Земјотрес во Албанија, се почувствува и кај нас


Земјотрес во Албанија попладнево ги вознемири граѓаните на Западна Македонија, а се почувствува и во Скопје. Земјотресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е на 42 километри североисточно од Тирана, во реонот на градот Бурел. Освен во Македонија, бил почувствуван и во Црна Гора и Србија. Во моментов нема […]

Поправена е пораката на Тито


Поправена е грешката со интерпукциските знаци на пораката на солидарноста на Тито, која неодамна беше повторно поставена на источниот ѕид на Музејот на Град Скопје. Изменетите реченици, со различно поставени точки и запирки, наидоа на реакции во јавноста, која негодуваше и за изменетиот фонт на буквите. Од Градот Скопје вчера информираа дека веднаш штом забележале […]

Разгледување на Скопје во „Рута на солидарноста“


Во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“ денеска од паркот Мајка Тереза, кај платото пред зградата на ЕВН, почнува „Рута на солидарноста“, преку која граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Автобусот ќе се движи покрај Старата железничка станица, кон населбите […]

ЈСП со специјална рута за годишнината од земјотресот


ЈСП и ЈСП Турс ќе се вклучат во одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во рамки на „Зборува Скопје“, ЈСП Турс организира специјална рута на Сити бусот „Рута на солидарноста“. Предвидено е автобусот да обиколи неколку локации кои имаат симболика со катастрофалниот земјотрес. Почетна станица ќе биде местото каде што е родена […]

За еден час во Албанија почувствувани 46 потреси


Серија земјотреси ја погодија денеска Албанија, при што предизвикаа материјална штета и паника меѓу населението. Според Рапо Ормени од Сеизмолошкиот институт во Тирана по првиот потрес почувствуван во 11:02 часот, па се до 12 часот, почуствувани се 46 потреси со различна јачина. – Првиот потрес беше со јачина од 5,2 степени според Рихтер на 31 […]

Силен земјотрес на Пелопонез


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала го погоди утринава во западниот дел на Пелопонез. Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југозападно од Пилос, на длабочина од 30 километри. Нема податоци за повредени или материјална штета.

Силен земјотрес во Боливија


Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Боливија, соопшти Американскиот геофизички институт. Потресот се случил на длабочина од 557 километри под површината на земјата, со епицентар на 209 километри во правец исток-североисток од градот Тариха. Земјотресот предизвика паника меѓу населението, но нема жртви, разурнување или материјални штети, […]

Земјотрес регистриран на Закинтос


Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика. Епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри. Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета. Закинтос е познат по честите земјотреси […]

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината. Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова […]

Почувствуван земјотрес во Дојран


Земјотрес од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во 10:13 часот во дојранското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот бил на 15 километри источно од Дојран, во соседна Грција. Земјотресот е почувствуван од населението во Дојран, Валандово и Струмица, со интензитет од три до пет степени според […]

Уште еден земјотрес почувствуван во Скопје


Откако утрово скопјани ги разбуди земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала во 08. 03 часот, уште еден земјотрес беше почувствуван во 15,24 часот. Јачината на вториот земјотрес беше со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес ги разбуди скопјани


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала е регистриран утрово во 08. 03 часот во скопското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри. Во Македонија утрово покрај земјотресот во Скопје, регистриран е уште еден земјотрес во охридското епицентрално подрачје. […]

Земјотрес во околината на Каратманово и Велес


Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:07 минути на 45 километри југоисточно од Скопје од велешкото епицентрално подрачје. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението во околината на Каратманово и Велес, со интензитет од четири степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Земјотрес почувствуван во Охрид


Земјотрес со магнитуда од 2,3 степени по Рихтер, денеска во 12 часот и 40 минути во охридското епицентрално подрачје регистрирала телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец, а почувствуван е од населението во Охрид и неговата непосредна околина […]

(ВИДЕО/ФОТО) Силниот земјотрес што се почувствува во Скопје предизвика поголеми материјални штети во Црна Гора


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора. Утрово земјотресот во 10:46 часот се почувствува и во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот е лоциран на длабочина од 14 километри на седум километри од црногорскиот град Плав. „Овој земјотрес би можел да предизвика и извесни материјални штети во епицентралното […]

Земјотрес од 5,3 степени почувствуван и во Македонија


Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 10:46 часот во Скопје и северозападна Македонија. Епицентарот на земјотресот, според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, бил на длабочина од 10 километри, а освен во Косово и Македонија, е почувствува и во Црна Гора.

Уште еден земјотрес од четири степени попладнево го потресе Дојран


Нов земјотрес со јачина од 4 степени според европската макросеизмичка скала попладнево во 18 часот и 36 минути бил регистиран во близина на Дојран. Според информациите, епицентарот на земјотресот бил регистриран на 9 километри североисточно од Стар Дојран, а на околу 144 километри југоисточно од Скопје. Тектонските поместувања се случиле на длабочина од 2 километри […]

Земјотресот во Кукуш оштети објекти во Дојран


Земјотресот со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 25 километри од северозападно од грчкиот град Кукуш, кој изутрината во 5:24 часот беше почувствуван и во југоисточниот дел на Македонија, предизвика мали оштетувања на дел од објекти во Стар и Нов Дојран. Жители изјавија дека забележани се мали изронувања на малтерот од […]

Атина ја погоди земјотрес од 4,6 степени


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Атина и централна Грција рано утринава. Нема податоци за штети. Националната опсерваторија на Атина информира дека земјотресот се случил во 06 часот и 2 минути во Коринтскиот залив, на длабочина од пет километри. Според Американската служба за геолошки истражувања, епицентарот бил на 79 километри северозападно […]

Силен земјотрес од шест степени го погоди Иран


Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Иран. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Егзела, но тој се почувствувал и во Карманшаху. Засега нема податоци за предизвикани материјални штети или жртви. Минатиот месец истиот регион го погоди земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, […]