„Охридско лето“ : Концерт на руските уметници Шаповалов и Вершинин


Музичката програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на руските уметници Денис Шаповалов на виолончело и Александер Вершинин на пијано. За маестро Шаповалов познатиот Мстислав Ростропович рекол дека е брилијанен талент, на што треба да биде горд. Она што го издвојува Шаповалов од останатите надарени виолончелисти во светот е неговото комплексно продирање […]

Концерт на квартетот „Терем“ од Санкт Петербург на „Охридско лето“


Единаесеттиот ден на годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за концертот на рускиот „Терем“ квартет од Санкт Петербург, во состав Андреј Константинов-сопран домбра, Андреј Смирнов- бајан/ хармоника, Алексеј Барсчев –алт домбра и Владимир Кудрјавчев на контрабас. Основан во 1986 година од страна на студенти од фолклорно-инструменталниот оддел на државниот конзерваториум „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, […]

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“: Импресивен настап на финскиот пијанист Мустонен


Традиционалната вечер на фестивалот „Охридско лето“ синоќа донесе концерт на финскиот пијанист Оли Мустонен. Публиката во црквата „Света Софија“ уживаше во звуците од пијаното со кое беспрекорно владееше познатиот пијанист Мустонен преку Сонатата за пијано во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, Шесте мазурки на Фредерик Шопен, Сонатината во фис-мол од Јан Сибелиус, Сонатата за пијано […]

Охридско лето во знак на класичната музика и уметноста


На фестивалот Охридско лето вечерва тројна програма. Во 21 часот со црквата Св. Софија концерт ќе одржи квартетот „Асасело“: Ростислав Кожевников, виолина; Барбара Штрајл, виолина; Јустина Шлива, виола и Тееми Мјоханен, чело. Членовите на „Асасело“ кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, […]

„Охридско лето“ со полски гала-гости: Аплаузи за триото „Пендерецки“ со Хајдн, Рахмањинов и Дебиси


Триото „Пендерецки“ синоќа во црквата „Света Софија“ приреди концерт за паметење во рамките на Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Младите уметници, талентираниот пијанист Конрад Сколарски, виртуозот на виолина Јарослав Наджицки и извонредниот виолончелист Карол Марјановски изведоа пијано-трија од Јозеф Хајдн, Сергеј Рахмањинов и Клод Дебиси,а за одбраниот репертоар и за нивниот врвен артизам беа […]

Балет „Либертанго“ со Мијалкова на „Охридско лето“ 


Програмата на „Охридско лето“ вечерва нуди две содржини и тоа модерната балетска поставка „Либертанго“ на сцената „Долни Сарај“ од 22 часот и солистички концерт на уметникот на пијано Оли Мустонен од Финска. Балетската претстава „Либертанго“ на Астор Плацола е приказна што го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на […]

Полското камерно трио „Пендерецки“ на „Охридско лето“


Шестиот ден од програмата на годинешното 59-то издание на „Охридско лето“ нуди концерт на полското трио „Пендерецки“, составено од уметниците Конрад Сколарски на пијано, Јарослав Наджицки на виолина и Карол Марјановски на виолончело. Клавирското трио „Пендерецки“ е креирано со голем ентузијазам од страна на тројца од најдобрите и најзначајни полски музичари на денешницата. Долги години […]

Охридско лето: Гала концерт со првенците на НОБ


Богата програма од класичниот репертоар , од романтизам, преку класицизам и веризам, понудија солистите на Националната Опера и Балет (НОБ) од Скопје на гала концертот што се одржа синоќа во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Примадоната на оперската сцена, Весна Гиноска Илкова, првенец на НОБ и редовен професор на Факултетот за музичка уметност заедно со […]

Загрепскиот младински театар со „Хaдерсфилд“ на „Охридско лето“


Драмската програма на годинашното фестивалско издание на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Хадерсфилд“ на авторот Угљеша Шајтинец, во изведба на Младинскиот театар од Загреб и во режија на Рене Медвешек. „Хадерсфилд“ е мрачна, потресна и духовита приказна за една триесетгодишна генерација, која ги доживува последиците од војната и не гледа пред себе никаква иднина. Авторот […]

