Сè уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци


 Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово. Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу […]

Во текот на денот пожарот во Малешевијата ќе биде под контрола


Зафатени се повеќе од 50 хектари деградирана букова и дабова шума од пожарот што го зафати малешевскиот крај, на границата меѓу селата Митрашинци и Будинарци. За среќа, пожарот се движи ниско по земјата, и очекуваме во текот на денот да имаме целосна контрола врз пожарот, најдоцна до утре, изјави за МИА директорот на Центарот за […]

Полициски хеликоптер интензивно го гасне пожарот во Беровско


Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, вели за МИА директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Хеликоптерот од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот. -Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет […]

Пожарот во Беровско утре ќе се гаси од воздух


Еден армиски, еден полициски хеликоптер и ЕР-трактор утре уште во раните утрински часови ќе интервенираат од воздух врз опожарената шума меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, вели за МИА директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Доцна попладнево армискиот хеликоптер направил само извиднички лет кој всушност и дал координати и план како утре да се гасне пожарот […]

Пожарот во беровско излезе од контрола, испратен армиски хеликоптер


Армиски хеликоптер беше испратен во беровскиот регион каде пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци излезе од  контрола. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информира дека кога ќе има услови, рано наутро,  хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини. За утре најавено е исто така дека, доколку има потреба, од воздух ќе се вклучат […]

Повторно активен пожарот во Словенија


Пожарот што го зафати словенечкиот регион Крас, што се наоѓа на границата со Италија, досега зафати повеќе од 2.000 хектари и тоа е најголем пожар во Словенија. Пожарот пред два дена се прошири од Италија, а синоќа беше ставен под контрола, за денеска повторно да се активира. Na intervenciji požar na Kremenjaku je po naših podatkih do sedaj aktiviranih […]

(Видео) Голем пожар во Словенија, започнала евакуацијата на населението


Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој во средата на подрачјето на Крас се пренел од Италија и во тек е евакуација на населението од неколку села, а на терен дошле и министерот за одбрана Маран Шарец и командантот на цивилната заштита Среќко Шестан, јавуваат словенечките медиуми. Пожарот од италијанска страна […]

Пожар од Италија се прошири кон Словенија


  Словенија– Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој денеска од Италија се прошири во областа Крас, а во тек е евакуација на населението од неколку села. Словенечкиот министер за одбрана Маран Шарец пристигнал на местото на настанот, како и шефот на цивилната заштита Сречко Шестан, јавуваат словенечките медиуми. Пожарот од италијанска страна се проширил кон Словенија и покрај […]

Шумски пожари во Италија, стотици евакуирани, експлозија на резервоари со гас


  Пожарникарите во Тоскана, Италија, денеска се борат со шумски пожар поради кој се евакуриани стотици жители, а кој предизвика експлозија на резервоари со гас, а во северна Италија чадот од пожарите го присили државниот бродоградител „Финкантиери“ да ја затвори фабриката во која има 3.000 вработени. Шумските пожари избија оваа недела во неколку делови на […]

Голем пожар во близина на Атина, евакуирани четири населби и детска болница


Преку порака од бројот за итни случаи 112 од жителите на четири населби беше побарано да се евакуираат поради големиот шумски пожар што кусо по 17 часот избувна во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а огнените јазици веќе предизвикаа материјална штета на куќи, јави дописничката на МИА од Атина. Шумскиот пожар […]

Голем шумски пожар во североисточниот дел на областа Атика


Голем шумски пожар избувна попладнево на планината Пендели во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, огнените јазици се наоѓаат блиски до домови, а од жителите на една населба беше побарано да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. За гаснење на пожарот од копно и воздух, интервенираат 78 пожарникари (28 се […]

Топлинскиот бран во Западна Европа не попушта: „Тие пожари се чудовишта“


  Западниот дел на Европа и понатаму е под силен топлински удар кој малку се движи кон север, пишува Би-би-си. Во Франција и во Велика Британија издадени се предупредувања за големи горештини, а северот на Шпанија вчера забалежа температури од 43 степени Целзиусови. Шумските пожари во Франција, Португалија, Шпанија и Грција присилија многумина на евакуација. […]

Шумскиот пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните


Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн […]

Овчар е втора жртва од пожарите во Шпанија


Во пожарите што беснеат во северозападна Шпанија загина овчар, соопштија денеска локалните власти, што е втор смртен случај откако вчера загина пожарникар во истата област. Телото на 69-годишниот маж е пронајдено четири километри западно од Ескобер де Табара во провинцијата Замора, во област која изгоре од шумски пожар што избувна во соседната општина Лосасио, соопшти локалната власт. […]

Пожарот во Мичурин изгаснат по интервенцијата на противпожарната служба


 Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје. Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот. Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот.

Пожар во стан во Мичурин, интервенира противпожарната служба


Пожар попладнево избувна во станбен објект во Мичурин, јави известувачот на МИА од терен. Во моментот интервенираат екипи од Противпожарната единица на Град Скопје. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Пожарите продолжуваат да се шират на југозападот на Франција, изгореа 10.000 хектари


Шумските пожари во југозападна Франција денеска се проширија на речиси 10.000 хектари во провинцијата Жиронд, додека во петокот беа 7.300 хектари. Повеќе од 12.200 луѓе се евакуирани од областа до сабота наутро, а повеќе од илјада пожарникари се обидуваат да ги локализираат пожарите, се вели во соопштението на властите на провинциите Нова Аквитанија и Жиронд. […]

Пожари во Португалија: Се урна канадер, загина пилотот


 Канадер кој гаснеше шумски пожар во Португалија се урна синоќа во близина на Вила Нова де Фоз Кое, во северниот кварт Гарди, при што загина пилотот на авионот, во кој немаше други лица, соопшти цивилната заштита. „Засега немаме детали за тоа што се случило“, изјави командантот на националната цивилна заштита Андре Фернандес. Авионот бил од типот […]

Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари


Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам […]

Шумски пожар во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирана населба


 Кусо по 11 часот по локално време, избувна шумски пожар во општина Саронида што се наоѓа во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно се евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина. Силниот ветер создава дополнителни проблеми,  бидејќи го отежнува гаснењето, но и брзо го шири пожарот. […]