Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“


Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за управување со кризи, на терен се ангажирани два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.  -На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка. Како директор на ЦУК, […]

Нов пожар кај тетовско Желино


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.  Претходно, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на територија на државата нема активни пожари.

Гори кај селото Стровија во општина Долнени


Пожарот кај селото Стровија во општина Долнени сеуште е активен, а под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.  Според информациите на ЦУК, на територија на државата до 10 часот евидентирани се 10 пожари на отворен простор. Од нив, изгаснати се осум пожари.

Под контрола два пожари на отворен простор


Податоците на Центарот за управување со кризи покажуваат дека во моментот во државава има два пожари на отворен простор кои се под контрола.  Според ЦУК, под контрола се пожарот на планината Готен кон беровска страна каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација и пожарот кај селото Стровија во општина Долнени каде […]

Сѐ уште гори на Готен: Активни се три пожари, под контрола се три, а 21 изгаснати


Од вкупно 27 пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се три, под контрола се три, а изгаснати се 21, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 20:30 часот. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово кај с. […]

Словенечкиот екипаж ja започнa мисијата за гаснење на пожарот на планината Готен


Во Берово денеска пристигна словенечкиот екипаж кој се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен, како и останатите пожари во источна Македонија. Пожарникарите од Словенија се сместија на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде по поставувањето на опремата активно се вклучија во теренските интервенции на опожарените места. Во изјава за МИА, претставник на екипажот Роберт […]

Чешкиот хеликоптер за еден ден го стави пожарот на планината Готен под контрола


Чешкиот хеликоптер „Блек хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400 литри вода се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна. Чешкиот хеликоптер, кој од денеска помага во справување со огнената стихија, која веќе е две недели и ја пустоши шумата во општините Василево, Радовиш […]

Хеликоптерот „Блек хок“ слета на скопскиот аеродром, утре ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот на Готен


Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.  Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, хеликоптерот од утре ќе се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен. – Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне […]

Се запали објект со хаварисани возила во скопско, две лица завршија во болница


Објект со хаварисани возила вчера бил опожарен во скопско.  Вчера во 12.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека над село Бучинци, општина Илинден, настанал пожар на нискостеблеста шума. Од пожарот бил опожарен еден објект со хаварисани возила, сопственост на А.К.(60) од Скопје.   Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а […]

Тимови од Чешка и Словенија ќе го гасат пожарот на Готен


Попладнево на скопскиот аеродром треба да пристигне хеликоптер „Блек хок“ од Чешка со големо ведро од три тона и седумчлен екипаж, кој ќе учествува во гасењето на пожарот на планината Готен од страната на Берово. Утре рано наутро се очекува и тимот од Словенија, составен од  61 пожарникар и 18 специјални возила за шумски пожари, […]

За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари


За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари, како и дводневната обука со теоретски предавања и многу малку безбедносна пракса, по што тие ќе бидат распоредени низ територијалните противпожарни единици. Групата од Скопје која брои нешто повеќе од 40 лица, ќе биде распределена во рамки на ДЗС. […]

Запалени скакулци ги шират пожарите


Вчера поладне повторно се разгоре пожарот на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Весна Сенева од регионалната подружница „Серта“ –Штип при ЈП „Национални шуми“ вели дека  пожарот се активираше  поради инсектите и животните кои бегаат од опожарените места и го носат кон површини кои не се зафатени. -Ова е мое лично мислење дека […]

(Видео) Пожар во близина на Шибеник, почнал од градежни работи со употреба на механизација


Малку пред 13 часот, избувна пожар во близина на Шибеник, Хрватска, а пожарот се заканува на индустриската зона, во близина на градот.  Пријавата е примена околу 12:45 часот, а пожарникарите се на местото на настанот. Пожарот се проширил преку ридот кон економската зона Поди. Два канадери и четири ер трактори, се борат со огнената стихија, […]

Девет дена се гаси пожарот на планината Готен


 Пожарот на планината Готен на страната на Берово се става под контрола. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека  едниот крак кон Берово, помеѓу Мал и Голем Готен континуирано силите на Берово со тешка механизација веќе три дена го држат под контрола и истиот е пред целосно негово локализирање. – Другиот крак […]

Изгореа овоштарници кај Перово на брегот на Преспанското Езеро (видео)


Голем пожар избувна попладнево кај селото Перово на брегот на Преспанското Езеро, информира Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видео-обраќање до медиумите рече дека е на пат кон Преспа, посочувајќи дека овој пожар, освен за селото Перово, претставуваше опасност и за околните села. „Пожарот што изби кај селото Перово на […]

Десет пожарникари загинаа во шумски пожар во централна Турција кога ветрот го сменил правецот


Десет пожарникари загинаа, а 14 се повредени додека се бореа со шумски пожар во централна Турција „Додека реагиравме на шумски пожар што избувна во Ескишехир и стигна до границата на Афионкарахисар, 24 пожарникари беа заробени во пожарот кога ветерот одеднаш се промени и ги пренасочи пламените јазици кон нив“, изјави Џумакли за новинарите.   Пожарникарите […]

Гореше куќа во Кочани, спречено да се прошири на околните објекти


Куќа се запали во Кочани, а брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објавни снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила. Неофицијално, пожарот е локализиран и е спречено да се прошири на околните објекти. Досега, нема информации за повредени лица. На снимката се слуша паника меѓу луѓето кои […]

ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет


Вкупно 38 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие. Под контрола се пет пожари, а активни се шест пожари. Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК) активни се пожарите во село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини во општините Василево, Радовиш и Берово, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска […]

Пожар во близина на Струга, тројца пожарникари завршиле во болница


Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид. Пожарот избувнал на 19 јули околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото. Во интервенцијата учествувала Територијалната […]

Пожарот кај Желино под контрола, биле најдени запалени гуми од возила


Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Со пожарот се зафатени десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. – Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше […]