Огромен пожар во турско пристаниште, гори веќе два дена (видео)


Веќе втор ден беснее голем пожар што избувна во делот на пристаништето во градот Искендерун погоден од земјотресот во југоисточна Турција, јавува АП. Телевизиските снимки денеска покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, пренесе американската агенција. Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Турската државна […]

Мајка и седум деца загинаа во пожар во Франција


Мајка и нејзините седум деца на возраст од две до 14 години загинаа во пожар што ја зафатил нивната куќа во северна Франција, соопштија полицијата и пожарникарите. Пожарот избувнал нешто по полноќ во семејната куќа во градот Шарли-сур-Марн, околу 80 километри источно од Париз. Сопругот на жената, татко на три од децата, се здобил со […]

Пожар помеѓу селото Миладиновци и рафиниријата ОКТА


Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во Скопско. Според пријавата, како што наведува ЦУК, пожарот настанал како резултат на искрење од бандера и се проширил на околната сува трева. – На местото на настанот се екипи на Бригадата […]

Пожар во куќа во Велес, нема повредени


Во пожар што утрово пламна на третиот кат од семејната куќа на ул „Димче Мирчев“ бр 1 пред рампата во населбата Дворови во центарот на Велес изгоре поголема просторија од спратот и покривот на куќата. За среќа во пожарот нема повредени членови на семејството. – Пожарот бил пријавен во ТППЕ Велес во 7:40 часот и […]

Ревизорите откриле хаос во системот за справување со пожари


Воспоставениот систем за управување со кризи и заштита од пожари не обезбедува услови за ефикасно и ефективно управување со ризиците и справувањето со пожарите на отворен простор Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Систем за управување со кризи и заштита од пожари‘‘ согласно Годишната програма за работа со цел да се даде одговор на […]

Петмина загинати во пожар на Крим


Пет лица загинаа во пожар во зграда во која се сместени градежни работници во пристанишниот град Севастопол, на црноморскиот полуостров Крим, пренесе ДПА. Телата на загинатите мажи биле откриени откако пожарот бил изгаснат. Причината за пожарот сè уште не е позната. Русија во 2014 година незаконски го анектираше Крим, кој повеќето земји го признаваат како […]

Изгореа две возила и помошна работилница во карбинското село Таринци


Во пожар во карбинското село Таринци утринава изгореа автомобил марка „мерцедес“, мал камион и помошна просторија-работилница. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот кај нив е пријавен рано утринава во 2:30, часот, а пожарникарите го гаснеле до 4:30 часот. -Пожарникарите спречија пожарот да не го зафати покривот и домот на семејството. На […]

Маж од Старо Нагоричане пронајден мртов по пожар во неговиот дом


Средовечен маж од село Руѓинце, општина Старо Нагоричане е пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата констатирала дека настанал пожар, а лекарите дека смртта настапила без траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера во 15:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане, бил пронајден починат Л.С.(61). По […]

Изгоре куќа во Гази Баба


Силен пожар избувна доцна синоќа во домовите на семејствата Марковски од населеното место Гоце Делчев во скопска Гази Баба. За среќа членовите на семејствата брзо се евакуирале и нема повредени. На терен веднаш излезе градоначалникот на оваа општина.  -Благодарение на брзата реакција на Противпожарна бригада на Град Скопје пожарот беше за кратко време ставен под […]

Едно лице загина во пожар во Струмица


Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во ќуќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица. Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата. -Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни […]

Пожар во бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, бил намерно подметнат


  Во бараките на ЈП „Паркови и зеленило“ доцна синоќа избил пожар во кој биле зафатени околу 20 метри квадратни. Пожарот бил намерно подметнат, велат од ЈП „Паркови и зеленило“, повикувајќи се на снимки од безбедносни камери. Во соопштение до медиумите ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека ноќеска околу 1 часот по полноќ избувна пожар […]

Голем пожар во Сплит – 30 пожарникари гасат магацин со гуми


Триесет пожарникари од Сплит гаснат голем пожар кој избувна во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, информираат пожарникарите и полицијата. На терен се 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ, јавија сплитски медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Пожарот почнал ноќеска во 2.40 часот. Според […]

Приведен маж за предизвикување пожар во домот „Ранка Миловановиќ“


Министерството за внатрешни работи уапсило 56-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение дека во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде престојувал, предизвикал пожар. Противпожарната бригада го исгаснала пожарот а повредени лица нема. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Пожар во казино во Ѓорче Петров


Во казино во Ѓорче Петров пред околу половична час изби пожар. На лице место интервенираат екипи од Противпожарната служба. На терен во моментов интервенираат пет возила, а се очекува да пристигне уште едно.

(Видео) Најмалку десет загинати во пожар во хотел во Камбоџа


Најмалку десет луѓе загинаа во пожар во хотелски комплекс со казино во камбоџанскиот град Појпет, што се наоѓа на границата со Тајланд. Пожарот избувнал во 23:30 часот по локално време (16:30 часот по Гринич), при што имало „околу десетмина загинати и триесет повредени”, се вели во прелиминарниот полициски извештај. Another Video- Fire At The Grand Diamond […]

Опожарена напуштена куќа во населбата Гази Баба


Напуштена куќа на улицата „127 бр.20“ во населба Гази Баба утринава е опожарена. Пожарот е изгаснат и нема повредени лица. Од Територијалната противпжарна единица на Град Скопје за МИА информираат дека во гаснењето на пожарот биле вклучени осум пожарникари и две противпожарни возила. Пожарот е пријавен во 9:25 часот. 

Пожар на траект во Њујорк, евакуирани 900 патници и членови на екипажот


Околу 900 патници беа евакуирани од службите за итни случаи од траект на њујоршкиот пловен пат во близина на Стејтен Ајленд поради пожар што избувна во погонскиот дел на бродот.   Противпожарната служба на Њујорк соопшти дека синоќа службите за итни случаи реагирале на пријава за пожар на брод во Њујоршкиот залив нешто по 17 […]

Двајца загинати во големите пожари во Чиле, изгореа 110 хектари шума и пристаништа


Најмалку две лица загинаа во големите пожари што избувнаа во крајбрежниот град Вентанас во Чиле. Две лица изгореа во шумски пожар јужно од Вентанас во близина на градот Виња дел Мар, кој зафати околу 110 хектари шума и изгоре околу 200 куќи, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Чиле. Друг пожар избувна во […]

(Видео) Голем пожар и експлозија во Србија


  Ноќеска околу еден часот избил голем пожар во Темерин, Србија, а половина час подоцна дошло и до големаексплозија, јавуваат српските медиуми. Според првите информации, нема повредени. Се работи за магацин со лесно запалливи експлозивни материјали, наведува „Телеграф“. Големата експлозија ги вознемирила станарите на околните куќи, кои се наоѓаат на 50-тина метри од магацинот, а […]