Силен земјотрес во Јапонија
Според Американскиот геофизички институт, потресот бил со интензитет од 6,4 степени. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 20 километри под површина на земјата во крајбрежјето на префектурата Мијаѕаки.
Била објавена опасност за појава на цунами, но предупредувањето било брзо повлечено. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.