ФФМ донираше 1.300 столчиња за Градскиот стадион “Никола Мантов” во Кочани


Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, денеска потпиша договор со кој Фудбалската федерација на Македонија им доделува 1.300 столчиња, со што значително се подобрува инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. -Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање подобри услови за фудбалот и спортот во Кочани, вели претседателот на ОФС Кочани. Андов упати […]

Млад кочанчанец не добил пари од дедо му, па го нападнал


ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.06.2026 пријавениот во семејниот дом во Кочани физички го нападнал неговиот 74-годишен дедо, откако претходно му побарал пари, но не ги добил, а потоа му упатувал ѝ закани.

Одложено сослушувањето на сведоците во случајот „Пулс“ поради доверливи документи


Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е […]

Превентивни здравствени прегледи на населението во Кочани


Црвен крст – Општинска организација Кочани денеска кај Градскиот пазар во Кочани спроведе превентивни здравствени прегледи наменети за населението. На заинтересираните граѓани им беше измерено крвен притисок и шеќер во крвта при што им беа дадени совети за нивна регулација. Притоа, беа поделени и едукативни флаери за заштита од топлотен бран.   Прегледите ги спроведоа […]

Во Кочани повеќе од двојно зголемена потрошувачката на водата за пиење, можно воведување на рестрикции


Општина Кочани доцна синоќа упати соопштение со кое ги известува граѓаните дека во текот на вчерашниот ден е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода во населените места Оризари, Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Тркање и Мојанци. -Додека вообичаената потрошувачка изнесува околу 23 литри во секунда, во моментов е евидентирана потрошувачка од 53 литри во секунда, […]

45. Марш за ангелите: Дали секој што имал должност ја извршил совесно


По 45. пат денеска во Кочани се одржа Марш на ангелите во кој родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ уште еднаш побараа правда и вистина за своите најблиски. „Кога пред родители што ги изгубиле децата се зборува која поголема жртва, тоа не е одбрана, тоа е газење врз нашата болка. Не бараме […]

Нема европска иднина без правда: Во Кочани се одржа 42. Марш за ангелите


Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани.  На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за […]

На 5 мај ќе се изрече пресуда за тројца полицајци за пожарот во „Пулс“ Кочани


Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Во завршните обраќања Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност, а одбраната побара ослободување на обвинетите оценувајќи дека вината не е докажана. Пресудата, како што соопшти судот, […]

Дури 59 од жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглероден моноксид


 Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид.  Кај пет од жртвите обдукциското мислење од Институтот за судска медицина исто така констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат […]

На Величетврток родители на загинатите во Пулс одат пред Судска медицина во потрага по одговори


Дел од родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ утрово, на Велики Четврток, се упатија кон Судска медицина, во обид да добијат одговори за обдукциските наоди, откако поминаа пет дена без институционален одговор на нивните барања. Овој чекор следува по низа обвинувања дека институциите повеќе од една година не обезбедуваат јасни информации за причините […]

Третина од преживеаните и повредените од пожарот во Кочани се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство


Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици – потенцира проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот […]

Родителите од Кочани незадоволни од отстранувањето на обвинителката Трајчева и бараат да биде вратена на случајот „Пулс“


На денешниот 39. „Марш на ангелите“ во Кочани, семејствата на загинатите го искажаа своето незадоволство откако вчера Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот на обвинителката во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ивана Алексова Трајчева, која ги водеше трите предмети против против полицајците обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, и […]

Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат терасите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови


Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  – блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина. Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот […]

Благоја Механџиски вработува роднини на настраданите во Кочани


Првиот човек на фармацевтскиот гигант Зегин, Благоја Механџиски нуди вработување за сите членови на настраданите во трагедијата во Кочани, тврдат ченови на семејствата на загинатите во огромната трагедија. Механџиски на здружението на граѓани ,,16 Март Кочани 2025″ формирано од членови на семејствата на настраданите во пожарот во Пулс им доделил деловни простории во кои семејствата […]

Македонската заедница од Италија со комеморација за жртвите од Кочани и уште една хуманитарна акција


Македонската заедница во Пиемонте, Италија, кои во изминатава година веќе собрале 40.000 евра за донации за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја одбележаа годишнината од смртта на 63 млади луѓе. „Во неделата вечер организиравме мала, но многу значајна комеморација, на која оддадовме почит на жртвите и покажавме дека тие не се заборавени. […]

Елаборат, правилник, процена и план – основа за безбедност во објектите, сведочеше за „Пулс“ вработена во ДЗС


На денешното сведочење пред судот, Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), појасни дека сите учесници во системот за заштита и спасување на територијата на Република Северна Македонија се должни да достават четири документи: елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена […]

Штип вечерва ќе оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“


Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и  Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18:30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Во рамките на спомен обележјето […]

Пробиштип оддава почит на жртвите во пожарот во кочански „Пулс“


Пробиштип денеска им оддава почит на 63 жртви во пожарот во кочански „Пулс“. Во пожарот згаснаа животите на четири граѓани на Пробиштип. Општина Пробиштип и градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски утринава на социјалните мрежи напишаа: „Понекогаш времето не ги лекува раните, туку само не учи како да живееме со празнината“.  – Овој 16-ти март […]

И медицинскиот и немедицинскиот персонал, дишевме како едно: Сведоштво за кобната ноќ по пожарот во Кочани


За жал, еве скоро точно една година од немилиот настан тешко е да се говори. А кога говорам, говорам како мајка, говорам како сопруга, како родител, како ќерка, како професионалец, како човек, и сеуште говорам со една горчина и болка болка во душата. Оваа трагедија никогаш не може да биде заборавена. Ова е вкоренета трагедија. […]

„Кочани ви благодари“: Признанија за медицинарите кои се бореа за спас на настраданите во „Пулс“


Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински тимови од земјата и странство, волонтери, хумани луѓе, амбасадите во земјата, државните институции и на  министерствата кои учествуваа во спасување и хоспитализација на повредните во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, кој се случи пред една година. Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов во емотивниот говор на денешниот централен […]