Се разгоре пожарот во близина на грчките градови Волос и Ламиа, зафати и магацин со муниција


Вон контрола е ситуацијата со пожарите во областа Магнисија во централна Грција, откако попладнево се разгореа пожарите во близина на Волос и Ламија, огнената стихија зафати и магацин со муниција на военото воздухопловство и се слушаат експлозии, а паралелно евакуирани се жителите на низа населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Поради силниот ветер, […]

Пожар кај селото Страчинци


Пожар на територијата на село Страчинци е пријавен утринава на Единствениот број за итни ситуации 112 во Центарот за управување со кризи во скопскиот регион.  Како што известија од ЦУК, се работи за пожар што брзо се шири и кон околните куќи и дека најверојатно е подметнат. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита интервенира на […]

Пожари во близина на грчките градови Велестино и Ламија, превентивно  евакуирани населени места 


Освен на Родос и Крф, каде што пожарите сè уште не се ставени под контрола и противпожарните сили водат битка со огнената стихија, попладнево избија нови пожари во близина на градовите Ламија и Велестино во централна Грција, а превентивно беа евакуирани населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција […]

Во пожарите во Алжир досега 34 мртви, северот на Африка на удар на топлотен бран


 Бројот на жртви од шумските пожари во Алжир се зголеми на 34, додека северноафриканските земји се погодени од топлотен бран, јавува Хина, повикувајќи се на ДПА. Министерството за внатрешни работи на Алжир соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и 10 војници. Околу 8.000 припадници на цивилната заштита се излезени на терен да им помогнат […]

Шумски пожар беснее кај Демир Хисар


Во атар на с.Стругово во близина на Демир Хисар е регистриран шумски пожар. По добиената пријава од страна на ПШС „Бигла“ Демир Хисар упатени се 5 работници и 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Демир Хисар, велат од РЦУК – Демир Хисар. Оттаму дополнуваат дека видот на горливиот материјал и зафатената површина ќе […]

(Видео) Грција во црвено – пожари, невреме и земјотрес на Крит


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит. Eпицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори, a е регистриран на длабочина од 8,4 километри. Бил почувствуван и во околните места. Инаку, Грција се соочува со повеќе природни карастрофи. Состојбата е во црвено. Со денови е […]

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче


Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола. -Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје. Со пожарот, како што посочија, се […]

Градската депонија во Велес изгасната, но сѐ уште под засилена контрола


Градската депонија за смет во Велес лоцирана над градот кај Штипско џаде, која се запали вчера попладне, е изгасната ноќеска со големо залагање на вработените  од ЈКП„Дервен“ и екипа на Противпожарната единица од Велес. Екипите на Пожарната таму беа од 17,30 до 23 часот кога пожарот беше изгаснат. Сепак, екипи на ЈКП„Дервен“ и денеска го […]

ЦУК: Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во Дељадровце, Скопско, гори нискостеблеста шума


– Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско, е пријавен попладнево на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи – ЦУК. Како што соопштија од ЦУК, според првични информации, гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.  -По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и веќе […]

Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос сѐ уште е активен


Уште една ноќ, пожарникарите во Грција се бореа со огнените јазици и успеаа да го стават под контрола пожарот што од понеделникот се ширеше во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, иако постојат повремени разгорувања, додека пак оној на островот Родос, што е во непрооден планински дел, сѐ е уште активен, јави […]

Романија, Словачка и Полска испраќаат пожарникари во Грција


Романија, Словачка и Полска одговориле на грчкото барање преку ЕУ механизмот за цивилна заштита  за помош во гаснењето на пожарите и во Грција испраќаат над 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.  Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос соопшти дека Грција побарала три пешадиски тима и возила, а позитивно одговориле трите земји. […]

Вон контрола пожарите на грчкиот остров Родос и во западниот дел на областа Атика, се евакуираат села


ри села и хотел во планински дел на грчкиот остров Родос и две села во Мегара, во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, се евакуираат поради пожарите што сè уште не се ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.  Преку бројот 112 за итни случаи од жителите на селата во […]

Проширен пожарот во западниот дел на Атика, изгорени домови и битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата


Шумскиот пожар во Дервенохорија на границата помеѓу областите Виотија и Атика, брзо се прошири во западниот дел на Атина, доби големи размери и утврдена е материјална штета, додека пожарот во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, се уште не е ставен под контрола, според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис , јави дописничката […]

Пожарот во атарите на селата Софилари и Пенуш се уште не е изгаснат


Пожарот од депонијата „Трештена скала“ до штипското село Софилари се уште не е изгаснат. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека во моментов пожарот се локализира со 14 пожарникари и четири противпожарни возила на ТППЕ-Штип. Пожарот сега е насочен кон селото Пенуш, какошто вели Коцев екипата веќе е замината и кон оваа место. -Таму ќе […]

Во Грција поради пожарите се евакуирани 1.200 деца од летните кампови


Вкупно 1.200 деца се евакуирани денеска од летните кампови загрозени од пожари во близина на приморското одморалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти. Спасивме 1.200 деца кои беа во летни кампови“, соопштија локалните власти. Два пожари избувнаа денеска на истокот и на западот на Атина, додека еден од нив, неконтролиран и поттикнат од […]

Вон контрола пожарот во источниот дел на областа Атика, превентивно евакуирани четири населби


 Преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано од жителите на четири населби во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина превентивно да се евакуираат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а неофицијално огнените јазици веќе се блиску до домови, јави дописничката на МИА од Атина.  […]

Почна увидот во кумановскиот суд


Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што избувна завчера. – Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување […]

Одложен за утре увидот за пожарот во кумановскиот суд, денеска ќе дежура противпожарна стража


Противпожарна стража ќе има во текот на целиот ден пред кумановскиот суд, информираа денеска надлежните. Мирис на чад се уште се чувствува околу судот. Освен противпожарна екипа на терен се и претставници од МВР, од судот, обвинителство. Увидот е одложен, поради укажувањата на противпожарната единица, соопшти шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани во изјавата […]

Во Мексико девет лица загинаа во пожар на пазар


 Девет лица загинаа во пожар на голем пазар во Толука, петтиот по големина град во Мексико, соопштија властите доцна синоќа. Едно лице е повредено и пренесено во болница, информираат надлежните од местото лоцирано на околу 65 километри западно од главниот град на Мексико. Пазарот на Толука е втор по големина во Мексико, со 26.000 посетители […]

Локализиран шумскиот пожар кај Света Гора


Противпожарната служба на Грција го локализираше пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во непрооден дел, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.  Според противпожарната служба, во гаснењето учествуваат 45 пожарникари со 11 возила и четири пешадиски тима, а повремено интервенираат четири авиони и два […]