Родителите од Кочани за трагедијата во Швајцарија: Со вас сме! На располагање да помогнеме


Родителите и семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани реагираа со голема емпатија на трагедијата во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде што најмалку 47 лица ги загубија животите откако настана пожар во бар. Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживеале трагедијата на ненадејно губење на најблиските во огнена […]

Херој кој тивко спасуваше животи: Постхумно признание за возачот на брзата помош Иле Гоцевски


Во време кога зборот „херој“ често се користи лесно, има луѓе кои го заслужуваат без никаква дилема. Еден од нив е Иле Гоцевски, долгогодишен возач на Итната медицинска помош од Кочани, човек кој својот живот го посвети на спасување туѓи животи – тивко, без камера, без аплаузи. Смрт од тага или Синдром на скршено срце […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Сведочат застапниците на оштетените


Во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочаниската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат законските застапници на оштетените во случајот, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, сопственик на соседен авто-лимарски сервис сведочеше за реновирањето на објектот и […]

34. Марш за ангелите: Предметот за пожарот во „Пулс“ да се преиспита од почеток, побараа родителите на починатите


Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно образложение зошто одредени лица досега не се опфатени со постапка. Исто така, тие испратија порака до новиот државен јавен обвинител – да се преиспита целокупниот предмет од самиот почеток, од […]

Марш за ангелите во Кочани: Нашето трпение не е неограничено, бараме јасен одговор за статусот на обвинителниот акт


Родителите и роднините на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 33. Марш за ангелите директно му се обратија на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција барајќи одговор зошто е пробиен рокот за поднесување на обвинение за полициските службеници опфатени со истрагата за трагичниот пожар. Според нив, согласно начелата на владеење на правото, […]

Мајките од Кочани го повикаа и Мицкоски на одговорност


  „Денес не видовме ништо од нашата правда. Ако не си го кажеме и нашето – толку ќе биде“. Со овие зборови мајка на едно од загинатите деца во Кочани ја опиша денешната расправа на Постојаната анкетната комисија на Собранието за трагедијата во „Пулс“, на која дојде целиот државен врв, се фотографираа и си заминаа […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. Денешното рочиште од судењето може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook […]

Целосно ќе се реконструираат Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и салата за гимнастички спортови „Партизан“ во Кочани


Спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“ и Салата за гимнастички спортови „Партизан“ ќе бидат целосно реконструирани во текот на наредната 2026 година, најавува администрацијата на Општина Кочани. Ова, како што велат, е резултат на вчерашната средба во Скопје помеѓу претседателот на Општинскиот совет, Александар Андов и секретарот на Општината, Драган Ананиев, со министерот за спорт, […]

Судот го одложи утрешното рочиште за „Пулс“ за 2 декември – нема обвинение по кое може да се изјаснат за вина


Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со Судечкиот совет во судскиот процес за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, го отповика рочиштето закажано за утре и следното го закажа на 2 декември. Причината за тоа е што дел од обвинетите го немаат добиено интегрираното обвинение и не може да се произнесат за вина, ниту, пак, нивните адвокати […]

Судење за „Пулс“: Дел од одбраната реагира дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови


Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат […]

(Во живо) Продолжува судскиот процес за „Пулс“ – ќе признаат ли вина?


Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по […]

Судот во Кочани ги одби жалбите на Обвинителството – осомничените инспектори остануваат во куќен притвор


Кривичниот совет при Основниот суд во Кочани донесе конечна одлука во врска со мерките за безбедност за двајцата осомничени во најновата истрага поврзана со пропустите околу дискотеката „Пулс“. Судот ги одби жалбите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, со што потврди дека осомничените нема да одат во ефективен затворски притвор, туку остануваат во домашен притвор. […]

Две лица во куќен притвор и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”


 Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани одреди мерки куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди денеска […]

(Видео) Приведени десетина вработени во УЈП за примање поткуп поврзан со дискотеката „Пулс“


  Десетина вработени во Управата за јавни приходи, приведени се денеска, а во моментот се вршат претреси на локации поврзани со овие лица, информира обвинителот Љупчо Коцевски. „Се водеше предистражна постапка за лица коишто беа вработени во УЈП, а се водеше истрага за лица коишто беа поврзани со кочанскиот предмет“, рече Коцевски во изјава за […]

Кочани не ја научи лекцијата? – прашува Венко Крстевски


Дивоградбите на угостителските објекти во Кочани останаа. В.Д. градоначалникот Венко Крстевски, кој на неодамнешните локални избори не успеа да се избори за градоначалнички мандат, вчера, по почетокот на судењето за обвинетите за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, укажа на проблемот кој остана во Кочани. […]

Судијката Груевска вети дека ќе се дојде до правдата на судењето за „Пулс“


Со мало задоцнување и во преполна сала, утрово почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.  „Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци”, вака го почна судењето судијката Диана Груевска по што се престави и ги кажа […]

(Во живо) Почнува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Денеска во 9.30 часот почнува едно од најголемите судење во Македонија – судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судницата во близина на затворот „Идризово“ е под засилени безбедносни протоколи. Членови на семејствата на жртвите пристигнуваат […]

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани


Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.  Анкетната комисија треба да ја утврди целата […]

„16 март“ и „Кој е следен“ со протестен марш на 15 ноември во Скопје


Здруженијата на граѓани „16 март“ и „Кој е следен“ најавија марш кој ќе се одржи на 15 ноември во Скопје. Како што објавија на социјалните мрежи маршот ќе почне на Плоштад Македонија и потоа преку Собранието ќе заврши кај Основниот кривичен суд. „Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка. Нашето прво доаѓање во […]

Марш за ангелите: Ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот


 Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните институции дека очекуваат вистинска правда за настраданите. -Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми, затоа што ако институциите продолжат да молчат, луѓето ќе ја изгубат вербата во системот. Исполнете ја вашата должност — […]