(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва: „Мислиме дека пожарот е подметнат“


Најмалку едно лице загина како последица на голем пожар во хипермаркетот ОБИ, кој се наоѓа во трговскиот центар Мега Химки во Московската област. Според последните податоци, пожарот, кој зафати површина од 18 илјади метри квадратни метри, локализиран е на седум илјади квадратни метри, јави руската агенција ТАСС, дополнувајќи дека е планирано во гаснењето на пожарот […]

Во пожар изгорела храна за добиток во Војник, Старо Нагоричане


Храна за добиток изгорела во пожар во село Војник, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и потврдија од противпожарната единица од Старо Нагоричане. Пожарот избувнал ноќва во 02:15 часот. -Брзо интервениравме и се спречи проширување на пожарот накај блиските тополите и накај добитокот, изјави Иван Трајановиќ, пожарникар од […]

Пожар во продажен објект во Скопје


Вчера (29.11.2022) во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Киро Глигоров“, при што бил опожарен предниот дел од објектот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Во изминатите 24 часа девет лица го загубија животот во пожари во станови низ Украина


 Украинските власти денеска соопштија дека во изминатите 24 часа девет лица загинале во пожари при обид да ги загреат своите станови, а притоа ги  прекршиле безбедносните правила. Во официјалното соопштение се наведува дека бројот на пожари се зголемува бидејќи, поради редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија, Украинците се повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, […]

Десет мртви во пожар во станбена зграда во Кина


Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг, јави државната телевизија CTV. Според телевизијата, причина за пожарот што избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник. Британските медиуми пренесуваат дека деветмина повредени се задржани во болница поради труење со […]

Трагедија во Кина – најмалку 38 луѓе загинаа во пожар во фабрика


  Најмалку 38 луѓе загинаа, а двајца се водат како исчезнати во вчерашниот пожар што изби во фабрика во кинеската централна покраина Хенан. Како што јави денеска кинеската новинска агенција Синхуа, пожарот избувна вчера попладне во фабрика во градот Ањанг. Во Кина чести се индустриските несреќи поради непочитување на безбедносните прописи. Во март 2019 година […]

Расчистен случајот со пожарот во студентскиот дом „Пелагонија“


Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 10 часот бил извршен службен разговор со Н.Ј.(35) од Скопје поради сомнение дека на 11.11.2022 во канцеларијата на директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, поради непродолжен договор за работа, со тврд предмет оштетил дел од инвентарот и со бензин предизвикал пожар. Како што информираа денеска од МВР, во […]

Запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“


 Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода. Како што посочи МВР, директорот А.Ф. (36) пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар. Од МВР велат дека нема повредени до […]

Најмалку 10 жртви во пожар на Малдивите


Најмалку 10 лица загинаа во пожар што зафати дом на работници мигранти во Мале во раните утрински часови, соопштија одбранбените сили на Малдивите, пренесе германската новинска агенција ДПА. Пожарот изби во гаража на приземје, за потоа да се прошири на првиот кат, каде се наоѓаа просториите на работниците. Во зградата беа сместени 38 работници, најголем […]

За 7 декември одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


Во Основниот суд во Тетово и денеска беше одложен почетокот на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница што се случи на 8 септември 2021 година, во кој 14 луѓе ги загубија животите, а десетина беа повредени.   Судијата Јордан Велковски го одложи судењето за 7 декември откако еден од обвинетите повторно немаше адвокат бранител. Причина […]

Трет обид за почеток на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница


  Во Основен суд – Тетово денеска во 10 часот треба да почне судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица. По десетмесечната истрага, почетокот на судењето беше закажано за 6 септември, па се одложи […]

Петнаесет загинати во пожар во бар во Русија


Најмалку 15 лица загинаа синоќа во бар во Русија во градот Кострома, на околу 300 километри североисточно од Москва, јавува агенцијата ТАСС, наведувајќи дека пожарот е можно да бил предизвикан од пијан маж кој испукал сигнална ракета. Во првите извештаи гувернерот на таа област Сергеј Ситников преку Телеграм пренесе дека загинале 13 лица, а петмина […]

Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод


 Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид. Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен. Во гасењето на пожарот вчера  интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Според последните информации, пожарот се движи […]

МВР со хеликоптер гаси пожар помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница (видео)


По пријава на Центарот за управување со кризи Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска интервенираше на подрачјето помеѓу Македонски Брод и Општина Пласница со еден хеликоптер од типот Bell 212 при што се исфрлени над 7 тони вода. Според најавите од МВР, гаснењето на пожарот ќе продолжи утре наутро со крајна цел ставање на […]

(Видео) Гори магацин за нафта во град под руска окупација


Локалните медиуми јавуваат дека гори складиште за нафта во Шактарск, украински град под руска окупација во источниот регион Доњецк.   An oil depot in occupied #Shakhtarsk, #Donetsk region caught fire. pic.twitter.com/GV3CXR2vep — NEXTA (@nexta_tv) October 27, 2022 Прорускиот водач на градот, Виталиј Коценко, кој беше назначен од Москва, изјави за руската агенција Тасс дека 12 […]

Во Шпанија повторно избувна шумски пожар, евакуирани две села


Големиот шумски пожар што беснее во долината Мена во северна Шпанија, принуди од вчера да се евакуираат две села, јави денеска весникот Ел Паис, цитирајќи ги локалните власти. Пожарот во западниот дел на Баскија и северниот дел на провинцијата Бургос избувна во неделата по неколкунеделна пауза од пожарите што ја погодија Шпанија во текот на летото. Уништени се повеќе […]

Изгореа два стана во Штип, евакуирани станарите од зградата


  Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол“ во Штип. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека излекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.   Известувачот на МИА […]

Стотици пожарникари се борат со пожар на планината Килиманџаро во Танзанија


Стотици пожарникари денеска го гасат пожарот на планината Килиманџаро, соопштија локалните власти во Танзанија. Никој не е повреден во пожарот што избувна во петокот, изјави регионалниот комесар Нурдин Бабу за ДПА, додавајќи дека причината допрва треба да се утврди. Густите облаци чад како и ветровите им ја отежнуваа работата на 320-те пожарникари, а пожарот гори на надморска височина од околу […]

Изгоре стан во Аеродром, се запалил од плинска боца


Стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца. Пожарот кој е пријавен нешто пред 10 часот е изгаснат и нема жртви. Интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Огромен пожар во Мексико, изгореа куќи, автомобили и железничка пруга


Голем пожар избувна во централно Мексико кога цистерна со гориво удри во надвозник покрај железничка пруга. Пожарот зафати поголем број куќи, автомобили и дека од железничка пруга, па населението било евакуирано. Густ чад брзо ја покри областа, по што дошло до голема евакуација. Нема жртви, соопштија локалните власти. На една од снимките што се шири […]