Дополнитела воздушна поддршка за гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен регионалниот пат Тетово – Скопје


Во гаснење на пожарот помеѓу Желино и Еребино, со кој се зафатени сува вегетација и грмушки, од 16 часот ќе бидат вклучени два авиона „Ер трактор“, најави Дирекцијата за заштита и спасување.  На терен веќе се дејствува со еден армиски хеликоптер, еден полициски камиони марка МАН со цистерна од осум тона и воден топ, два […]

Поради пожар, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје од Добарски надвозник до Џезо Петрол


АМСМ соопшти дека од 13:15 часот регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бензинска пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај поради избувнат пожар.  Сообраќајот се пренасочува по Автопат Тетово-Скопје-Тетово кај село Групчин и село Желино. 

Гореше стан во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице


Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“. Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице. Сите останати станови беа […]

Пожарот делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци


Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. – Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно […]

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.   Возилата се пренасочуваат кон Петровец.   Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за […]

(Видео) Страотен пожар во трговски центар во Ирак, најмалку 60 жртви


Повеќе од 60 лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа во пожар во трговски центар во регионот Васит во источен Ирак, соопштија локалните власти, објавувајќи нов биланс  на жртви од несреќата, откако претходно беше објавено дека во трагедијата загинале 50 луѓе. Ирачкото Министерство за внатрешни работи објави дека 61 лице загинало во пожар што избувнал вчера […]

Уапсени 20 подметнувачи на пожари, а шумите уште ни горат


Во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, […]

ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три


 Активни се шест пожари на отворен простор заклучно со 12:30 часот, од вкупно девет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Изгаснати се три пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Дојран кај с. Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Чучер-Сандево кај с. Горњани каде […]

Се запали полициско возило во скопски Центар, двајца полицајци завршиле на лекар


Вчера околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР. Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило. Од МВР информираа дека двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Клиника за токсикологија поради вдишан чад. Пожарот е изгаснат од полициски […]

Мицкоски: Имаме и докази и приведени за подметнување на пожарите


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите. – Не само што се […]

Изгоре магацинот на „Фриком“ – сите вработени се безбедни, испораките прекинати


Пожарот во општина Чучер-Сандево вчера ги зафати и просториите на „Фриком“. Изгоре магацинот на „Фриком“, кој како дистрибутивен центар, ја снабдува цела Македонија. Благодарение на брзата реакција на службите и компанијата нема настрадани, сите вработени се на безбедно. „Најважно за нас е што ниту еден од вработените и луѓето што учествуваа во гаснењето на пожарот […]

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково


На територијата на државата до 18 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на […]

Обвинителството ги истражува причините за пожарот во Визбегово


Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово.  – Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина, информираат од Обвинителство.  […]

Во кривопаланечко Лозово пронајдено починато лице во близина на пожар


Полициски службеници на ОВР Крива Паланка пронашле починато лице во близина на пожар во село Лозаново, Кривопаланечко, соопштија од МВР. Во присуство на јавен обвинител се врши увид и се очекува подоцна да бидат соопштени причините за смртта на настраданиот. Инаку, денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, апелираше за помош, алармирајќи дека пожарот излегува од […]

Голем пожар во Ѓорче Петров – на изгорено мириса до Центар


Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров, a излезот/влезот во Скопје се прекриени со густ чад. Ветрот носи големи парчиња пепел откако пожар избувна кај гробиштата во населбата. За сега нема информации што го има предизвикано пожарот, ниту колкава е материјалната штета. Оган гори околу гробиштата и тамошната индустриска зона, а густ чад […]

Три пожари во Крива Паланка се закануваат на Лозаново – градоначалникот со апел сите да помогнат


Во населбата Лозаново и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните. – Сите екипи на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка се на терен, повикана е помош и од општина Ранковце, каде има активен пожар во село Милутинци, а на терен […]

Приведен сопственикот на отпадот во Визбегово, пожарот се гасне од земја и од воздух (фото)


Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. Во пожарот е повредено и едно лице.  – До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на […]

Едно лице повредено во пожарот во Визбегово – се гаси со „ер трактор“ и со хеликоптер


Едно лице е повредено во пожарот што денеска избувна на дивата депонија во Визбегово. Во пожарот се зафатени хаварисани возила со плински боци поради што се слушаат детонации. Нема зафатено куќи.  Министерството за внатрешни работи потврди дека едно лице е повредено и пренесено за укажување лекарска помош.  – Денеска (09.07.2025) во 09.16 ч. во СВР […]

Хермелините, пинцгауерите и БТР 80 возилата деновиве на тест во реални услови


Откако Дирекцијата за заштита и спасување пред неколку дена направи промоција на преправените стари воени возила во противпожарни возила, јавноста се прашува дали тие се ставени во употреба за гасење на актуелните пожари. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов појаснува дека тие се на тест во реални услови, а тој досега е задоволен од нив.  „Во […]

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот


Пожарот кај фабриката Самоков втор ден е активен, но според информациите што попладнево ги сподели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, нема опасност по фабриката. Под контрола се ставени три крака од пожарот.  – Директорот на фабриката и градоначалникот на Општина Македонски Брод ме известија дека нема потреба од дејство на „ер […]