Гори во Шпанија, ќе биде критично во Франција и во Велика Британија


Топлотниот бран што ја зафати Југозападна Европа, веројатно ќе го достигне својот максимум денеска во Шпанија. Високите температури веќе ги разгоруваат шумските пожари на Пиринејскиот Полуостров и во Франција. Се очекува денеска да биде најтоплиот ден од овој топлотен бран, според државната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ. Како што соопшти АЕМЕТ, долините околу трите големи […]

Ситуацијата со пожарот кај Шибеник утрово е подобра


 Утрово е подобра ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти утринава хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува Хина. – Утро во Затон и Раслина. Подобра ситуација, нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни, напиша Божиновиќ на Твитер. Според претходните информации, на целото […]

(Видео) Кај Шибеник беснее голем пожар, видлив е и од Вселената


Во Далмација беснеат пожари. Во моментов неконтролирано гори на две места, во Задарската жупанија, во областа Височани и во Шибеничко-книнската жупанија на патот Бенковац, јавија хрватските медиуми. Ветерот им отежнува на пожарникарите кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Во Затон пожарот стигнал до куќите, од кои 10 изгореле. Во гаснењето на пожарот […]

Големи шумски пожари во Франција, во тек евакуација (видео)


Пожарникарите се борат против големи шумски пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот, затоа што сушата и топлотниот бран створија идеални услови за ширење пожари. Шумксите пожари во областите Ландирас и Тесте-ду-Буч проголтаа околу 450 хектари земја. Од Бордо можење да се види голем столб црн чад, пренесе Франс инфо. #incendie #gironde #landiras pic.twitter.com/Q5HPZEujha — […]

Португалија се „пече“ на плус 40, горат 36 шумски пожари


  Португалија се најде на удар на топлински бран, а во моментот има 36 активни шумски пожари, соопштија од цивилната заштита. Можно е пожарите да уништиле меѓу 2.000 и 2.500 хектари земјиште, поради што властите во целата држава прогласија трето, односно највисоко ниво на опасност. Температури над 40 степени Целзиусови Топлинскиот бран стигна вчера и […]

Во голем пожар во Пула изгореа 25 автомобили пред автомеханичарска работилница


Голем пожар во хрватскиот приморски град Пула се гасеше денеска повеќе од честири часа. Штетите се огромни. Пожарот избувнал во 11.50 часот претпладнево, но за среќа, освен материјална штета, нема жртви. Шефот на пожарникарите Дино Козлевац потврди дека пожарот е под контрола. „Пожарот е под контрола, но не можеме да утврдиме дали е локализиран, затоа […]

(Видео) Во гаснење голем пожар во југоисточна Франција вклучени 900 пожарникари


Стотици пожарникари, поддржани од авиони за гаснење пожари, денеска се борат со голем пожар во југоисточна Франција, што принуди евакуација на околни села. Тринаесет пожарникари се повредени во Бордезак, село каде избувна пожарот. Вкупно 18 пожарникари се повредени во неколку шумски пожари кои со денови пустошат во регионот, јавува радиото Франс Инфо. Неповолните временски услови […]

Во Струмичко изгорел старец по палење на стрниште


Вчера околу 15:00 часот во атарот на струмичкото село Мокриево починал Ј.М. (70) од истоименото село откако бил пронајден со изгореници на телото. Според СВР Струмица, било утврдено дека тој претходно излегол да го запали стрништето во местото „Ниш Поле“, а откако не се вратил дома неговата сопруга го пронашла починат со изгореници. По наредба […]

Активни два големи шумски пожари во Грција, евакуирани села и хотел


Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и се сè уште активни, а превентивно беа евакуирани села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина. Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите […]

ДЗС е подготвена за евентуални пожари, „ер тракторите“ ќе бидат во функција


  Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена за справување со евентуални пожарни претстојната летна сезона, потврди денеска директорот Беким Максути. По предавањето донација од опрема за спасување од урнатини и тешки сообраќајни незгоди и поплави на противпожарните единици во Охрид и Струга, одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста на спацијалните авиони за гаснење пожари […]

Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села


Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни […]

Изгоре барака во Мичурин, спасена соседната


Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Мичурин од засега непознати причини. -Пожарот избувна во барака во Мичурин. На терен интервенираа три пожарникарски возила, со осум пожарникари, иако пожарот брзо се рашири. Со брзата интервенција спречен е да се прошири на соседната барака – вели командирот на Скопската бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.

САД: Шумскиот пожар во Калифорнија се заканува на стотици објекти


Стотици домови и згради се загрозени од шумски пожар во северна Калифорнија во САД. Официјални лица соопштија дека пожарот, кој избувна вчера попладне во близина на реката Јуба во регионот на Невада, за кратко време се прошири на повеќе од 202 хектари земјиште. Пожарот ги зафатил руралните области на планинскиот венец Сиера Невада и областите […]

Пожар на Света Гора, над 100 пожарникари и 35 војници го гаснат огнот


Пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот што избувна во петокот вечерта во непристапен шумски предел на Света Гора. Катимерини пишува дека пожарот е лоциран во областа Агиос Андреас во североисточниот дел на полуостровот, каде живее најстарата жива монашка заедница во светот. Огнениот фронт се наоѓа на значителна оддалеченост од манастирите и нема опасност да се […]

Куќа изгоре во пожар во тетовска Шипковица


Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгоре ноќеска во пожар кој започнал после полноќ.  При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица. – Пожарот е пријавен во 00.42 минути во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација и ликвидација на пожарот до раните утрински […]

Дваесет хеликоптери и 14 авиони се борат со пожари во Турција


Пожари зафатија шума на подрачјето на Мармарис, во западната турска провинција Мугла. Пожарникарите се борат со огнените јазици и од копно и од воздух, јави Анадолија. Областа Хисарон во Мармарис ја зафати пожар, а причината сè уште не е утврдена. Во гаснењето сега се вклучени 20 хеликоптери и 14 авиони, екипите на терен прават сè […]

МВР: апелира на внимателност, мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици


По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари. Особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите, укажуваат денеска вио соопштение од Министерството за внатрешни работи. Повикуваат на внимателност […]

Шумски пожари и рекордно високи температури во Шпанија


Во Шпанија, погодена од невообичаен топлотен бран за сезоната, пожарникари се обидуваат да стават под контрола неколку шумски пожари. Ситуацијата е комплицирана од сушата, речиси рекордно високите температури и ветерот. Температури од 40 до 42 степени се очекуваат денеска во Сарагоса, во североисточниот дел на земјата, во Навара и во регионот Ла Риоха на север, […]

Новиот топлотен бран донесе шумски пожари, кои ја опустошуваат Каталонија


 Три шумски пожари, кои од вчера ја зафатија источна Шпанија, уништија 1.600 хектари борова шума и ниска вегетација, а топлотен бран донесе рекордно високи температури, соопштија денеска регионалните пожарникари. Стотици пожарникари се на терен и се борат со пожарите со 120 камиони и 19 канадери во близина на градовите Балдомар, Корбера д’Ебре и Кастелар Рибера, […]

Пожар на грчкиот остров Парос


Грција- Подобрена е ситуацијата со пожарот што синоќа избувна во источниот дел на грчкиот остров Парос, а продолжуваат напорите на пожарникарите, како од копно, така и од воздух, за огнените јазици да бидат ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за пожарот е непозната, доцна синоќа започна да гори ниска вегетација во […]