Вонредна состојба во општина Прешево, горат 50 хектари борова шума


Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна вчера, во попладневните часови, јавува РТВ Врање. Како што се наведува, жителите не се загрозени, но загрозени се животните кои живеат во овој крај. Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на […]

Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, авион „ер трактор“ принудно слета во море


Во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на автопатот кон Пелопонез, претпладнево избувна пожар, а еден од авионите на противпожарната служба што интервенираше во гаснењето, принудно слета во море, додека двајцата патници навремено се спасиле, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи, беше испратена порака до […]

Најмалку 13 луѓе загинаа во пожар во ноќен клуб во Тајланд


Најмалку 13 луѓе загинаа, а 40 се повредени, во пожар што изби во еден ножен клуб во близина на туристикиот град Патаја во тајланд. Пожарот избувнал во 1 часот по полноќ по локално време, а изгасен е три часа подоцна. На снимката објавена од спасувачите се гледа зградата зафатена од густ, црн чад и пламен, […]

Пожар во голема урбана шума во Берлин, по неколку експлозии во магацин за оружје


  Голем пожар изби утрово во една од најголемите урбаи шуми во Берлин, откако се случија неколку експлозии во магацин со муниција. Стотина пожарникари се обидуваат да го изгасат пожарот во шумата Груневалд на западната страна на градот, јави германската новинска агенција ДПА. Огнот досега зафати околу 15.000 метри квадратни шума, а ситуацијата и понатаму […]

ЦУК: Активни се два пожари во Кумановско и во Крушево


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено од кои еден е веќе изгаснат. Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен се пожарникари од ТППЕ Куманово. Активен пожар има и во општина Крушево кај […]

Пожарникари од Франција, Норвешка и Финска пристигнуваат во Грција за да ѝ помагаат во пожарите


Во рамките на европската програма што предвидува над 200 пожарникари од шест европски земји да ѝ помагаат на Грција во гаснењето на пожарите, во следниот период заедно со грчките ќе бидат и пожарникарите од Франција, Норвешка и Финска, јави дописничката на МИА од Атина. Францускиот тим од 25 пожарникари ќе бидат распоредени во областа Атика, поширокиот регион на […]

Во Пожар во хостел во Русија загинаа осум луѓе


Најмалку осум луѓе загинаа, а тројца се повредени во пожар во хостел во југоисточниот дел на Москва, јавуваат руските агенции. Пожарот избувнал на првиот кат од шеснаесеткатницата во која се наоѓа хостелот, јавува Интерфакс, а РИА Новости пренесува дека причина за пожарот, според прелиминарните информации, е дефект на електричната опрема. Службите за итни случаи известија […]

Ангелов: Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево


Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој посочи […]

Гром запали четири куќи во Прилеп


Ноќеска по полноќ, yдap од гpoм пpeдизвика пожap во повеќе куќи на улица „Кузман Шапкарeв” во Прилеп, пренесе Телма. Според првичните информации од пожapoт биле зафатени четири куќи, а густиот чад и пламен ги вознемиpи жителите од населбата “Марино маало”. Прилепските пожapникapи успеале да спречат ширење на пожарот, а има и полесно повредени пожарникари, известуваат […]

Поднесено обвинение за три лица за пожарот во тетовската модуларна болница


Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице во врска со пожарот во Модуларната болница во Тетово. Двајцата првообвинети се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, […]

Во пожарот во грчкиот Национален парк Дадиа во Еврос досега изгореле 12 отсто од заштитената шума


Околу 3.410 хектари или 12 отсто од заштитениот регион Натура 2000 досега изгореа во пожарот во  Националниот парк Дадиа во Еврос, активен веќе седми ден, а противпожарните сили секојдневно, од копно и воздух се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Според сликата од сателитот Сентинел 2 преземена […]

Три активни пожари утрово, најголемиот е на Криволак


Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано изутринава со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари, информираат од ЦУК.   Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што утрово со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни. На самото […]

За неколку дена шест пожари кај Ловечки дом во Куманово


 Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден два пати гаселе пожар кај „Ловечки дом“ во близина на село Проевце, информираше денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Првпат горела опожарена сува трева во период од 13:20 до 15:00 часот и четворица пожарникари ја гаселе со две противпожарни возила. Втората интервенција била на истата локација повторно сува […]

Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“ и поделен на три краци


Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ е реактивиран денеска попладне и поделен на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи. – Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16.30 часот иако било дејствувано […]

Гори во Струмичко и во Тетово, локализирани осум пожари


Во земјава активни се два пожара, меѓу струмичките села Требичино и Василево и во Тетово, каде гори депонијата. На терен се излезени екипи на Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), кои вршат гаснење. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот во Струмичко е на непристапен терен, карпесто-ритчест, а гори нискостеблеста мешана шума и […]

Голем пожар на Криволак на непристапен терен


Голем пожар на воениот полигон Криволак, во општина Неготино, беснее од ноќеска, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Стапено е во контакт со воениот полигон и добивме известување дека е појавен пожар на стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека е најверојато во ноќните […]

Пожарот во националниот парк Јосемити е надвор од контрола


Големиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија, кој избувна во петокот, е надвор од контрола. Околу 2.000 пожарникари се борат со пожарот, што е еден од најголемите во Калифорнија оваа година. Во гаснењето, што е отежнато од стрмниот терен, високите температури и ниската влажност, вклучени се и авиони и булдожери. Огнот уништи 56 […]

Под контрола пожарот кај селото Ѓавото, во Кочани од невремето поплавени домови


Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од евентуалното јако дување на ветерот. – Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното […]

Драма во Словенија: Оган опколил пожарникари, ги спасил „канадер“


  На социјалните мрежи вирално стана видео од првата огнена линија во областа Крас во Словенија, каде беснеат многу пожари. Екипа пожарникари била опкружена со оган, па не било можно да се повлечат, но биле спасени од авион „канадер“кој истурил вода на теренот. Клемен Горуп, пожарникар од ПГД Хрватини и автор на видеото, за Н1 […]

СЗО: Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 1.700 луѓе


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге истакна дека моменталната ситуација повторно укажува на „очајната потреба за паневропска реакција на ефикасна борба против климатските промени“. Клуге наведе дека шумски пожари сега има дури и во […]