Шумски пожар во близина на манастир во Света гора


Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.  Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, […]

Најмалку шест загинати во пожар во пензионерски дом во Милано


Најмалку шест лица загинаа во пожар што рано утринава се појави во пензионерски дом во Милано, пренесе ДПА. Вкупно 81 лице се пренсени во болница, од кои две во мнопги сериозна здравствена состојба, јаво АНСА утринава. Акцијата на противпожарната бригада се уште е во тек, а засега не се знаат детали за причината на пожарот. 

Бизарно: Радовишанец потпалил осум влезни врати во станови


Во вторникот, во 13.20 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 5.40 часот подметнал пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична […]

(Видео) Во пожар по експлозија во Париз повредени 25 лица, четворица критично


Пожарот што денеска избувна во Париз по силна експлозија најверојатно на гас е ставен под контрола, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез. „Пожарот е под контрола“, изјави Нуњез, додавајќи дека 25 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Експлозијата на гас се случи во 5-от арондисман околу 17 часот по локално […]

Пожар по експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија


Експлозија проследена со пожар се случи во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, која се наоѓа во градот Наводари, округот Констанца, наведува Секторот за вонредни состојби според првичните информации. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција. На местото на настанот се испратени девет специјални противпожарни возила – две од областа Курас, две од Јаломитса, едно од […]

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија


 Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк. Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг. Причината за пожарот засега не е позната. Паркот е отворен во 1975 […]

За пожарите ќе се информира електронски, преку социјални медиуми


Апел за внимателно однесување во природа, беше упатен денеска од организираната кампања за заштита на шуми од пожар и на отворени простори, од страна на  Противпожарниот сојуз на Македонија, со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, ДЗС и Македонски шуми. – Кампањата има за цел граѓаните преку делење на флаери да бидат едуцирани за заштита на […]

Почнува кампањата за заштита на шумите од пожари


 Со јавен настан на плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска почнува јавната кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од пожари во летниот период. Кампањата, традиционално, ја организира Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ) во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје (ГППС) и Општинските противпожарни сојузи на Град Скопје (ОППС). За време […]

Пожар во средното училиште за физичка култура, нема жртви, ниту поголеми штети


Во Државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје денеска избувна пожар, кој како што информираа за МИА од скопската Противпожарна бригада, бил успшено изгаснат и не предизвикал поголеми штети. – Имаше зачадување во просторот. На терен беа испратени 11 пожарникари, односно три противпожарни возила чисто превентивно, но пожарот не беше голем […]

Тројца загинати во пожар во магацин за хартија во близина на Москва


 Три лица загинаа во пожар што избувна утрово во складиште за хартија во близина на Москва, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на службите за итни случаи. – Се запали магацин со хартија и картон во Одинцово кај Москва … Тројца работници загинаа, пожарот е изгаснат, изјави претставник на службата за итни случаи. […]

Ѝ го одзеле мобилниот телефон, па го запалила интернатот, настрадаа 19 деца


Ученичка го подметнала пожарот во интернатот во Гвајана, во кој загинаа 19 деца, откако управата на домот и го одзела мобилниот телефон, соопшти полицијата. Пожарот го зафатил интернатот во училиштето во Махди, град во централниот дел на јужноамериканската земја Гвајана во понеделникот околу полноќ, а повеќето од децата, од кои најмалото имало пет години, починале […]

Пожар во дом за стари лица во БиХ, евакуирани околу 90 лица


Во Домот за стари лица во Зеница и во централниот дел на БиХ во неделата нешто пред 23 часот избувна пожар, по што набрзо почна евакуацијата на околу 90 корисници на услугите, пишуваат локалните медиуми. „Имаше пожар. Сите надлежни се на лице место. Има многу ранливи луѓе“, изјавија од полицијата за локалниот портал „072“. На […]

Голем пожар во Шпанија, стотици евакуирани


Шумски пожар во западниот шпански регион Екстремадура опустоши околу 1.500 хектари земја и принуди 550 луѓе да ги напуштат своите домови, а ветровитото време ги отежнува напорите да се стави пожарот под контрола, соопштија службите за итни случаи. „Многу силните налети на ветерот ги отежнуваат напорите за гаснење на пожарот“, изјави командантот на воената единица […]

Пожар во станбени контејнери во Брно, осум мртви – на прозорците имало решетки


Најмалку осум лица загинаа во разорниот пожар кој зафати неколку станбени контејнери во чешкиот град Брно, соопштија денеска пожарникарите. Пожарот избувнал околу 2 часот по полноќ и брзо се проширил, изјави портпаролот на противпожарната служба во Брно, на југоистокот на земјата. Никој од жителите не можеше да се спаси од пожарот. „Не можевме да помогнеме […]

(Видео) Пожар проголта луксузна зграда кај Бодрум! Граѓаните скокаа од балкони


Огромен пожар зафати луксузен станбен блок во Измир, а преплашените станари прескокнувале балкони за да си го спасат животот. Пожар зафатил зграда во Турција, со драматични слики на кои пламенот го осветлува ноќното небо. Очевидци изјавија дека пожарот брзо го зафатил целиот блок, бидејќи биле забележани станари како скокаат од балконите. На видеото од местото […]

(Видео) Голем пожар на Урал: Изгореа 178 згради, едно лице загина


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото. 🔥 Russia is on fire again. The […]

Ништо не остана од фабриката „Тила“ по пожарот, но тие не се откажуваат


Големиот пожар што вчера околу 13 часот ја зафати прилепската конфекциска фабрика „Тила“ уште истиот ден беше локализиран, а пожарникарите останаа цела вечер да контролираат нешто повторно да не се запали.  Според објавата на социјалните мрежи, од сопственичките, од фабриката не останало ништо. Сите материјали со кои требало да работат се изгорени, а просториите уништени.  […]

Пожар во текстилната фабрика „Тила“ – зафатени сончевите колектори


Околу 13 часот избувна пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп. Зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори. Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот кој се уште гори. Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало […]

Во пожар во станбена зграда во Дубаи загинаа 16 луѓе


Пожар во станбена зграда во Дубаи однесе 16 животи, а уште девет се повредени, пренесе АФП, повикувајќи се на локалните медиуми. Пожарот избувнал вчера во зграда во Ал-Рас, една од старите населби во градот, во која живеат многу странски работници. „Прелиминарните податоци покажуваат дека пожарот е резултат на непочитување на безбедносните и безбедносните барања во […]

Голем пожар во Јужна Кореја


Стотици луѓе се евакуирани поради големиот пожар што денеска зафати делови од јужнокорејскиот крајбрежен град Гангнеунг во источниот дел на земјата. Најмалку 44 куќи се уништени во пожарот, а повеќе од 300 луѓе се евакуирани, соопшти Министерството за одбрана и безбедност на Јужна Кореја. На терен се повеќе од 300 противпожарни возила и 700 пожарникари кои […]