Гори зградата на руското Министерство за одбрана во Москва (Видео)


На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа црн чад што се издига од зградата. Се уште нема детали за жртви или за причините за пожарот. ‼️Russian Defence Ministry building in #Moscow on fire, Russian media reported. pic.twitter.com/QVmY492xHS — KyivPost (@KyivPost) April 5, 2023

(Видео) Голем пожар на пазар во Бангладеш – го гасат стотици пожарникари


Стотици пожарникари се обидуваат да го изгаснат огромниот пожар што утринава избувна на популарниот пазар за облека во Дака. Нема извештаи за жртви, но сопствениците на продавници и пожарникарите изјавија дека пазарот „Бонго Базар“ и уште три помали пазари околу него се речиси целосно уништени од пожарот. Портпаролот на противпожарната бригада соопшти дека во гаснењето […]

Млад бездомник добил изгореници по пожарот во напуштената куќа кај Олимписки


Во неделата, во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.20 часот настанал пожар во напуштена куќа на ул.„Благоја Деспотовски Шовељ“, во која престојувал бездомникот Р.Р.(24). Во пожарот, Р.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот, а увид извршила екипа од […]

Во пожар во Велес изгоре човек


Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице. Смртта на лицето ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека […]

Во пожар во Шпанија изгоре област со големина од 4.000 фудбалски игралишта


Првиот голем пожар во Шпанија годинава опустоши повеќе од 3.000 хектари на истокот на земјата и принуди евакуација на речиси 1.500 луѓе, објави денеска државната телевизија РТВЕ. Пожарот ја зафатил граничната област меѓу Арагон и Валенсија. Вчера и денеска се евакуирани луѓе, јавува телевизијата, која се повикува на официјални извештаи. Spain: There is a new […]

Голем пожар во Хонг Конг, евакуирани 3.400 лица


Пожарникарите во Хонг Конг се уште се борат со пожарот што избувна во магацин, и поради кој се евакуирани 3.400 луѓе, соопшти денеска полицијата. Противпожарните екипи се на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви. На две лица кои работеле во близина на локацијата каде […]

Гореше стан во Карпош 4, пожарот предизвикан од плински уред


 Пожар предизвикан од плински уред попладнево избувнал во стан на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4. Повредени лица нема, причинета е материјална штета. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени три возила и осум пожарникари.  

Утрово во пожар во куќа во Велес, изгоре маж


Утрово, во 04.27 часот во Полициската станица во Велес било пријавено дека во куќа на улица „Коле Цветков” во Велес настанал пожар. Во куќата бил пронајден починат сопственикот М.Ц.(58) од Велес, кој настрадал во пожарот. Лекар од Итна медицинска помош од Велес констатирал смрт, а пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Велес. Увид […]

(Фото) Изгоре познат ресторан во центарот на Скопје


 Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема, велат од МВР.   Како што соопшти МВР, на местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита. […]

Пожар избувна во зградата на руското Министерство за внатрешни работи


Во зградата на главната дирекција на руското Министерство за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, изјави за ТАСС извор од безбедносните служби. – Пожарот изби на третиот кат во Министерството, на улица Петровка бр. 38, петта зграда, вели изворот. Над зградата се издигнал густ чад, а според првичните информации пожарот зафатил градежни материјали лоцирани […]

Во пожар во куќа во кочанско Оризари настрада повозрасна жена


Во пожар што претпладнево избувна во семејна куќа во кочанската населба Оризари настрада повозрасна жена, а објектот е целосно оштетен. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани, веднаш по дојавата за огнот пристигнале на местото и почнале интервенција за гаснење со три возила и петмина пожарникари. -Нешто пред 10 часот добивме повик за пожар на […]

Во Индонезија 14 загинати во пожар во складиште за гориво


Најмалку 14 лица загинаа, а неколку десетици се повредени откако денеска изби пожар во државно складиште за гориво во Џакарта, што пожарникарите успеаја да го стават под контрола, соопшти индонезиската војска. Отворена е истрага за причините за пожарот, кој избувна по 20 часот по локално време во објектите на националната нафтена компанија Пертамина, изјави началникот […]

Поради пожар половина Аргентина без струја, не работи ни нуклеарната електрана


  Повеќе од половина Аргентина остана без струја откако пожар ја зафати националната електрична мрежа. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и големи делови селски региони се во потполност или делумно погодени. Пожарот, наводно, избил на отворено поле, зафаќајќи ги клучните далноводи во крабрежното подрачје и прекинувајќи ја работата на нуклеарната електрана. Инаку, ова […]

Не палете оган на отворено, пожарите се голема опасност за националниот парк Шар Планина


Институциите од Тетово со апели до граѓаните да не се пали оган на отворено за да се избегнат пожари, а особено на подрачјата на националниот парк Шар Планина. Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово велат дека деновиве со зголемување на температурите се евидентираат и пожари на отворени простори каде за жал во најголем број случаи причина е човечки фактор. –Апелираме до […]

Кривична пријава против маж од битолско за предизвикување пожар


На 20.02.2023 во СВР Битола бил извршен службен разговор со Б.Н.(60) од с.Кукуречани, битолско. Тој се сомничи дека на 18.02.2023 околу 17.00 часот во атар на село Крклино, битолско, запалил стрниште при што настанал пожар во нива кој зафатил и далновод за пренос на електрична енергија. Б.Н. го признал делото, а по целосно документирање на […]

Кумановец почина во пожар во неговата куќа


 Шеесет и деветгодишен кумановец починал откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција. Вчера во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. (69) од Куманово. – Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во […]

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


Во Основниот суд во Тетово, денеска од 10 часот продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница. На 31 јануари беше последното рочиште на кое беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговараа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои […]

Пожар во Визбегово, густиот чад се гледа и од Карпош


Пожар изби во Визбегово. Црн чад се гледа и од Карпош. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје се испратени на терен, по пријавата. Пожарот е меѓу поле со пластеници на простор до кој нема асфалтен пат. Првите соседи, посочуваат дека гори најлонот на некој од пластениците, но информациите се непотврдени. Засега нема детални информации од […]

Во пожар изгоре маж во Крушеани


Пронајдено безживотно изгорено тело во куќа во општина Кривогаштани, информираат од полицијата. На 10.02.2023 во 10.20 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Крушеани, Општина Кривогаштани настанал пожар во куќа, сопственост на Ц.П.(43), лице со здравствени проблеми, во кој целосно е опожарен инвентарот во куќата и кровната конструкција. При увидот, во една просторија пронајдено […]

Еден повреден во пожар во куќа во селото Пресил


Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Крушево во која се наведува дека на ден 11.02.2023 година во период од 3.05 до 8 часот интервенирала на запалена куќа во с.Пресил, општина Крушево. Во гаснењето на пожарот интервенирале 8 пожарникари со 3 ПП возила. Во пожарот едно лице се здобило со телесни повреди и истото […]