Националниот џез оркестар со проектот „Македонски сновиденија“ вечерва на „Охридско лето“


Националниот џез оркестар вечерва ќе настапи на сцената „Долни Сарај“ во рамки на „Охридско лето“, каде пред охридската публика ќе ја претстави концертната програма „Македонски сновиденија“. Концертот започнува во 21 часот, под диригентската управа на Владимир Николов, а специјален гостин ќе биде истакнатиот западноафрикански трубач, Питер Сомуа од Гана. „Македонски сновиденија“ носи спој на македонскиот […]

„Охридско лето“ со нова програмска целина: Шест џез концерти од 13 до 16 август


Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на […]

Солистички концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг вечерва на „Охридско лето“


Програмата на годинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со целовечерниот концерт на кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета за еден од најдобрите пијанисти од својата генерација. Музичкото образование го стекнува во Франција, на Високата школа за музика во Париз, во […]

Барокна вечер во „Света Софија“ со уметниците Владимир Костов и Цветанка Созовска


Еминентните македонски уметници, виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска, вечерва ќе настапат во црквата „Света Софија“ во рамки на музичката програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. На седумгодишна возраст започнува да учи пијано, а основното и средното музичко образование го завршува во класата […]

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“


Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија. Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик […]

„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ вечерва на „Охридско лето“


„Внатрешен глас на виолончелото и виолината“ е насловот на концертот што вечерва ќе се одржи на „Охридско лето“ во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Ќе настапи НУ Камерен оркестар на Битола, а солисти на вечерта се австрискиот виолончелист Емил Ровнер и македонскиот виолинист Симон Поповски. Концертот ќе се одвива под […]

Словенечко-германскиот квартет „Сигнум“ вечерва за публиката на „Охридско лето“


Словенечко-германскиот квартет саксофони „Сигнум“ вечерва  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. „Сигнум“ е се освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо […]

Музичка вечер на „Охридско лето“ со уметниците на италијанското „Кимера“ трио


Музичката програма на годинешното 66. Издание на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на италијанското „Кимера“ трио, со уметниците Марта Черета на пијано, Стефано Ракањи на виолина и виолончелистот Џорџо Лукини.  Триото „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по […]

Кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“ вечерва на „Охридско лето“


Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музчкиот дел, со целовечерниот концерт на кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“. Симфонискиот оркестар Нингбо е формиран во 2015 година од страна на Општинското биро за култура, радио, телевизија и туризам, а за негов уметнички директор е поставен познатиот диригент проф. Ју Фенг. Од основањето, па до денес, […]

Концерт на пијано со маестро Александер Мелников вечерва на „Охридско лето“


На програмата на 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е содржина од музичкиот дел, со целовечерниот солистички концерт на рускиот пијанист Александер Мелников. Александер Мелников е дипломец на Московскиот конзерваториум во класата на Лев Наумов, а уште на рана возраст лично го запознава Свјатослав Рихтер кој подоцна редовно го поканува на неговите фестивали во […]

Театарската претстава „Татко“ на Продукцијата „Театарот на еден актер“ вечерва премиерно на „Охридско лето“


На програмата на годинешното 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е премиерната изведба на пртеставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во продукција на „Театарот на еден актер“ од Скопје. Продукцијата „Театарот на еден актер“ – Скопје, како продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку, има реализирано претстави […]

Големите оперски ѕвезди Јахо и Кастроново ќе го отворат 66. Охридско лето


Со гала концерт под наслов „Љубов“ на 12. јули на Античкиот театар во Охрид  свечено ќе биде отворено 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Под диригентската палка на Марко Боеми од Италија а во придружба на оркестарот на Националната опера на РС Македонија ќе настапат  големата оперска дива Ермонела Јахо сопран од Албанија исветски реномираниот тенор […]

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“


 Годинешното јубилејно 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе  биде затворено со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“. Во описот за претставата се наведува дека […]

Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ на „Охридско лето“


Драмскиот театар од Скопје по премиерната изведба на претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во Будва, својата македонска премиера ќе ја има вечерва во рамки на драмската програма на 65-то издание на „Охридско лето“. По четирите изведби во Црна Гора, македонската публика ќе […]

Вечер на духовни и популарни песни на „Охридско лето“ со српскиот професионален хор „Свети Серафим Саров“


Во рамки на музичкиот дел од програмата на годинешното 65 издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт на професионалниот хор „Св. Серафим Саров“ од Србија. Хорот „Св. Серафим Саров“ е формиран во 1995 година во Зрењанин, на инцијатива на Душан Сланкаменац. Со помош на првата диригентка на хорот, Камелија Ќириќ, тогашниот ансамбл кој брои околу […]

Драмската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ на Црногорскиот народен театар од Подгорица


Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува денеска со театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица, поставка во адаптација и режија на Радмила Војводиќ. Режисерката Војводиќ вели дека претставите се потпираат на непостојаноста на трагите, на еден вид материјално исчезнување, а оние кои се занимаваат со театарот […]

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“


Роденденот на годинешното 65 издание на „Охридско лето“ ќе биде прославен со концерт на нашата оперска солистка Ана Дурловски, во пијано придружба на пијанистката Анахит Тер-Татшатјан. Сопранистката Ана Дурловски студиите ги завршува на ФМУ – Скопје,  а на оперската сцена дебитира како Лучија од Ламермур во истоимената опера на Доницети во Македонската опера и балет, […]

Вечер на виолончелото на „Охридско лето“ со маестро Даниел Милер-Шот


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, е еден од најбараните виолончелисти на денешницата. Милер-Шот и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност. Оваа концертна […]

„Од Кавказ до Балкан“ – совршен естетски подарок од Ансамблот „Реј“ на Охридско лето


Турскиот ансамбл „Реј“ вчеравечер приреди прекрасно музичко доживување за публиката на фестивалот „Охридско лето“ . Оперските уметници со раскошни гласовни потенцијали, мецосопранот Ирем Бурша Бајир, сопранот Шениз Ердинч, баритонот Артур Багдасароглу и тенорот Берк Озбек придружувани од пијанистот Алпер Акгул зрачеа со топла сензибилна експресија која совршено се вклопи во акустичниот амбиент на црквата „Света […]

Литванската вечер на „Охридско лето“ ја воодушеви публиката, за прв пат изведено дело од литвански композитор


Композиции од големиот литвански композитор Микалојус Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“ која се одржува првпат на фестивалот. Прекрасната атмосфера ја создадоа пијанистите Рокас Зубовас и Соната Девеикуте-Зубовиене кои со своето музицирање ја воодушевија публиката. Како што изјавија тие, овој настап на […]