Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните


 Повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се натпреваруваа на кошарски терен, а по тој повод на отварањето на натпреварот присуствуваше министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ- Мирчовска. Министерот за здравство, Алиу истакна дека во рамките на одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани Владата организира […]

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“


Велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата во Кочани ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно во Паркот […]

Премиерот ги прочита имињата на сите загинати во пожарот во Кочани, по реакцијата на родителите


Сите имиња на настраданите во пожарот од дискотеката во Кочани, денеска се најдоа во годоврот на премиерот Христијан Мицкоски, на Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани што денеска до 17 часот се  одржува во Скопје. Ова доаѓа по реакцијата на родителите на загинатите, кои пред два дена присуствуваа […]

(Во живо) Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани


Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани ќе се одржи денеска во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа.  Воведните обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министер за надворешни работи и надворешна трговија, […]

Литургија и парастос на годишнината од кочанската трагедија


По повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, денеска со почеток од 8:00 часот во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани ќе се одржи литургија за упокоените, а во 9:30 часот – општ парастос за упокоените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Со верските обреди […]

Откажан е ултрамаратонот на 63 километри во чест на загинатите во Кочани


„Ултрамаратонската трка „63км – вечна почит“, која требаше да се одржи на рутата Свети Николе – Штип – Облешево – Кочани во чест на 63-цата млади луѓе кои загинаа лани на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неделава била откажана, соопштија организаторите на социјалните мрежи. Спортскиот настан требаше да биде дел од програмата за […]

Кочани и Кран-Монтана: Мицкоски тврди дека Македонија подобро реагирала од Швајцарија


  Македонскиот систем и институциите, далеку подобро се справиле со трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани, отколку швајцарските надлежни, при нивната трагедија во дискотеката во Кран-Монтана, смета премиерот Христијан Мицкоски. Прашан дали „чувствувате како Влада дека добро се справивте со трагедијата во Кочани пред една година?“, при денешната посета на Кочани Мицкоски беше сигурен […]

Комеморативна седница во Собранието за годишнината од трагедијата во Кочани


Во Собранието денеска ќе се одржи Комеморативна седница за годишнината од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 63 лица го загубија животот, а околу 200 беа повредени. На 14 март Владата ќе одржи Меѓународна конференција „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“, на која ќе присуствуваат […]

(Во живо) Владата за годишнината од пожарот во Кочани


Портпаролката на Владата, Марија Митева држи прес-конференција една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 63 лица и близу 200 беа повредени. На 14 март ќе биде организирана меѓународна конференција најави Митева.

Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“ – ноќта ќе се соберат и пред дискотеката


 Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Планираните содржини имаат духовен и комеморативен карактер. Ќе бидат застапени и настани од културата. Програмата започнува на 14 – ти и ќе се одвива до 16 март на различни локации. На 14 март ќе се одржи  богослужба […]

Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште – учениците биле евакуирани


  Денеска, во училиштето „Св, Кирил и Методиј“ во Кочани била приена дојава за поставена бомба, при што учениците од предметна настава биле евакуирани. Како што се вели во соопштението од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, служби од МВР веднаш извршиле проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста […]

Повредените во „Пулс“ не треба да плаќаат за здравствени услуги, вели министерот Алиу


На само неколку дена од одбележување една година од пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредни, министерот за здравство Азир Алиу извести дека работна група бара начин како да ги ослободи од партиципација повредните кои се принудени да доплаќаат за здравствените услуги. Министерот Алиу вели дека тоа […]

Ќе се средува дворот во болницата во Кочани – ќе се урива и модуларната за паркинг


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов денеска ја посетија Општата болница со проширена дејност во Кочани, со цел увид во моменталната состојба и отпочнување конкретни чекори за уредување на просторот околу болницата и средување на асфалтните површини.   -Кога пристапот е домаќински, резултатите се видливи. Денес тука гледаме […]

„По тие скали лежат 63 животи“, таткото на загинатата Надица потсети дека се ветени осум рочишта месечно за „Пулс“ а се одржуваат 2-3 со одлагања


Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, јавно го прозва Обвинителството и Кривичниот суд за, како што рече, неисполнетите ветувања во судскиот процес за трагедијата „Пулс“, укажувајќи на одложувања, оправдувања и недостиг од најавената динамика на судењето. „Пред почетокот на судењето слушнавме гласни ветувања дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има неоправдани […]

Пожар во Трговскиот центар во Кочани, станарите избегнаа поголема трагедија


Поранешниот вршител на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, информираше дека денеска во станбено-деловниот комплекс Трговски центар, станбен блок А со 96 станови, избувнал пожар од угостителски објект, при што станарите поминале со зачадени домови и, како што наведе, огромен стрес. Според неговата објава, пожарот не се проширил благодарение на навремената интервенција на Територијалната противпожарна […]

Во Романија сега оган може да се пали само во кујна, Македонија ништо не научи од „Пулс“


  „Несреќите како во Кочани немаат крај за семејствата на загинатите и повредените, па и за граѓаните. Тие бараат долгорочна поддршка“, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Романија и прв човек на Одделот за вонредни ситуации (ДСУ), Раед Арафат, на денешната дебата организирана од романската амбасада во земјава, на тема „Букурешт – […]

Судијката до семејствата: Без ред нема судење – ќе бидете исклучени ако се повтори


Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи денеска во големата судница на Кривичниот суд во Идризово со сослушување на оштетени и сведоци. Судијката Дијана Груевска се обрати до семејствата на жртвите и ги повика на ред и дисциплина во судницата. „Неколку пати досега се случува да се наруши редот, што ни го […]

Правдата што доцни, не е правда: „Марш за ангелите“ во Кочани


Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска со протестен  „Марш за ангелите“ 36. по ред, уште еднаш побараа целосно расветлување на трагичниот пожар.   „Правдата што доцни, не е правда,“ беше клучната порака на маршот, со најава дека Кочани ќе продолжи со протести сè додека виновниците не се соочат со […]

На Божик се роди Миха – првото новороденче во Кочани во 2026


Утрово,  7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името […]

Родителите на дел од загинатите во „Пулс“: Спомен-обележјето не е за оплакување, туку за почит и сеќавање кон децата


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, основано од родителите и семејствата на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно реагира на петицијата што деновиве се промовира преку социјалните мрежи и дел од медиумите, а која се однесува на предложената локација за спомен-обележје на улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“. Од […]