Поповиќ поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на НУ„Охридско лето“


  Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Оставката ја достави лично до министерот Зоран Љутков. Поповиќ ја раководи најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата […]

Концертна вечер на „Охридско лето“ со кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ.


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со концерт на кинеската сопранистка Ванже Жанг, во придружба на српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ. Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници.  Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг е визионер и голем поборник за културна […]

Швајцарска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Ботвинов, Борен и Деменга


 Триесетата вечер од годинешната програма на Фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за камерното трио од Швајцарија, со уметниците Алексеј Ботвинов на пијано, Себастиан Борен на виолина и Патрик Деменга на виолончело. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори […]

Концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“ за роденденот на „Охридско лето“


Датумот 4 август и денот кога беше одржан концертот на Ана Липша Тофовиќ што се слави како роденден на Фестивалот „Охридско лето“, по традиција секоја година нуди доживувања малку поинакви од вообичаените содржини карактеристични за фестивал на класична, камерна музика како што е „Охридско лето“. За овој 64-ти роденден публиката ќе има можност да ужива […]

Уметничкиот проект „Од Букурешт до Мадрид“ во рамки на Романската вечер на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано. Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“ […]

Драган Ѓорѓевиќ Сузуки на виолончело и Дино Имери на пијано вечерва на „Охридско лето“


На понудата на музичката програма на „Охридско лето“ денеска е целовечерниот концерт на српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, во пијано придружба на нашиот пијанист Дино Имери. Професионалната критика го оценува Драган Ѓорѓевиќ како една од најоригиналните уметнички личности на неговата генерација. Именуван како еден вид српски амбасадор на виолончелото, Драган е основач на ансамблот „Вива […]

Никола Ѓуричко пред фестивалската публика на „Охридско лето“ со стендап-шоуто „Шоу биз“


Театарската програма на „Охридско лето“ продолжува и денеска со настапот на познатиот српски глумец, Никола Ѓуричко, кој пред фестивалската публика ќе се претстави со неговото стендап-шоу насловено „Шоу биз“. Ова е второ негово самојстојно појавување пред публиката, откако пред три години имаше успешен проект „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте […]

Вечерва концерт на виолинистот Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова на „Охридско лето“


Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на американско-рускиот виолинист Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Игор Пикајзен е роден во Москва и е внук на легендарниот виолинист Виктор Пикајзен. Дипломира на „Џулијард“  во Њујорк, а магистрира и се […]

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор


– Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор. За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од  неговата генерација. Тој има настапувано како солист, камерен музичар и концерт-мајстор на концертните сцени во Велика Британија, Казахстан, Кина, […]

„Охридско лето“: Концерт на младите учесници од меѓународниот музички мајсторски курс на Перцан и Гулијева


Концерт на учесниците на меѓународниот музички мајсторски курс под раководство на пијанистката Тамила Гулијева и виолинистот Емилио Перцан ќе се одржи денеска од 17 часот во црквата „Света Софија“ во рамките на „Охридско лето“. Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан постои од 2009 година. Првите три […]

Од Карл Орф до Гершвин – Охрид ќе го памети концертот на Стефан Миленковиќ


Врвно естетско доживување приредија за бројната публика на „Охридско лето“ виртуозот на виолина со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ од Србија синоќа на  Долни Сарај во рамките на Српската вечер на фестивалот.  Публиката во исчекување на инструменталната верзија на „Кармина Бурана“  на музика од Карл Орф, ги доби за „музички […]

Виолинистот Стефан Миленковиќ со „Кармина Бурана“ вечер на Охридско лето


Со изведба на уникатното дело „Кармина Бурана“ вечер на сцената Долни Сарај ќе настапат светски познатиот виолинист, Стефан Миленковиќ и реномираниот ансамбл „Камерата Нови Сад“ во рамките на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставувајќи го проектот, денеска на прес-конференција Миленковиќ појасни дека „Кармина Бурана“ е верзија за виолина и камерен оркестар. – На тоа […]

Турскиот пијанист  Хусеин Сермет вечерва во „Света Софија“


  Турскиот пијанист и композитор со четиридецениска плодна кариера Хусеин Сермет вечерва ќе настапи во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот. Сермет е уметник кого го отсликуваат разновидни музички интереси и исклучителната музичка визија која се огледува во широкиот и […]

Сопранот Марија Јелиќ и Оркестарот од Нови Сад на „Охридско лето“- волшебен амбиент на „Долни Сарај“


Извонредниот глас на сопранот Марија Јелиќ од Србија  синоќа  одекна на сцената „Долни Сарај“, а прекрасниот амбиент беше надополнет со врвните музичари од Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија раководени од аргентинскиот диригент Луис Горелик. Солистката на вечерта Марија Јелиќ која има и македонско потекло, фестивалската публика имаше можност да […]

Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад и сопранот Марија Јелиќ вечерва на „Долни Сарај“


  Програмата на 62 издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на Оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад, Србија под диригентската палка на Аргентинецот Луис Горелик. Солист на вечерта ќе биде сопранот Марија Јелиќ. Концертот ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот. Оркестарот на […]

Концерт на камерниот ансамбл „Нов здив” во Охрид


Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Нов здив“, вечерва, во 21 часот ќе настапи во црквата „Св. Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за настан во организација на Филхармонија, кој се реализира како дел од програмата на најстариот фестивал во земјата. На програмата се „Verklärte Nacht“ за гудачки секстет од Арнолд Шенберг, „Омен“ за соло […]

Полското трио „Супниевски“ вечер на „Охридско лето“


  Полското трио „Супниевски“ вечер ќе настапи на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Триото, е основано во 2016 година од три сестри Супниевски, виолинистките Магдалена и Ана и виолончелистката Каролине. Како што стои во информацијата на Охридско лето, Каролин, Магдалена и Ана свират заедно од многу рана возраст. Студирале со реномирани музичари како Франоа […]

Првата дама Ѓоргиевска на „Охридско лето“ во тоалета како омаж на охридските мајстори на филигранот


Вечерна тоалета од свилен муслин во боја на шумски плодови како омаж на охридските мајстори на филигранот, како наше драгоцено културно наследство, избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска за отворањето на 62. Охридско лето што синоќа се отвори под покровителство на претседателот Пендаровски.   Во услови на голем  број на публика од земјата и […]

Костадиновска-Стојчевска:  И „Охридско лето“ е потврда на македонскиот идентитет како дел од европската култура


  – Со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотини шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да […]

Да уживаме во уметноста – Пендаровски го отвори 62. „Охридско лето“


  Да уживаме во уметноста, во благородното и во убавото, порача претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Пандемијата, нагласи тој, две години оневозможи вистинска фестивалска атмосфера и влијаеше врз фестивалската програма, но „Охридско лето“ на достоинствен начин се враќа со квалитетна понуда на музички и сценски настани […]