(Видео) Пожарот во Самоков се прошири кон село Рамне, изгорени дел од гробиштата, камбанаријата и мензата


Пожарот кој избувна кај фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во Самоков вчеравечер се проширил во правец на село Рамне каде што изгорел дел од црковниот двор со гробиштата, дел од мензата и дел од камбанаријата. Справувањето со пожарот се одвива само од копно и со голема помош на жителите на локалните села кои со […]

Подметнат е пожарот кај Блаце – најдени палети намачкани со бензин (видео)


Постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат. Ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Според него, биле пронајдени дрвени палети. Првиот човек на ДЗС истакна дека на местото на избувнувањето на пожарот, видел како линијата на оган е многу широка како пожар кој би […]

Пожар во кругот на болницата во Битола, не се загрозени вработените и пациентите


Во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола изби пожар од запалена сува трева. Надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените.  -Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. […]

Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола


Пожарот на територијата на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел, а регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема […]

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце


 Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР. Оттаму додават дека во координација со другите надлежни институции Министерството презема мерки за гаснење на пожарот. Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце […]

Пак гори кај Самоков – кај фабриката за оружје


По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово […]

Прва човечка жртва во пожарите во Скопско: Пронајдено изгорено човечко тело


Вчерашните пожари во околината на Скопје ја зедоа првата жртва. – На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот […]

ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат


 Во општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Чучер, каде гори мешана шума и ниска вегетација, екипите за гаснење се сè уште на терен и активно интервенираат. Еден крак од пожарот е пресечен и изгаснат, но останува уште еден активен крак кој се шири кон сосема непристапен ридско-планински терен, објавија од Центарот за управување со […]

Хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода на пожарот кај Блаце


Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информираа вечерва од МВР.  Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК се вклучија во активности за гаснење на […]

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично


Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ. – Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна […]

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, се движи кон шума


Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума, соопшти Центарот за управување со кризи.  Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на самото место каде што се наоѓаат  и припадници на полицијата, а известени се и ЕЛС Чучер Сандево и ЈП Караџица. ЦУК информира дека […]

ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат


Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, информираат од Центарот за управување со кризи.  Регионалниот ЦУК Македонски Брод претходно извести дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“, при што опожарен е магацин/хала со […]

Уште едно лице загина во пожар во Турција, група поврзана со ПКК тврди дека ги подметнува


Уште едно лице загина во пожарот што беснее седми ден во западната турска провинција Измир. Втора жртва е оператор на багер, Ибрахим Демир, кој загина борејќи се со пожар во округот Одемиш, објави Ројтерс. Претходно, 81-годишен маж во истата област почина кога пожарот стигна до неговиот дом, што е првата смртна жртва откако пожарот започна. […]

Во Шпанија, од пожарот, се создаде опасен феномен – пирокумулус (видео)


Големиот пожар што ја зафати областа Љеида во Каталонија донесе со себе природен феномен наречен огнен облак, т.е. пирокумулус. Според шпанските медиуми, пожарот се ширел со брзина од 28 километри на час, а неговото брзо ширење било предизвикано од многу суво време, како и од формирањето на пирокумулус, што било предизвикано од атмосферската нестабилност. 🔴🔥 […]

Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани


Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари. -Гасењето на огнот […]

По пожарот во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи: Осигурителните компании нè измамија


Луис Касарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадина, североисточно од центарот на Лос Анџелес, во јануари. Но, кога се вратил, го пречекало отровно изненадување: куќата била покриена со оловен пепел, сосем нездраво за живеење. Неговото осигурување одбило да ги покрие трошоците за чистење. „Кога ја видовме […]

Згаснат пожарот на Халкидики – на Крит сè уште активен


 Без активно жариште e шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, што избувна вчера околу 16 часот по локално време, информираше утрово портпарлот на Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина. Според Ватракојанис, пожарникарите продолжуваат со фрлање вода во целиот дел на пожарот, интервенираат 160 пожарникари […]

Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака


 Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за […]

На застарени БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ им се вградуваат резервоари за вода да гаснат пожари летово


Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и одбрана, се прилагодуваат за гасење пожари на непристапен терен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава државата е драматично поподготвена за пожарите во однос на претходните години. Тој кажа дека пожари ќе се гасат како и досега со армиските и полициските хеликоптери како и со авионите […]

Пожар во подрумските простории на зграда во Аеродром


Вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар. „Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.