Холанѓаните стравуваат од земјотреси поради зголеменото производство на гас


Компаниите во Холандија се подготвуваат речиси двојно да го зголемат производството на гас во регионот Гронинген поради зголемената побарувачка во Германија и покрај незадоволството на граѓаните од зголемениот ризик од благи земјотреси. На Германија најверојатно ќе и требаат околу 1,1 милијарди кубни метри гас оваа деловна година. Претходно оваа недела, холандското Министерство за економија се обиде да ги смири […]

Послаб земјотрес почувствуван во Скопје


Земјотрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово околу 8 часот се осети во Скопје. Според првичните информации, неговиот епицентар е на 12 километри од Скопје: M2.5 #earthquake (#земјотрес) strikes 12 km SE of #Skopje (North Macedonia) 8 min ago. Read eyewitnesses' stories & share yours: https://t.co/FxMJw4vjSd — EMSC (@LastQuake) January 12, 2022 […]

Нова серија земјотреси во реонот на Битола и Лерин


Серија земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција […]

Уште еден земјотрес во Леринско


Уште еден посилен земјотрес се случи попладнево во подрачјето на Лерин, Грција, а се почувствува во делови од Македонија. Земјотресот, според ЕМСЦ, е регистриран во 16.13 часот, на 8 км од Лерин, а бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.  Овој земјотрес е многу плиток, односно само на 1 километар под површината на […]

Утрово нов земјотрес кај Битола, три степени по Рихтер


Утрово, во Битола беше почувствуван нов земјотрес. Според податоците објавени на сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки ценар (ЕМСЦ), станува збор за земјотрес со јачина од  3 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 17 километри од Битола, на длабочина од два километри. Инаку, во текот на ноќта уште еден посилен земјотрес беше регистриран од епицентралното подрачје […]

Бессона ноќ за битолчани, нема повредени, се бројат материјални штети


  БИТОЛА – Непреспана ноќ имаа битолчани по синоќешниот земјотрес, шокот и паниката попуштаат, но се бројат материјалните штети. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, по седницата на Кризниот штаб објави дека нема пријавени повредени од синоќешниот земјотрес, но дека владее многу паника помеѓу граѓаните. „Затекнавме паника, што е нормално во вакви ситуации, излезени граѓани од колективните […]

Нови земјотреси утрово во Битола, урната една постара куќа, паднати балкони


По неколкуте земјотреси кои вчера ја исплашија Македонија, тлото не престана да се тресе ни во текот на ноќта. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2:32 часот. Утрово нов потрес во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според […]

Состанок на општинскиот кризен штаб во Битола по земјотресот


Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за денес во 11 часот, закажа состанок на општинскиот кризен штаб во проширен состав. На состанокот главниот акцент ќе биде ставен на две точки: Првата, состојбата во Битола после вчерашните серија земјотреси и Втора точка, состојбата со Ковид-19 во Битола. На состанокот ќе бидат разгледани и дополнителните мерки кои […]

Сеизмошока опсерваторија при ПМФ: Земјотресите не предизвикаа материјални штети


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека синоќа регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130 километри јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин. Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6, а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел […]

Земјотресот ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево, некои ноќта ќе ја минат на отворено


Земјотресот со магнитуда од 5,3 степени што вечерва во 22:43 часот беше почувствуван во земјава, ги вознемири жителите на Битола, Охрид и Кичево кои во голем број ги напуштија своите домови. Граѓани од трите града велат дека потресот предивикал напукнување на ѕидовите во некои објекти, но информации за посериозни штети засега нема. Тресењето на станбените […]

Силен земјотрес на македонско-грчката граница


Предмалку почувстуван земјотрес во нашата држава, според првичните информации епицентарот е во регионот на Битола кон грчката граница. Според ЕМСЦ потресот е регистиран со јачина од 5,8 според Рихтер, на 2 километри длабочина, точно во 22.43 часот. Подоцна јачината беше намалена на 5,5 степени според Рихтер. За неколку минути следуваа три помали земјотреси во истото […]

Земјотрес од 6,2 степени на Тајван


 Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 27,7 километри под океанот источно од градот Хуалиен […]

Најмалку 15 лица повредени во земјотрес во Кина


Најмалку 15 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди кинескиот град Лиџијанг во југозападната провинција Јунан, соопшти локалната сеизмолошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, наведува агенцијата. Други податоци за евентуална материјална штета засега не се соопштени.

Земјотрес на Нова година во Банија, Хрватска


  Денеска околу 18 часот, во Банија, Хрватска, повторно почувствуван земјотрес, една годин по катастрофалниот земјотрес, во кој загинаа 13 лица, а оштетени беа илјадници домови. „Веќерва, на 31 декември, во 18 часот и 4 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска, забележан е потрес од умерена јачина со епицентар 4 км северно од Глина. […]

Земјотрес од 7,2 по Рихтер регистриран во Индонезија


Силен земјотрес, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди групата острови Барат Даја во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 170 км

Хрватска Банија една година по земјотресот: Луѓето умираат во контејнери, како можеше во 1963 година Скопје да се изгради?


Една година по разорниот земјотрес што ја погоди областа Банија во Хрватска, погодените градови и села уште не се обновени. Повеќе илјади домови добија црвена налепница, а бројни луѓе и понатаму живеат во контејнери, без пристап до струја, вода и греење. „Тажна сум што не гледам никаков напредок. Една година помина, ништо не напрвивме. Како […]

Земјотрес од 5,7 степени го погоди Крит


Земјотрес со сила од 5,7 степени според Рихтер го погоди островот Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Грција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Европскиот медитерански сеизмолошки центар претходно го регистрираше потресот со сила од 6,1 степени. Египетските власти соопштија дека земјотресот бил почувствуван во некои од градовите во земјата. Акис Целентис, директор на […]

Пет земјотреси во Грција во последните 48 часа


Нов земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, по што следел малку послаб од 4,2 степени. Институтот за геодинамика соопшти дека земјотресот се случил во 20 часот и 59 минути, на околу 25 километри северозападно од првиот, на длабочина од 6,3 километри. Две минути подоцна следел нов последователен […]

Хрватска: Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтер кај Глина


Денеска околу шест и пол часот е регистриран умерен земјотрес кај Глина со јачина од 3,1 степени според Рихтер. Сеизмолозите од Сеизмолошката служба утрово во 6 часот и 28 минути забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Доња Трстеница, 11 километри северозападно од Глина. Земјотресот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтер, а интензитетот во […]

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во Грција


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди островите во јужна Грција. Нема податоци за материјална штета и повредени. Земјотресот е регистриран денеска околу 17 часот источно од Крит на длабочина од околу девет километри, соопшти Институтот за геодинамика од Атина. Се чувствувал на Крит, но и на островите Карпатос, Касис, […]