Пензионерите Арсовски и Михалчев годинава пак ќе летаат со „ер трактори“ и ќе гасат пожари


Поради отсуство на нови обучени кадри, истите пензионирани пилоти кои лани храбро се бореа со огнените стихии повторно ќе ги управуваат авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Стојанче Ангелов, в.д. директор на ДЗС, вчера официјално потпиша договор за ангажман со ветераните Стоје Арсовски и Васко Михалчев – пилоти кои и минатото […]

Во Светиниколско регистрирани два пожари


Светиниколските пожарникари вчера имале две интервенции, од кои првата на нива со јачмен, а втората во близина на фабрика. Во писменото соопштение од Секторот за внатрешни работи се вели дека вчера околу 15.50 часот во СВР Штип е пријавено дека во атар на село Црнилиште, Свети Николе настанал пожар во нива со јачмен, која под […]

Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе кај бензинска пумпа во Оризари


Голем пожар избувна ноќеска во Кочани, при што биле опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма, информираат од СВР Штип. Инцидентот се случил околу 02:30 часот по полноќ, во близина на бензинска пумпа во кочанската населба Оризари. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, пожарот бил локализиран и изгаснат, […]

Шест пожари за еден ден во Кумановско


Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени површини со жито во липковското Ропаљце и во кумановско Клечовце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Во Клечовце гореле житни површини од околу три хектари, во интервенцијата учествувале и вработени од приватен субјект кој е во непосредна близина на опожарената површина. […]

Опожарени два дома во Куманово, граѓаните реагираат на секојдневно палење смет


Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа. Во попладневните часови била опожарена куќа во центарот на Куманово на улицата „Пионерска“. На пожарот интервенирале две екипи со шестмина пожарникари. ТППЕ Куманово […]

Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина


 Голем пожар избувна кусо пред 13 часот по локално време во близина на населени места во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а преку две пораки од бројот 112 за итни случаи беше побарано до сите оние кои се во близина, да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Од Противпожарната […]

Трет ден активен пожарот на нискостеблеста шума во Липковско, нема опасност од проширување


 Трет ден активен е пожарот на непристапен терен над липковските села Лојане и Ваксинце, информираа  денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На пожарот во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума екипите на „Национални Шуми“ интервенираат со моторни возила. Како што информираат од РЦУК, вработените од кумановската подружница успеале да го […]

Пожар во отпад за пластика и гуми, црн облак од дим го покри Куманово


Гори отпад за стари автомобили, гуми и пластика, кој се наоѓа на ул. „Индустриска“ во Куманово, јавува Kumanovonews. Од Противпожарната единица Куманово, за Кумановоњуз кажаа дека отпадот се запалил околу 18 часот, и нивни екипи од цела смена, со три противпожарни возила и десетина пожарникари се на терен. Местото го обезбедуваат и полициски службеници од […]

Гори Вардариште, а Аеродром, Маџари, Хиподром, Јурумлери немаат струја


Два дена гори Вардариште, а во моментот екипи на противпожарната служба повторно го гасат пожарот. Граѓани незадоволни на официјалните Фејсбук страници на општина Аеродром и неформалните групи споделуваат фотографи и испраѓаат повици да се стави крај на оваа практика, на Вардариште да се палат кабли за да се дојде до бакарот во нив. Денеска пак, […]

Мицкоски го охрабрува обвинителството да истражува дали уште некој има одговорност за пожарот во „Пулс“


Премиерот Христијан Мицкоски го охрабри Обвинителството да работи понатаму и да утврдува дали уште некој друг има одговорност во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во која животите ги загубија 62 млади луѓе и околу 200 беа повредени. По вчерашното одредување мерка притвор од 30 дена за вистинскиот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, […]

Пожар во затвор во Сплит, неколку затвореници хоспитализирани


Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба. Пожарот, кој избувна во една од ќелиите околу 21:30 часот, беше главно изгаснат од затворските службеници пред пристигнувањето на пожарникарите. Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница […]

Се запали склад за градежни материјали во скопска Гази Баба


Пожар избувна вчера во склад за градежни материјали во скопска Гази Баба.  – На 08.06.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во склад за градежни материјали, сопственост на О.Б.(55) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил […]

Затворска казна за четворица обвинети за пожарите во близина на Атина пред седум година


Четворица обвинети за катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 104 лица, добија петгодишна затворска казна, без можност за откупување, додека пак останатите шестмина проласени за виновни можат казната од пет години да ја откупат по десет евра од ден, […]

Евакуирани 17.000 луѓе поради шумски пожари во централна Канада


Повеќе од 17.000 луѓе беа евакуирани денеска во провинцијата Манитоба, централна Канада, откако се соочи со многу лош почеток на сезоната на шумски пожари, соопштија локалните власти. Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја […]

Пожарот бил во ресторан во Лисиче – повреден сопственикот


МВР со детали за пожарот кој се случи доцна синоќа во скопско Лисиче. – На 18.05.2025 во 21.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во населба Лисиче, скопско. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Притоа, поради изгореница на раката и вдишување на чад, сопственикот […]

Се чистат шумите и се прават обрачи за нивна заштита од пожари


Вработени во ЈП „Национални шуми“ ги чистат шумите, а потоа со механизација прават обрачи. Ова се дел од мерките што се преземаат за да не повторат шумските пожари од минатата година, кога изгореа илјадници дрвја, а угинаа дивеч и птици. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека правењето на заштитни обрачи низ […]

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава


Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година. – Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое […]

Хрватскиот „канадер“ се вратил, пожарот изгаснат пред да стигне до Израел


Канадски авион со екипаж од хрватските воздухопловни сили, кој вчера тргна во меѓународна мисија за гаснење на пожарот во близина на Ерусалим, се врати во Хрватска поради нормализирање на ситуацијата на местата на пожарот. Благодарение на обилните врнежи од дожд, пожарите во Ерусалим беа ставени под контрола и соодветно на тоа, интервенцијата на хрватскиот тим […]

Излетници не го изгасиле убаво огнот за 1 Мај – изгореа куќа и штала


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие. – Пожарникарите од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, вчера од 13.55 до 18.00 часот со 2 возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа и штала во селото Марчино која се запалила од ооставен недогаснат оган од страна […]

Гори барака во Скопје на улица „Самоилова“


Пожар избувнал во барака на ул. „Самоилова“ бр. 30 во Скопје, а информацијата била пријавена преку бројот за итни повици 112. На терен веднаш интервенирале екипи на Бригадата за Противпожарна Заштита (БППЗ) на Град Скопје, кои ги преземаат сите потребни мерки за гаснење на пожарот. Во моментов се преземаат активности за обезбедување на теренот.