Концерт на Националната опера и балет на „Охридско лето“


Во црквата „Света Софија“ вечер концерт ќе одржи Националната опера и балет во рамките на музичкиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“. Редовни гости на фестивалот се солистите, диригентите и ансамблите на нашата опера и балет. Првиот настан на „Охридско лето“ на 4 август во 1961 година е солистичкиот концерт на Aна Липша – […]

Охридско лето: Словенечко народно гледалиште од Марибор ја отвори драмската програма


Словенечкото народно гледалиште „Драма“ од Марибор синоќа ја отвори драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ носејќи ја претставата „Самрак на боговите“ во  режија на еден од најпродуктивните хрватски режисери Далибор Матаниќ. „Самрак на боговите“ обработува исклучително тешка тема, фашизмот и безнадежнните позиции и страдања на човекот во тоа време,  но и покрај тоа, актерите со […]

Александар Поповски: Уметноста не смееме да ја нарачуваме како песна во кафана


Моќна уметничка порака завчера сподели на отварањето на „Охридско лето’ македонскиот режисер со светско реноме Александар Поповски кој е селектор на драмската програма на фестивалот. Потсети дека: „Уметноста не смееме да ја нарачуваме како песна во кафана. Треба да и го дадеме сиот простор кој и е потребен за да може самата да каже што […]

Американската амбасадорка Брнс го виде Охрид: Почнав да учам за вашата културна историја


Новата американска амбасадорка во Скопје Кејт Брнс веднаш по преземањето на новата должност, дојде и на отварањето на 59. „Охридско лето“ завчера на Античкиот театар. Таа викендов успеа да ги види и убавините на Охрид, да проба од локалните специјалитети и покрај Охридско езеро да оствари средба и со премиерот Заев. Во видео обраќање пред […]

Стилот на отворањето на „Охридско лето“: Гламурот е релативна работа


Од стилизирани апостолки до салонки со вртоглаво високи потпетици, главно без хулахопки, од ултра мини здолништа до долги тоалети, од длабоки до конзервативни деколтеа со бисери облекоа гостинките завчера во Античкиот театар на отворањето на годинешното, 59.”Охридско лето”. Машките гости беа покомотни за концертот на британската виолинистка со светска слава Ванеса Меј, ретко кој облече […]

Симфонискиот оркестар на Бријанск на „Охридско лето“


Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечер концерт ќе одржи симфонискиот оркестар на Бријанск во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“. Симфонискиот оркестар на Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, кој е уметнички директор и диригент на ансамблот. Од првите денови на постоењето овој оркестар започнал интензивна концертна активност исполнувајќи […]

Веганска храна за Ванеса Меј: Славната виолинистка доаѓа со миленичето во Охрид


Скромни се барањата на славната британска виолинистка Ванеса Меј (41) пред нејзиниот настап на отворањето на „Охридско лето“ на 12 јули. „Навистина немаше специјални барања, какви што би можеле да се очекуваат од една ѕвезда од нејзин калибар. Таа е веганка и нормално е дека ќе ѝ обезбедиме соодветни оброци. Исто така, Ванеса Меј најави […]

Џијан: Музиката е најмистериозната појава


Предавање на тема „Музиката денес“ се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во организација на Националната установа „Охридско лето“ . На оваа тема говореше познатиот македонски композитор, аранжер, продуцент, диригент и организатор на спектакуларни музички проекти,уметникот Емин Џијан кој укажа на  различните перцепции во музиката, а се задржа и на начините на кои […]

„Музиката денес“ – работилница на „Охридско лето“


 „Охридско лето“ , вечер од  18.30 часот во црквата „Св. Софија’ во Охрид ќе организира работилница на тема „Музиката денес“, на која предавач е музичарот Џијан Емин. Како што соопшти дирекцијата на фестивалот, ќе се зборува за различните перцепции на музиката, начинот на кој се создавала низ историјата и како се восприемала, како денес се […]

(Видео) Славната виолинистка Ванеса Меј ја поздрави Македонија


Светски познатата виолинистка Ванеса Меј испрати видео-порака до љубителите на уметноста во Македонија со кое ги повикува на нејзиниот концерт на 12 јули на Античкиот театар во Охрид со кој ќе биде отворено годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Таа на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните […]

Виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори „Охридско лето“ на 12 јули


Годинешното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концерт на светски познатата уметничка, британската виолинистка Ванеса Меј. Таа на Античкиот театар на 12 јули на свеченото отворање на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ, под диригентска управа на бугарскиот диригент Иван Кожухаров. […]