Земјотрес во Далмација: „О, боже, какво тресење“


Земјотрес со магнитуда од 3,1 степени е регистриран во 12:24 часот во подрачјето на Сплит во Хрватска. Според EMSC, епицентарот бил 33 километри северозападно од Сплит, на длабочина од 10 километри. Бројни жители кои ги почувствувале потресите сведочат: „О, боже, какво тресење. Краток, но силен“, е коментарот од Врлика. „Се тресеше силно“, некој од Неориќ. […]

Земјотрес од 7,2 степени по Рихтер регистриран во јужниот дел од Перу


Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер го потресе јужен Перу, објави Националниот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на длабочина од околу 66 километри во покраината Паринакочас, департман Ајакучо, околу 800 километри јужно од главниот град Лима. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – Земјотресот е почувствуван од жителите на […]

Уште еден силен земјотрес ја погоди Индонезија, овој пат од 6,9 степени


Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот. Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција […]

Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди Гранада во јужна Шпанија


Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени  згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската […]

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди источна Индонезија, загинаа најмалку 20 лица


Моќен земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди источна Индонезија рано во саботата, при што загинаа најмалку 20 лица, предизвикувајќи масовна паника и уривање згради и домови во регион склон кон смртоносни земјотреси. Властите издадоа предупредување за цунами, кое оттогаш е укинато, но имаше десетици последователни потреси, вклучувајќи еден со јачина од 6,1 степени. […]

Маж е пронајден жив под урнатините речиси четири дена по силниот земјотрес во Колумбија


Колумбиските спасувачки екипи денеска водеа трка со времето за да спасат маж пронајден жив под урнатините на срушен хотел во градот Перејра, што претставува редок зрак надеж речиси четири дена по разорниот земјотрес од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 285 животи. Според последните податоци што властите ги соопштија утрово, во катастрофата […]

Многу луѓе се заглавени под урнатините по земјотресот во Колумбија


Бројот на загинати од силниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија се искачи на 181, соопшти денеска асоцијацијата Asocapitales, сојуз на најголемите градови во земјата. Најмалку 1.246 лица се повредени во земјотресот со магнитуда од 7,4 степени, еден од најсилните во последните децении. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте додека спасувачките акции се […]

(Видео) Се зголемува бројот на загинати во разорниот земјотрес во Колумбија. Најмалку 132 жртви


Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по еден од најсилните земјотреси што ја погоди земјата во последните години. Властите прогласија вонредна состојба, а се стравува бројот на жртвите да се зголеми додека спасувачите трагаат по луѓето затрупани под урнатините, јавува Би-Би-Си. Според Националниот геолошки институт, земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е […]

Повеќе од 100 жртви од разорниот земјотрес во Колумбија


Повеќе од 100 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што утрово ја погоди западна Колумбија, според најновите информации од локалните власти.Новиот  претседател на Колумбија, Абелардо де ла Есприела, изјави дека бројот на загинати од земјотресот достигнал 111, а најмалку 87 лица се повредени, додека 61 зграда се урнала. Тој нагласи дека […]

(Видео) Оперирале човек кога силен земјотрес ја погоди Јапонија. Погледнете ја реакцијата на хирурзите


Снимките од камерата за надзор од болница во Кумамото, Јапонија, го снимија моментот кога силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди операционата сала во средината на процедурата. Видеото ги прикажува хирурзите како ги користат своите тела за да се спротивстават на земјотресот и да го заштитат пациентот на масата додека сè околу нив […]

(Видео) Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди областа на Неапол. Луѓето излегоа  на улиците


Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди областа Кампи Флегреи во близина на Неапол во петокот вечерта. Потресите предизвикаа прекини во електричната енергија, ги нарушија железничките и метро услугите и оштетија некои згради, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс. Земјотресот се случил во 19:46 часот по локално време. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија […]

Во половина час два послаби земјотреси во Албанија – почувствувани и во Струга


Два земјотреса со јачина од 2,3 и 2,8 степени според Рихтеровата скала, почувствувани се денеска во Албанија, а потресот го сттија и стружани.  Првиот земјотрес се случи во 11.14 часот, со епицентар на 21 километар од Елбасан, а вториот во 11.50 часот, на 22 км од Елбасан.  Двата земјотреса биле почувствувани и во Охридско-струшкото подрачје. […]

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30


 Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија. Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скал,а што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без […]

Земјотрес погоди дел од Хрватска кај Сисак


Хрватската сеизмолошка служба регистрираше умерено силен земјотрес во близина на Сисак во четврток во 6:29 часот. Магнитудата на земјотресот беше 3,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот беше ниво IV на EMS скалата, јавуваат хрватските медиуми. Земјотресот се случи на длабочина од девет километри и поради неговата плиткост, беше почувствуван доста, па многу […]

Тројца загинаа во експлозија во трговски центар по земјотресот во Јапонија, видете го гестот на претседателот на компанијата


Претседателот на јапонската компанија „Еон“ Акио Јошида јавно се извини откако во експлозија во еден од трговските центри на компанијата во префектурата Кумамото загинаа тројца вработени, додека неколку други сè уште се водат како исчезнати.     Експлозијата се случи во вторник, околу 50 минути откако силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди […]

Земјотрес во Албанија почувствуван во околината на Струга


Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4.  Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил утрово […]

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините


Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите […]

Има и мртви во земјотресот во Јапонија, а расте и бројот на повредени


Неколку лица загинаа во урнатиот трговски центар во јапонскиот град Кумамото, објави телевизијата Асахи, повикувајќи се на полициски извор, откако силен земјотрес го погоди внатрешноста на островот Кјушу, но без конкретни бројки. Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени […]

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени по Рихтер во Австрија – одронети карпи


Австрија синоќа беше потресена од земјотрес со магнитуда од 4,5 степени, со епицентар во областа Семеринг. Тресењето предизвика помала материјална штета и одрони на карпи, а беше почувствувано во делови од Австрија и Словенија. Австриските служби добија голем број пријави од граѓани. EMSC објави дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри, а […]