои префектот на периферијата Атика, градоначалниците на општините Маратонас и Рафина, поранешниот Генерален секретар за цивилна заштита, функционери во полицијата и […]

Молњи предизвикуваат шумски пожари во Австралија


Околу 1.000 пожарникари се борат со десетици шумски пожари кои се надвор од контрола во јужниот дел на Австралија во екот на најжешкото лето во историјата на земјата. Дневните жештини ги натераа термометрите да се искачат до 40 степени во текот на викендот, а принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во државата Викторија. […]

Пет лица настрадаа во пожар во Германија, од кои четири деца


Пет лица, од кои четири деца, настрадаа во пожар кој зафати една куќа во Нирнберг, Германија, соопшти противпожарната служба. Оттаму информираат дека околу 3 часот добиле повик, а кога пристигнале на самото место, целиот долен кат од семејната куќа бил во пламен. Во пожарот настрадала 34-годишна жена, бебе и деца на возраст од четири, пет […]

Горење лозови прачки причина за пожарот на Љубаш


Локализиран е големиот пожар на ридот Љубаш во Кавадарци, кој беснееше синоќа. Илчо Богевски, одговорен на смена при Тероторијалната противпожарна единица, за МИА информира дека на лице место пристигнале со две возила, а пламените јазици два часа ги гаснеле деветмина пожарникари. -Огнот зафати околу десет хектари сува трева и нискостеблеста шума. За среќа, не се […]

Најмалку 25 загинати во пожарот на главната железничка станица во Каиро


Најмалку 25 лица загинаа, а 47 луѓе се повредени во пожарот на главната железничка станица во Каиро, јави египетската државна телевизија. Воз удри во бетонски блокови на крајот од платформата број 6, додека влегувал во станицата Рамзес во центарот на Каиро, по што дошло до експлозија и пожар. Египетскиот премиер Мустафа Мадбули и министерот за […]

Опожарен стан во Дебар


Во станбена зграда во населбата „Венец 1“ во Дебар опожарен е стан, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречено е проширување на пожарот. Од противпожарната единица потврдуваат дека станот се наоѓа на првиот кат од станбената зграда бр. 16 која се наоѓа на излезот од градот на патот кон Струга. Пожарот бил […]

Повеќе од 70 лица настрадаа во голем пожар во Бангладеш


Во голем пожар што изби во зграда во стариот дел на Дака, престолнината на Бангладеш загинаа најмалку 70 лица, јавуваат пожарникарите и додадоа дека бројката на жртви би можела да порасне. Пожарот избил вчеравечер и се проширил кон поблиските згради, но пожарникарите се сомневаат дека причината би можела да биде краток спој. Медиумите во Бангладеш […]

Затворен аеродромот Џампино поради пожар на терминал


Римскиот аеродром Џампино денеска е затворен поради пожар на еден од терминалите, соопшти аеродромската управа. – Аеродромот е затворен превентивно, изјави неименувана портпаролка на компанијата „Аеропорти ди Рома“. Аеродромот Џампино го користи нискобуџетната авиокомпанија Рајнер.

Бразил во шок по трагедијата во кампот на Фламенго


Две години по трагедијата со урнатиот авион со кој се превезуваше екипата на Шапекоенсе (загина 71 лице), Бразил во нов шок. Пожар проголта десет млади животи во тренинг кампот на Фламенго. Немилиот настан се случи вчераутро по пет часот по средноевропско време. Огнот избил во спалните во комплексот на еден од најголемите бразилски клубови. Шестмина […]

Ужас во Бразил: Десет младинци на Фламенго загинаа во пожар


Десет членови на младата селекција на бразилскиот гигант Фламенго загинаа во пожар што изби утрово во тренинг-кампот во Рио де Жанеиро. Пожарот пламнал во 5.10 часот по локално време додека играчите спиеле во клупскиот камп. Пожарникарите ги изгаснаа пламените јазици дури по два часа. Причината за пожарот не е позната.

На Нов Зеланд евакуирани 700 жители поради пожар


На Нов Зеланд во тек е евакуација на 700 жители од градот Вејкфилд, на Јужниот Остров, поради шумски пожар кој ја погоди областа. Органите на цивилната заштита отворија спортски стадион како прифатен центар за загрозените, наведувајќи дека можат да примат луѓе кои немаат пријатели и семејство во други места каде што би се засолниле. Во […]

Опожарена куќа ноќеска во населба Драчево


Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ноќеска интервенирала на пожар кој избувнал во куќа лепенка на улицата „Стари Новаќиња“ во населбата Драчево. Опожарени биле околу 40 метри квадратни, а е причинета материјална штета од еден милион денари. Пожарот бил пријавен во 02.05 часот, а гаснењето траело до 04:05 часот. На терен биле испратени 13 пожарникари […]

Во пожар загина 82-годишна жена


Осумдесет и двегодишна жена загина во пожар што избувна во неделата околу 20 часот на улицата „Митко Цветановски“ во Прилеп. Според полицијата, М.К. (82) најверојатно починала од задушување со чад. Пожарот набргу бил изгаснат, но за животот на старицата немало спас. Извршен е увид и се истражуваат причините за несреќата.

Фатени пироманите што ја запалија „Мечка“


Две лица се уапсени поради сомневање дека пред дваесетина дена ја запалија кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало. Против нив е поднесена кривична пријава за тешки дела против општата сигурност. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата утврдила оти осомничените најпрво набавиле едно шише запалива течност. „Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста […]

Изгоре куќа во Гостивар


Нема повредени во пожарот што синоќа околу полноќ избувнал во куќа на улицата „Мара Угринова“ во Гостивар. Во пожарот изгореле покривите на два објекта и внатрешноста на катот од едниот. Брзата интервенција на пожарникарите, спречила трагедија и потешки последици, со оглед дека во едниот објект спиеле домаќините, а опожарените објекти се наоѓаат во густо населено […]

Возилата во оган, сторителите во сенка


Веќе трет ден трае истрагата за пожарот во скопската населба Карпош во кој настрада автомобилот „тојота корола“, сопственост на сопругата на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Миле Зечевиќ. Досегашните сознанија на Министерството за внатрешни работи се дека огнот бил подметнат, но не се знае кој и зошто го вознемирува семејството на членот на […]