Убавите куќи убаво горат во Дебар Маало


Сопственикот на кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало вчера беспомошно гледаше во остатоците од изгорениот објект. Едни работници ја оспособуваа струјата, а други се обидуваа да го отстранат изгореното дрво пред ресторанот, кое не се даваше и жилаво се трудеше да остане на местото. Од познатиот локал остана само конструкцијата. Во внатрешноста има само пепел. […]

Пожар беснее на Стогово, над селото Селци, го гаснат со лопати


Голем пожар на борови и дабови дрвја на падините на планината Стогово во Општината Струга се заканува да ги пеплоса куќите во селото Селци. Пожарот е активен веќе цела недела, а мештаните велат дека нивните апели за помош ги игнорираат сите институции. Пожарот секој ден е поблиску до селото, а две семејства кои во моментов […]

СДСМ го гаси пожарот од „маслиновото гранче“


Социјалдемократите и вчера беа силно ангажирани во покривање на штетите од фрленото „маслиново гранче“ кон опозицијата од премиерот Зоран Заев на собраниската седницата за владиниот предлог за пристапување кон уставните измени. Пораките за простување и помирување, кои упатуваа на понуда за амнестија за настаните на 27 април, со оглед на околностите во Собранието околу потребата […]

Изгаснат пожарот во Националниот парк „Галичица“, гори викендичка во Љубаништа


Помал шумски пожар денеска избувна во Националниот парк „Галичица“ во непосредна близина на Охрид на потегот меѓу селата Рамне и Велестово. Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пламенот зафатил нискостеблести растенија, а поради ветерот постоеле услови за негово ширење. Интервенирано е со три противпожарни возила, а на помош биле ангажирани и вработени во […]

Пожар кај Скопската обиколница, зафатена површина од пет хектари


Трева, грмушки, дрва и шупа на површина од пет хектари во околината на Скопската обиколница биле зафатени со пожарот што Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје го гаснела денеска од 12:48 до 18:30 часот. Според информациите од Противпожарната бригада, интевенирале со пет возила и 13 пожарникари.

Уапсен уште еден пироман во Атика


Ми се допаѓа да потпалувам и да ги гледам пожарникарите како трчаат да ги изгасат пожарите, наводно рекол, според грчките медиуми, 35-годишниот маж кој беше уапсен за подметнување пожари во општината каде што загинаа најмалку 90 лица. Веројатно е дека уапсениот не е поврзан со катастрофалниот пожар во понеделникот, туку потпалувал во следните денови, односно […]

Идентификувани телата на деветгодишните близначки исчезнати во пожарите во Атика


Трагично заврши случајот со двете близначки кои од понеделникот се водеа за исчезнати по катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атика во поширокиот дел на Атина. Доцна синоќа, приватниот истражувач, ангажиран од семејството, Јоргос Цукалис потврди дека во Институтот за судска медицина биле идентификувани телата на деветгодишните Василики и Софиа Филипопулу. На близначките и […]

Почина жена во пожар во Куманово


Седумдесет и едногодишна жена загина во пожар што синоќа избувнал во нејзината куќа во кумановското село Доброшане. Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 20.40 часот било пријавено дека во село Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л.(71) избувнал пожар, при што куќата целосно изгорела. Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала. […]

Скопје ѝ дава милион денари на Атина


Град Скопје итно реагира по страотните пожари во Атина што одзедоа педесетина животи. Градоначалникот Петре Шилегов утрово разговараше со колегата Јоргос Каминис, по што беше одлучено Скопје да и даде милион денари на Атина. „Тоа е првата итна мерка, а остануваме отворени за било каква помош доколку тоа биде побарано од нас“, велат од Град […]

Пожарникари се борат со пожар на Крит


Пожарникари на Крит се борат со огромен пожар, обидувајќи се да го спречат да не стигне до блиската населба, јавува грчкиот весник „Екатимерини”. Во моментов има 14 противпожарни камиони и 30 пожарникари на теренот, како и противпожарен хеликоптер. Локалните власти испратија волонтери за да помогнат во гаснењето на пожарот, а на располагање ги дадоа и […]

(Видео) Пожар во Карпош 4


Во Трговскиот Центар „Антико“ во Карпош 4 изби пожар. Пожарот доаѓаше од подрумот на трговскиот центар. Граѓаните со паника излегоа надвор. Миризбата се чуствува низ цела населба на Карпош 4. На терен се возила на против пожарната служба. Причините засега се непознати.

Царовска: Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес


На семејството чии три деца загинаа во пожар во нивниот субстандарден дом во Велес социјалните работници му нуделе сместување под кирија уште пред да се случи трагедијата, но, одбивало. Дали постои евентуален пропуст во нивната работа, испитува социјална испекција која во петокот и денеска е во велешкиот Центар, вели министерката за труд и социјална политика […]

Теона не го дочека првиот роденден


Велес – Малата Теона за десетина дена требаше да го прослави првиот роденден. Таа беше гордост на семејството Давчевски. Едвај почна да оди, ги учеше чекорите, како сунѓер ги впиваше зборовите на повозрасните од неа. Беше миленичка на повозрасните браќа и сестри. Семејството, кое едвај врзуваше крај со крај, се двоумеше како да ја израдува […]

По стравичниот пожар во Велес: Теона не го дочека првиот роденден


Велес – Малата Теона за десетина дена требаше да го прослави првиот роденден. Таа беше гордост на семејството Давчевски. Едвај почна да оди, ги учеше чекорите, како сунѓер ги впиваше зборовите на повозрасните од неа. Беше миленичка на повозрасните браќа и сестри. Семејството, кое едвај врзуваше крај со крај, се двоумеше како да ја израдува, […]

Пожарникарите мислеле дека децата избегале, но ги нашле склупчени во ќоше


Семејството на трите деца кои вчера настрадаа во пожар во Велес било евидентирано во системот на Центарот за социјална работа во Велес и биле корисници на социјална парична помош, информира денеска Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Денес, општина Велес во соработка со Центарот за социјална работа се ангажираат за организирање на погребот за […]

Изгоре куќа во пожар во Куманово


Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен и го изгаснале пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот. Причините за пожарот и материјалната штета допрва […]

Трагедија во Велес, три деца изгореа во пожар


Попладнево околу 17 часот во периферијата на Велес се случило страшна трагедија. Како што потврдуваат од МВР за „Независен Весник“ пожарот се случил на  улица „Даре Џамбаз“ каде што настрадале три дечиња на една, две и петгодишна возраст. Kуќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес.  Најверојатно се работи за […]

(ВИДЕО) Пожар во автобусот со број 2 на „Партизанска“


Пожар избувна во автобусот со број 2 што вози по улицата „Партизанска“. Повредени нема. Патниците во паника се симнаа кај трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Тие сведочат дека неколку станици мирисало на оган и ненадејно избувнал чад од автобусот. Веднаш пристигнаа полициска и противпожарна екипа. Погледнете:

Пожарот во Дебар Маало изгаснат, повреден пожарникар


Еден пожарникар е повреден при гаснењето на пожарот во стан на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томески за МИА изјави дека пожарникарот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде се вршат потребните испитувања. Пожарот е локализиран и се работи на расчистување. На терен интервенирале 17 […]

Пожар кај Министерство за одбрана, шест противпожарни возила го гаснат


Пожар избувна попладнево во стан на ул. „Орце Николов“ во Скопје спроти Министерството за одбрана. Пожарот е пријавен во Противпожарната единица во Скопје во 12 часот и 05 минути, а на терен се испратени шест противпожарни возила