40 возбудливи вечери, над 1000 уметници- почнува 62. „Охридско лето“


  Со настап на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет вечерва ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во […]

Свеченото отварање на 62. Охридско лето во знакот на италијански тенори


Четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет,  ќе го отворат 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид . Ова денеска на прес-конференција  го […]

Концерт на „Охридско лето“ по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски


Со концерт посветен на јубилејот – 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски,  фестивалот „Охридско лето“ вечер ќе го заокружи музичкиот дел од годинашната Програма. На авторската вечер во црквата „Св. Софија“ со почеток во 21:00 часот посветена на творештвото на Томислав Зогравфски, ќе настапат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија […]

Концерт на пијанистот Александар Гаџиев на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на пијанистот Александар Гаџиев. Александар Гаџиев потекнува од семејство на музичари, неговите родители се професори по пијано. Роден е во Гориција во Италија, природен крстопат на бројни култури и јазици и уште од детството е задоен со квалитетите на централно-европската култура и поднебје. Пијано започнува […]

„Охридско лето“ : Вечер со уметниците од „Бенсман“ саксофон квартетот


На програмата на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва се уметниците од „Бенсман“ саксофон квартетот, во состав Детлеф Бенсман – сопран саксофон, Тианхонг Ву –  алт саксофон, Лиу Паи – тенор саксофон и Нинослав Димов на баритон саксофон. „Бенсман“ саксофон квартетот дебитира на концертниот подиум во 2006 година со премиерна изведба на Брехтовата „Badener Lehrstuck” за хор, солисти, […]

„Парче душа“ на „Охридско лето“  – совршен остров за одмор на душата


Познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа синоќа создаде совршен остров за одмор на душата преку проектот „Парче душа“ што го изведе во рамки на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“. Во прекрасниот амбиент во предворјето на црквата „Света Софија“, актерот и носител на проектот Тодоровски-Упа заедно со неговите пријатели и соработници, актерите Гордана Енроска и […]

Турските актери од „Буре барут“ на „Свети Наум“ : Чувствуваме позитивна енергија


Турските актери, кои во петокот вечерта ја изведоа театарската претстава „Буре Барут“ на „Охридско лето“ , уживаа во посетата на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“. Со туристичкиот водич на Охридско лето го посетија манастирот и изворите на реката Црн Дрим. Беа воодушевени од богата историја, но и спојот на духовното, природното и културното богатство на […]

Турските актери од Истанбул ја носат „Буре Барут“ на „Долни Сарај“


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Буре Барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Јилдирај Шахинлер што на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот ќе ја донесат актерите на Народниот театар Истанбул. „Буре Барут“ на Дејан Дуковски е претстава што е прикажана во многу европски земји и пошироко. […]

Дуке Бојаџиев: Охрид е срцето на Македонија


Вкусен спој на различна музика што ја соедини публиката на фестивалот „Охридско лето“ направи синоќа Дуке Бојаџиев кој одржа концерт на Долни Сарај. Овој извонреден музичар кој настапува на најпрестижните концертни подиуми ширум светот меѓу кои и Карнеги Хол во Њујорк, е секогаш скромен и  со позитивна енергија што мошне лесно и’ ја пренесува на […]

Концерт на Дуке Бојаџиев на „Охридско лето“


Програмата на „Охридско лето“ за денеска предвидува две содржини, и тоа како централен настан концертот на Дуке Бојаџиев на Долни Сарај, како и мултимедијалниот проект на охридскиот уметник Драган Спасески Охридски. Дуке Бојаџиев е македонски композитор, пијанист и продуцент кој од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во […]

Пијано дуото Гебелшеви на „Охридско лето“


На програмата на „Охридско лето“ вечер е концертот на нашите уметници на пијано – дуото Гебелшеви. Уште од периодот на почетоците на своето делување во 2001 година пијано-дуото Гелебешеви составено од Катерина Гелебешева – Костадиновска и Глигор Гелебешев се промовира како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Настапите на дуото Гелебешеви […]

