Во Русија загинаа две лица при пожар во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19


Две лица загинаа во денешниот пожар што изби во одделение за реанимација за пациенти со Ковид-19 во рускиот град Астрахан. Огнот за кратко време бил изгаснат од пожарникарите. Автоматскиот противпожарен систем не се вклучил. Обвинителството отвори истрага за пожарот. 

Пожар во бараката на ЈП „Улици и патишта“, изгоре документацијата


Пожар ја зафати бараката на ЈП „Улици и патишта“ кој избувна синоќа околу 2 часот. Опожарена е бараката, а уништена е документацијата на претпријатието која се наоѓала во овие простории. Командантот на скопската протипожарна бригада, Владимир Симоновски вели дека пожарот кај нив е пријавен во 1:50 минути по полноќ. -На терен е интервенирано со шест […]

Опожарени три куќи во Злокуќани, нема жртви


Три куќи денеска се опожарени во населбата Злокуќани, но за среќа нема жртви, ниту повредени. Едната е комплетно изгорена, втората не е толку опожарена колку што има штета од водата со која се гаснел пожарот, додека кај третата опожарена е само една соба. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа со 13 пожарникари и четири […]

Скопјанец загина во пожар во куќа во Побожје


На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено […]

(Видео) Драматично бегство од пожар: Тинејџери се спуштаа по олук од четврти кат


  Во станбена зграда во Њујорк, САД на Менхетен изби голем пожар, пренесе РТС. Момче на возраст од 13 години и 18-годишна девојка успеаја да побегнат од огнената стихија спуштајќи се низ олукот на зградата. FDNY Assistant Chief Michael Ajello provides an update from this morning’s 2-alarm fire at 118 Avenue D in Manhattan. Read […]

Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар во Јапонија


Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар што изби во зграда во јапонскиот град Осака. Огнот е изгаснат за триесетина минути и се претпоставува дека пожарот е подметнат. Пожарот избил на четвртиот кат од зградата, каде се наоѓа клиника за ментално здравје и општа медицина. Опожарената зграда е лоцирана во квартот Кита познат по трговските центри.  […]

Пожар во куќа во тетовско Радиовце, нема повредени


Изгорен е подпокрив и ѕидови во куќа на жител на тетовско Радиовце вчера во пожар што се случил околу 11 часот. При пожарот нема повредени лица. – Настанал пожар во куќата на 61-годишниот Р.Б. во тетовско Радиовце. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот за кусо време бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР […]

(Видео) Гори Светскиот трговски центар во Хонконг, заробени 300 луѓе


  Голем пожар изби денеска во Светскиот трговски центар во Хонконг, а според последните информации, околу 300 луѓе се заробени на покривот од зградата. Пожарот е пријавен попладнето по локално време и за само половина час окарактеризиран е како инцидент од трет степен, јави „Саут чајна морнинг пост“. Исто така, медиумите јавувата дека најмалку седум […]

Во Грција за 13 часа регистрирани 44 шумски пожари


Грција – Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро заклучно со 19 часот по локално време во цела Грција биле регистрирани 44 шумски пожари, а интервенирале 382 вкупно пожарникари со 156 возила, пет големи и четири мали авиони и пет хеликоптери, соопшти грчката Противпожарна служба. Сѐ уште е активен и не е ставен целосно […]

Гори на Халдики, не се гледа патот од Солун кон Неа Мудања


Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми. Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од […]

(Фото) Драма во Карпош: Пожарникарите спасуваа човек на 17 кат


Силен пожар избувна утрово во една од трите кули во скопската населба Карпош. Гореше во стан на 17 кат. Очевидци сведочат за драматично спасување на сопственикот, кој се засолнил на балконот додека густиот чад се доближуваѓе кон него. „Бараше помош, викаше на сиот глас, а не можеш ништо да сториш, немоќ“, раскажуваат соседите. Набргу пристигнаа […]

(Видео) Луѓе скокаат од облакодер проголтан од пожар


Најмалку пет лица загинаа, а 60 се повредени во пожар кој изби во деловна зграда во Дака, главниот град на Бангладеш, соопштија службите. За сега непознат број луѓе и понатаму се заробени во зградата која има 22 ката. Повикувајќи се на изјавите на сведоци, Ројтерс пренесува дека заробени луѓе испаничени од состојбата мафтаат преку прозорците […]

Голем пожар во музејот за ретки ракописи во Сент Луис


Во музејот за ретки ракописи во американскиот град Сент Луис избувна голем пожар, а состојбата на документите, кои се од непроценлива важност, се уште не е позната. Во пожарот никој не е повреден, иако се урнал вториот кат од сто години старата зграда. Сѐ уште се истражува причината за пожарот. Локалните медиуми објавија дека во […]

Изгаснат пожарот во Подпелистерието


Пожарот, што вчера во попладневните часови го зафати атарот на потпелистерското село Ротино е целосно изгаснат. До доцна во вечерните часови екипите на терен пожртвувано се справуваа со огнената стихија, која, на моменти, поради силниот ветар, се закануваше да ја зафати и моликовата шума на Националниот парк „Пелистер“. Утринава, во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, […]

Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско


Екипите на кумановската подружница на „Македонски Шуми“, утрово со две екипи на вработени се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна вчера попладне во липковско, кај селата Руница, Думановце, Белановце и Брест. Во пожарот зафатени се стрништа и нискостеблеста шума. -Теренот е тешко пристапен, се обидуваме да го локализираме пожарот. Известени се и надлежните служби, […]

Пожар во џамија во Калифорнија, оставена порака за нападите на Нов Зеланд


Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција. Во пожарот, за кој постои сомневање дека е подметнат, никој не е повреден, а припадниците на Исламскиот центар Ескондидо успеале да го изгаснат огнот пред да стигнат […]

Опожарен кајакарски клуб во Долна Матка


Во кајакарски клуб во Долна Матка синоќа избувнал пожар при што е причинета материјална штета од околу 180 илјади денари. Пожарот е пријавен во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во 19:05 часот, а е интервенирано до 20:45 часот. На терен биле испратени пет пожарникари со две возила.

Возило во движење се запали утринава кај „Рамстор мол“


Возило во движење утринава околу 8 часот се запалило кај Старата железничка станица во близина на трговскиот центар „Рамстор мол“. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенирале со едно возило и четири пожарникари.

Пожарот на Скопска Црна Гора под контрола, активни четири шумски кај Македонски Брод


ожарот на Скопска Црна Гора што избувна вчера е ставен под контрола. Екипите се на терен и интервенираат за целосно да го изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Македонски Брод има четири активни шумски пожари – во атарите на селата Крушје, Локвица, Грешница и Долно Ботушје. На терен се пратени екипи од Шумско […]

Пожар кај Скопска Црна Гора


Гори ниска мешана шума и бор на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. Како што информира за МИА, Противпожарната бригада на Град Скопје добиле дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен. Полициските службеници се излезени на терен, потврдија од МВР.