Девојка од Кочани уценувана и принудувана на сексуални односи со 46-годишен маж


Дваесетгодишна девојка од Кочани била уценувана и принудувана на сексуални односи од страна на 46-годишен маж. Според нејзиниот исказ, во периодот од ноември лани до моментот на пријавување на случајот во неколку наврати била уценувана од страна на 46-годишниот М.Л. од Кочани дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина и била присилувана на […]

Такси-превозот во Кочани пред згаснување поради „дивите“ таксисти


 Состојбата со такси-превозот во Кочани е лоша. Се возат нерегистрирани возила, возат возачи без дозволи и без лекарски уверенија кои го рушат угледот на такси-компаниите и создаваат нелојална конкуренција, беше речено на денешниот состанок што го организираа одговорните служби од Полициската станица -Кочани и Општина Кочани со претставници на Здружението на такси-превозници и поединци што се […]

Вработен во обложувалница во Кочани „затаил“ околу милион денари дневен промет


Во полицијата е пријавено кривично дело „затајување“ извршено од вработен во спортска обложувалница во Кочани. Според пријавата, на 4-ти месецов работникот во обложувалницата паричните средства од дневниот промет во износ од 967.611 денари, наместо да ги уплати на сметка на друштвото ги затаил. Наредниот ден не ги отворил обложувалниците и не ги предал во владение […]

Затруени нови осум свадбари од Кочани


Нови осум свадбари од Кочани се затруле од храна, информираше денеска директорката на Центарот за јавно здравје – Штип, Марија Димитрова. Пациентите денеска побарале медицинска помош кои имале тешка здравствена состојба со симптоми на дијареја, повраќање и висока температура. Во моментов се одвива хоспитализацијата на пет пациенти од вкупно осумте свадбари кои побарале денеска помош, […]

Затруени гости на свадба во Кочанско завршија на Инфективно


Пет лица од кочанското село Тркање кои биле гости на свадба се пренесени во штипската Клиничка болница. Со знаци на труење, висока температура, дијареа и повраќање завршиле на Инфективното одделение. Според нивните кажувања, биле на свадба во Кочани и јаделе од свадбеното мени во кое имало стек, плескавици и пирошки. Неофицијално, храната во хотелот каде […]

Изгаснат пожарот на градската депонија во Кочани


Изгаснат е огнот што викендов ја зафати градската депонија на Кочани, лоцирана на околу три километри на патот кон Пониква. Екипи од Територијалната противпожарна единица и од комуналното претпријатие „Водовод“ употребиле поголеми количини земја за да го задушат огнот за кој има основани сомневања дека бил подметнат. – Забележано е дека пожарот го предизвикале лица […]

Министерството за здравство го осуди инцидентот во Општата болница Кочани


Министерство за здравство денеска преку соопштение изрази најостра осуда за инцидентот во Општата Болница Кочани и бара целосно расветлување на случајот. – Сметаме дека насилството врз докторите и медицинскиот персонал не смее да се толерира со што превземаме мерки да се воведе дополнително обезбедување на сите нивоа на здравствена заштита. Со оглед на зачестеноста на […]

Притворен полицаец од Кочани, шверцувал дрога


Полициски службеник од Кочани при спроведени посебни истражни мерки е фатен во недозволена продажба на дрога – марихуана по што од страна на јавен обвинител му е одредена мерка притвор од 30 дена. Како што соопшти Јавното обвинителство на РМ, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани издаде Наредба за спроведување истражна постапка против […]

Опозицијата во Советот на општина Кочани ја напушти седницата поради законот за јазици


Опозицијата во Советот на општина Кочани ја напушти осмата седница, затоа што не беше прифатен предлогот да се расправа за законот за јазиците, што вчера го усвои Собранието на Република Македонија. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Лазо Митев, побара да се дебатира за законот со цел да се укаже на опасностите што ги носи […]

Кочанчани вознемирени: Благој беше мирен човек


Крвава драма утрово го разбуди Кочани. Маж ја уби сопругата и сериозно ја повреди ќерката, а потоа си го одзеде животот. Хоророт во куќата на семејството Анчови се случувала пред очите на малолетниот син, кој во последен момент успеал да побегне кај соседите. Дваесет и двегодишната девојка се здоби со сериозни повреди и е пренесена […]

Кочани: Ја убил сопругата, па скокнал во смрт


Убиство и самоубиство утрово го потресоа Кочани. Во 3.30 часот дошло до семејна расправија, по што Б.Л. со нож ја нападнал сопругата, а потоа, откако увидел дека таа сеуште покажува знаци на живот, почнал да ја удира со чекан по глава додека не ја усмртил. Крвавиот инцидент се случил пред очите на нивните две деца: […]

Возач излета од патот и загина


Триесет и четиригодишен жител на кочанското село Бели загина во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу 22 часот на магистралниот пат Штип-Кочани во атарот на село Тркање. Според полицијата, автомобил „форд фокус“ со кочанска регистрација, управуван од Д.А. (34), излетал од коловозот, по што возачот починал на самото место. Причините за несреќата се […]