Силен земјотрес го погоди Фиџи


  Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска Фиџи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 186 километри северно од Сувс, главниот град на оваа островска држава, на длабочина од 40 км, се наведува на веб-страницата на EMSC. За сега нема информации за евентурални жртви или материјална […]

Земјотрес во Италија


Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Италија и областа околу Бергамо, соопшти италијанската агенција за вулканологија (ИНГВ). Земјотресот го погодил Бонате Сото, град во областа Бергамо, а епицентарот бил на длабочина од 26 километри. Како што пренесуваат италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван во целата област, а го почувствувале и […]

Силен земјотрес на југот на Грција, се почувствувал од Атина до Крит


Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала погоди делови од јужна Грција. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Пелопонез и Крит. Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на земјотресот бил на длабочина од 58 километри. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван на целиот потег од Атина до Крит. Нема извештаи за повредени […]

Индонезија ја погоди земјотрес од 7,4 степени по Рихтер, предупредување за цунами


Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Индонезија. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а издадено е предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 112 километри северозападно од Ларантука, во источниот дел на индонезискиот остров Флорес, на длабочина од 12 километри. […]

Земјотрес од Грција почувствуван во јужните делови на земјава


 Земјотрес со интензитет од три  степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван изутринава во 6 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија. Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Скопје одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. – Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година  кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки […]

Град Скопје: Годишнината од земјотресот со Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд


Град Скопје ја објави програмата за одбележување на 56 години од катастрофалниот земјотрес. В петок во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат балкански ѕвезди, меѓу кои Влатко Стефановски, Танос Ставридис (најпознатиот грчки музичар на хармоника), Биља Крстиќ и Биг Бенд. -26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент […]

Силен земјотрес во Австралија


Австралија– Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди брегот во местото Брум во Австралија, соопшти денеска американскиот Геолошки завод. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту е објавено предупредување од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 33 километри под површина на земјата.

Земјотрес почувствуван во Охрид и Струга


Умерен земјотрес со интензитет од 3,8 степени по Рихтеровата скала во 2:21 часот рано изутринава е почувствуван во охридското епицентрално подрачје. Според Европската макросеизмичка лабораторија, епицентарот на потресот е во непосредна близина на охридскиот аеродром, во атарот на село Оровник, два километри под земјината кора. Нема информации за предизвикани материјални штети освен вознемиреноста кај локалното […]

Земјотрес со јачина од 2,4 по Рихтер почувствуван ноќеска во Охрид и околината


Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 2:10 часот на четири километри западно од Охрид, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Телеметриската сеизмолошка мрежа ноќва во 2 часот и 10 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа четири километри западно од Охрид. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува […]

Силен земјотрес во Јапонија


Јапонија – Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала е регистриран денеска југоисточно од јапонскиот остров Кјушу. Според Американскиот геофизички институт, потресот бил со интензитет од 6,4 степени. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 20 километри под површина на земјата во крајбрежјето на префектурата Мијаѕаки. Била објавена опасност за појава на цунами, но предупредувањето […]

Умерен земјотрес во Франција


Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала ја погоди Франција. Засега нема информации за настрадани луѓе или причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на 59 километри од градот Бордо, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Силен земјотрес во Турција


Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ). Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 232 километри југоисточно од Измир, 51 километар југоисточно од Денизли и 27 километри западно од Јешилова, […]

Силен земјотрес го погоди Перу


Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Перу, соопшти Американскиот геолошки институт. Пацифичкиот центар за предупредување од цунами наведе дека не очекува појава на големи бранови ширум Пацификот. Епицентарот на земјотресот бил на 67 километри северозападно од градот Хулиака, на длабочина од 258 километри. Се уште […]

Земјотрес од 5,9 степени ја погоди Индонезија


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во реонот на Молучките Острови, во источниот дел на Индонезија. Како што соопшти индонезиската Агенција за метеорологија, клима и геофизика (БМКГ), епицентарот на потресот се наоѓал на 130 километри југозападно од молучкиот остров Тернате. Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални […]

Земјотрес утрово во Грција, почувствуван на југот од Македонија


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5 часот и 47 минути регистрирше земјотрес со епицентар  во Грција, 180 километри југоисточно од Скопјe. Рихтеровата магнитуда на земјотресот е 4.2, а бил почувствуван од населението во јужните  делови од Македонија, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. 

Силен земјотрес кај Закинтос


Грција- Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ноќеска е регистриран во Јонското Море во близина на западниот грчки туристички остров Закинтос. Потресот бил почувствуван до Атина, а властите соопштија дека засега нема извештаи за повредени лица или причинети поголеми метријални штети. Геолошкиот институт на САД соопшти дека епицентарот на подводниот земјотрес бил […]

Расте бројот на жртви во земјотресот во Индонезија, Владата соопшти за 405 загинати


Бројот на жртвите во двата земјотреси и цунамито кое го предизвика вториот посилен потрес во Индонезија надмина 400 лица, соопштија локалните власти. Владата соопшти дека загинале најмалку 405 лица, а стотици се повредени. Спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на потресот. Постои опасност бројот на […]

Серија земјотреси ја погодија Албанија


Серија земјотреси со помал интензитет се регистрирани во североисточниот дел на Албанија за само неколку часа, по вчерашниот во 17:38 часот кој беше со јачина од 5,1 степен според Рихтер. Според Олгерт Ѓузи од албанскиот Институтот за сеизмологија, по земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот Булќиза, регистрирани се дури 15 потреси со јачина […]

Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Албанија, кај нас со најсилен интезитет почуствуван во Дебар


Земјотресот кој поладнево беше почуствуван во Македонија е со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот е регистриран на 115 киломтери југо-западно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Со најсилен интезитет во Македонија, односно со 4 степени според Европската макросеизмичка скала бил почуствуван во Дебар и околината, […]