Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Кочани


Општина Кочани го доби нов градоначалник по вториот круг од локалните избори штп се одржаа денеска. Станува збор за Владко Грозданов, кој беше кандидат на  коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој обезбеди убедлива победа. По обработени 100 отсто од гласачките места, Грозданов освои 52,71 отсто од гласовите, или 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат, Венко […]

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик, односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од исклучителна сложеност и општествена важност, порача в.д. претседателката на Основниот Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на […]

„Само вистината може да им донесе мир на нашите ангели“: Во Кочани се одржа 28. „Марш за ангелите“


Денес не зборуваме само за правда, зборуваме за совест, порачаа денеска во Кочани родителите и блиските на трагично загинатите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“, на 28. „Марш на ангелите. Од собирот тие упатија повеќе пораки, барајќи вистината да излезе на виделина,  а од институциите да имаат совест, а не интерес. „Само вистината може да […]

Во Кочани, во втор круг, ќе се бира меѓу Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и независниот Крстевски


Актуелниот в. д. градоначалник на Кочани и независен кандидат за втор мандат, Венко Крстевски, и кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, ќе одат во втор круг на локалните избори. Според 100 отсто обработени гласови, Грозданов освои 5.641 глас, односно 39,79 отсто, додека Крстевски доби 3.394 гласа или 23,94 проценти. На третото место е кандидатот на […]

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење


Со соопштение до јавноста се обратија родителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ – Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двестe завршија со тешки телесни […]

Ниту еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не признава вина


Ниту еден од обвинетите за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 64 лица и над 200 беа повредени, не признал вина во фазата на оценка на обвинението. Во документ од 117 страници, дури 109 се посветени на приговорите на одбраната, кои тврдат дека делата се од предолг период и дека недостасуваат надлежности и […]

За правда, родителите на оние кои ги загубија животите во „Пулс“ денеска го блокираа кружниот тек во центарот на Кочани


Со болка, револт и барања за правда, родителите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ денеска го блокираа кружниот тек во центарот на Кочани. Протестот започна околу пладне, кога десетици граѓани им се придружија на семејствата на жртвите, изразувајќи поддршка за нивната борба против, како што велат, „неправдата и […]

Родителите од Кочани од утре почнуваат едночасовни блокади сѐ до почетокот на судењето


Од утре ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15,15 до 16,15  часот, сѐ додека не започне судењето.  Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од […]

„Марш за ангелите“ во Кочани: Имавме трошка надеж за правда, но со поднесениот обвинителен акт целосно ја изгубивме


И оваа сабота, родителите и блиските на жртвите во пожарот во кочанската дискотека  Пулс излегоа на улица, на 25. по ред „Марш за ангелите“, барајќи правда за своите трагично загинати најблиски. Овој протест е прв откако Кривичниот суд во целост го прифати обвинението за пожарот во кочанската дискотека.  Од протестот беа упатени силни пораки до […]

Денеска 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани


 Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ за денеска најавува нов, 25. протестен „Марш за ангелите“ во Кочани кој ќе започне во 16:05 часот. Родителите и граѓаните ќе маршираат од „Паркот на Револуцијата“ преку Трговскиот центар и зградата на Управата за јавни приходи до Полициската станица. Оттаму маршот ќе продолжи кон Основниот суд и Обвинителство […]

Најспецифични се изборите во Кочани по трагедијата од март годинава


Кочанчани пред себе ќе имаат избор како никогаш до сега од осамостојувањето – шест кандидати за градоначалник и девет листи со кандидати за советници. На првиот ден од кампањата кандидатот од СДСМ и оној поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а се декларира како натпартиски, се сложија дека избори во овој град на истокот од Македонија, ќе бидат […]

(ВИДЕО) Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана: Ни децата, ни мене, не нè поканија на поставувањето на спомен-бистата


Сопругата на полицаецот Тоше Тодоровски револтирана што не била поканета на откривање на спомен-бистата што денеска беше поставена. Во кругот на Полициската станица во Пробиштип, денеска се одржа свечена церемонија на откривање на спомен-биста во чест на храбриот полициски службеник Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби својот живот извршувајќи службена задача во пожарот во дискотеката […]

Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“


Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за […]

Јаневска: Наставниците во Кочани имаат документи за работа, го расчистивме проблемот


Министерката за образование и наука Весна Јневска изјави дека наставниците во Кочани на кои не им биле продолжени договорите за работа ги имаат сите потребни документи и дека можат да почнат со работа.  Одговарајќи на новинарски прашања денеска таа рече дека жали што повторно политиката се вмешува во образованието. Во Кочани, рече, била завчера и […]

Граѓаните на Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“


Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ вечерва на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им одаваат почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани. Градскиот плоштад „Слобода“ вечерва е полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им одаваат почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, […]

Протестен „Марш за ангелите“: Не е доволно да се казнат неколку менаџери, што е со институциите?


Попладнево во Кочани се маршираше за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ – шест месеци по трагедијата. Роднините и пријателите на настраданите порачаа дека не е доволно да се казнат неколку менаџери, дека одговорноста е и на оние кои дозволиле да работи овој објект како дискотека. „Ова е трагедија што можеше и мораше да се […]

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – „Марш за Ангелите“ во Кочани


Денеска се навршуваат точно шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”. Маршот ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот […]

В сабота во Кочани нема да се одржи „Марш за ангелите“


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека во сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на Ангелите”.   – На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца, се наведува во објавата на здружението.

ВМРО-ДПМНЕ без партиски кандидат за градоначалник на Кочани, ќе даде поддршка за Влатко Грозданов


ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги објави кандидатите за градоначалници за уште шест општини. За Кисела Вода, кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, како што беше соопштено вечерва, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов.  За Старо Нагоричане, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран – […]

Едукативни и културни активности за младите во Кочани, во организација на Јуроп Хаус


Со настапот на „Биби и Боби” на градскиот плоштад, пред Домот на културата во Кочани почнуваат низа активности кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта во Градот, а се во организација на Јуроп хаус. Активности ќе бидат организирани до крајот на годината. Денешниот настан се организира по повод почетокот на учебната […]