Младата пијанистка Чочиева ја збогати културната понуда на „Охридско лето“


Националната установа „Охридско лето“ приреди ново уметничко доживување за љубителите на класичната музика преку концертот на руската пијанистка Злата Чочиева што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид. Московската пијанистка имаше впечатлив настап, покажувајќи извонредна техника во музицирањето, притоа, пренесувајќи и’ на публиката позитивни емоции. – Преку совршеното музицирање и техника, талентираната пијанистка […]

„Охридско лето“: Концерт во спомен на покојниот градоначалник Стојаноски


Фестивалот „Охридско лето“ на 12 јануари ќе организира концерт на класична музика на кој ќе настапат младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 19 часот, а како што велат од оваа национална установа, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник […]

Словенечкиот уметник Дарко Брлек доаѓа на 59.„Охридско лето“


Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и  претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал,  Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба. На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек  договорија […]

Сузана Вренцовска: Успешно 58. „Охридско лето“


-Патот кој го зацртавме на самиот почеток  на фестивалот „Охридско лето“ успешно го изодевме. Реализиравме богата уметничка програма без ниту едно откажување, се покажавме како добри домаќини пред околу 800 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од 27 земји од светот, истакна денеска на завршната прес-конференција посветена на 58-то Охридско лето директорката на оваа […]

Вечер во чест на јубилејот од раѓањето на Аврамовски, Ортаков и Стојков на „Охридско лето“


Во црквата „Света Софија“ вечер во рамки на фестивалот Охридско лето ќе настапат баритонот Горан Начевски, пијанистката Јасна Аврамовска, обоистот Васил Атанасов и пијанистот Тодор Светиев заедно со Скопскиот дувачки квинтет. Концертот е во рамките на музичкиот дел од програмата на фестивалот а посветен е на јубилејот од раѓањето на македонските уметници Ристо Аврамовски, Драгослав […]

„Во агонија“ од Крлежа на „Охридско лето“


Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечер, во предворјето на црквата „Света Софија“, ќе биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа. Улогата на Лаура Ленбахова ќе ја игра Нела Кочиш, Иван племенитиот Крижовец е Озрен Грабариќ, а Барон Ленбах го толкува Дарко Стазиќ. Сценографијата е на Петра Крилетиќ, додека изборот на костимите го […]

Концерт на Дрилон Чочај на „Охридско лето“


Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма, со соло концертот на косовскиот гитарист Дрилон Чочај во катедралната црква „Света Софија“. Дрилон Чочај со гитарата се запознава на седумгодишна возраст во кругот на семејството. Подоцна се запишува во музичкото училиште „Лоренц Антони“ во Призрен, а во 2004 година ги запишува своите додипломски студии […]

Вечер на камерна музика на „Охридско лето“


Денешната музичка понуда на фестивалот „Охридско лето“ е  Вечер на камерна музика со ансамблот на „Игњац Фукс” што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот. Во ансамблот на „Игњац Фукс“ членуваат македонско-австриската виолинистка Фросина Богдановска,  хрватскиот уметник Хрвоје Филипс кој свири на виола, македонско-хрватскиот контрабасист Илин Диме Димовски, српскиот кларинетист Александар Тасиќ, […]

Ораториумот „Радомировиот псалтир“ вечерва на „Охридско лето“


Ораториумот „Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски вечерва ќе биде изведен во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапат сопранистките Весна Ѓиновска Илкова и Славица Петровска Галиќ, тенорот Благој Нацоски, басот Владимир Саздовски заедно со Оркестар и хор на Македонска опера и балет и Детски хор „Пиколо“. Диригент на вечерта е […]

„Академија на солисти“ од Казахстан вечерва на „Охридско лето“


Камерниот оркестар „Академија на солисти“  од Казахстан  е вечерашната музичката понуда на фестивалот „Охридско лето“. Во рамките на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапат  дуото пијанисти Марко Скиаво и Серџо Маркеџани од Италија и виолинистката Ајман Мусакјајева од Казахстан под диригентската палка на маестро Гудјон […]

„Кубанска вечер“ на „Охридско лето“


Популарни кубански танци од најразлични жанрови ќе понуди „Екос Фламенго“ групата во рамки на „Кубанската вечер“ предвидена за 26-тиот ден од годинешното фестивалско издание на „Охридско лето“. Станува збор за специјален проект реализиран од страна на Кубанската влада, а во Македонија и на „Охридско лето“ гостува преку соработка и на покана на македонското Министерство за […]

Со италијански и француски арии, отворено 58.„Охридско лето“


Охрид од вечерва се до 20 август ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето“. Со најпознатите италијански и француски арии за сопран и тенор во изведба на романските уметници Елена Мошуц и Калин Братеску, во придружба на уметниците од Македонската филхармонија предводени од маестро Николае Молдовеану, вечерва на Античкиот театар […]

Свечено отварање на 58. издание на фестивалот „Охридско лето“


Голема чест за нас претставува укажаната доверба ние да го отвориме фестивалот „Охридско лето“. Максимално ќе се вложиме, ќе дадеме сè од себе на публиката да ѝ донесеме незаборавно искуство и концерт за паметење. Тоа вчера од Охрид го порачаа ѕвездите за вечерашниот концерт на отворањето на 58. издание на „Охридско лето“, сопранистката Елена Мошуц, […]

Сè е подготвено за 40-те фестивалски денови: Повеќе од 800 уметници на 58. „Охридско лето“


Градот Охрид и Националната установа „Охридско лето“ ги завршуваат последните подготовки за претстојното 58. по ред издание на најголемата и најреномирана музичко-сценска манифестација во земјава – фестивалот „Охридско лето“. Сè е подготвено за претстојните 40 дена возбуда што пред бројната фестивалска публика ќе ја донесат повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и […]

Романската оперска дива Елена Мошуц го отвара „Охридско лето“


Повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и светот, славни имиња од светската музичка елита и врвни театарски креации, ќе бидат дел од годинешното издание на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Честа да го отвори годинешното фестивалско издание и припадна на романската оперска дива Елена Мошуц, која на 12 […]

Васо Ристов и Александар Поповски, нови селектори на музичката односно драмската програма на „Охридско лето“


Васо Ристов и Александар Поповски се новите селектори на музичката односно драмската програма на најреномираната и најзначајната музичко-сценска манифестација во земјата Фестивалот „Охридско лето“. На денешната седница на Управниот одбор на „Охридско лето“ е донесена одлука да се раскине договорот со досегашниот музички селектор Ѓорѓи Цуцковски, со образложение дека истата е од причина заради неисполнување […]

Почина легендарниот руски баритон Дмитри Хворостовски


Легенадарниот руски операски пејач Дмитри Хворостовски, кој две години водеше борба против тумор на мозокот, почина на 55 годишна возраст, потврди неговото семејство. „Од името на семејството Хворостовски, ве информираме дека почина Дмитри Хворостовски – оперски баритон, сопруг, татко, син и пријател почина на 55 годишна возраст“, стои во порака што семејството ја објави на […]