Албанските уметници Големи и Тершана уживаа во убавините на Охрид


Охрид е магичен, посебен  град со прекрасна енергија, воодушевено коментираа албанските музичарки, кои вчера прошетаа со туристичкиот водич на „Охридско лето“. Го посетија Музејот „Куќата на Робевци“ запознавајќи се  со автентичната градска архитектура,  болничките цркви Света Богородица и Свети Никола, Долна порта, црквата Света Софија. Со голем интерес слушаа за  365 те цркви, за историјата […]

Руската пијанистка Виолета Егорова на „Охридско лето“


Дваесет и шестиот ден од годинешното 59-то издание на Фестивалот „Охридско лето“ резервиран за целовечерен солистички концерт на руската пијанистка Виолета Егорова. Родена во Краснобар, Виолета Егорова почнала да свири пијано на четиригодишна возраст, дебитирајќи со целовечерен рецитал кога имала 12 години. Образованието го почнува во Централното училиште за талентирани деца во Москва, а продолжува […]

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички: Празник на гитарите


Пред преполн Антички театар, во магична атмосфера, големите виртуози на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ синоќа приредија  прекрасен роденденски концерт за 59. „Охридско лето“. Публиката што ја имаше од сите генерации, уживаше во беспрекорната изведба на двајцата уметници со светско реноме, а  пеејќи ги песните што се изведуваа, ги наградуваше Стефановски и Тадиќ и […]

Роденден на „Охридско лето“: Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Антички


Фестивалот „Охридско лето“ веќе по традиција својот роденден 4 август го одбележува со несекојдневни доживувања, нудејќи содржини малку поинакви од вообичаениот фестивалски концепт, со концерти насочени кон привлекување поширок аудиториум. Нашата најреномирана и најголема музичко-сценска манифестација овој 59-ти роденден ќе го прослави вечерва со концерт на познатите уметници на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ […]

Инва Мула: „Охридско лето “ е фестивал што се грижи за уметниците


-Особено ми значи што сум дел од 59-тото по ред издание на фестивалот „Охридско лето“, што подразбира дека станува збор за еден сериозен фестивал којшто навистина  се грижи за уметниците и за доловувањето на уметноста. Ова денеска на прес-конференција го изјави светски познатата оперска певица, сопранот Инва Мула од Албанија која вечерва, заедно со нејзините […]

Охридско лето: Вечер со Камерниот оркестар на МММ


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечер предвидува концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“, со уметниците Олег Кондратенко на виолина, неговата колешка на виолина Софија Никоска и саксофонистот Иван Трајановски. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е основан како прв сегмент на […]

Охридско лето: Концерт на гитаристката Елена Папандреу 


Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со вечерашниот концерт на грчката уметничка на гитара Елена Папандреу. Папандреу настапува во повеќе од 40 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, а како една од уметниците на програмата „Нови ѕвезди“ на Асоцијацијата на концертни сали на Европа добива можност да настапува и […]

Претставата Бакхи на Битолскиот театар на „Охридско лето“


Драмската програма на „Охридско лето“ за вечерва ја нуди театaрска претстава Бакхи – краток преглед на распадот по Бакхи од Еврипид, во изведба на Народниот театар од Битола. Режисерот на поставката Вук Торбица за драмата ќе каже дека од преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, […]

Овации  за концертот на Стефан Миленковиќ на „Охридско лето“: Атрактивно, летно


Долги и стоечки овации, бисови, задоволна публика и уметници кои пленија со своето музицирање и со својата скромност и внимание кон публиката. Ваква беше атмосферата синоќа во црквата „Света Софија“ на концертот на српскиот виртуоз на виолина Стефан Миленковиќ и неговиот колега, пијанистот Владимир Милошевиќ за кој се бараше карта повеќе. Дуото Миленковиќ-Милошевиќ приреди квалитетна […]