(Видео) Силен земјотрес регистриран на Тајван


На источниот брег на Тајван денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го погоди градот Тајтунг, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот бил на длабочина од 30,6 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Тајпеј. 

Земјотрес од 7,3 по Рихтер ја погоди Јапонија, предупредување за цунами


Земјортерс со интензите од 7,3 степени по Рихтеровата скала го погоди источниот дел од Јапонија. Издадено е предупредување за можно цунами. Односно се предупредува на бранови високи 1 метар во префектурите Фукушима и Мијаги.  Се бара од грашаните да се качќат на повисоки места за да го избегнат ударот.  Инаку, земјотресот бил на длабочина од […]

Земјотрес од четири степени во близина на грчкиот остров Крит


Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил југоисточно од малиот остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит. Од земјотресот, што бил почувствуван и на Гавдос и […]

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.0 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е почувствуван утрово во Скопје и околината. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија го регистрирала земјотресот во 9 часот и 48 минути, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотрес почувствуван во Охрид, епицентарот во Албанија


Земјотрес во јужниот дел на Охридското езеро со епицентар 150 километри јужно од Скопје, во Република Албанија, регистрираше денеска Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Охрид и околината, а се случил во 02 часот и 41 минути, со локална Рихтерова магнитуда […]

Земјотрес од 3,8 степени според Рихтер во близина на Битола


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, регистрира земјотрес во 14 часот и 1 минута со Рихтерова магнитуда 3,8 чиј епицентар се наоѓа на 125km јужно од Скопје на границата со соседна Грција а потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин. Од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје […]

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен во Индонезија, има жртви


Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, при што две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени. Потресот бил почувствуван дури во Сингапур и Малезија. Не било објавено предупредување за појава на цунами, но земјотресот ги принудил луѓето да бегаат од станбените згради во западна Суматра, а предизвикал […]

Силен земјотрес на Нов Зеланд, се тресеше главниот град


  Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди Нов Зеланд денеска, а засега нема извештаи за повредени или за материјална штета. Земјотресот се случил во близина на градот Бленхајм, на длабочина од 30 км, соопшти сеизмолошката служба. Силно ртресење на тлото се почувствувало и во главниот град Велингтон, изјави еден очевидец, за […]

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Нов Зеланд


Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд. Епицентарот на потресот бил во близина на градот Бленхајм на Јужниот Остров, на длабочина од 30 километри, соопшти сеизмолошката служба. Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. 

Силен земјотрес ги погоди Филипините


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и […]

Земјотрес од 5,21 степен на португалскиот остров Мадеира


  Умерен потрес го погоди денеска португалскиот остров Мадеира во раниту утрински часови, што гхи преплаши жителите, објави Португалскиот институт за море и воздух. Наведува дека земјотресот бил со јачина од 5,1 степен, а епицентаорт бил во морето, 45 километри јужно од главниот град Фуншал, на длабочина од 30 км и дека се почувствувал со […]

БиХ:  Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла


Според првите информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, па е намален на 4,1, а епицентарот бил во близина на Тузла. Се почувствува низ цела БиХ, но и во Хрватска, Србија и Словенија. Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина околу 15:20 часот, соопшти ЕМСЦ. […]

Силен земјотрес регистриран во Перу


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Перу. Епицентарот на земјотресот бил во близина на границата со Еквадор, на длабочина од 100 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Во ноември 2021 година во Перу беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,5 степени според […]

По синоќешните два, регистриран уште еден земјотрес во охридско – струшкиот регион


Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во во 03 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, […]

Регистрирани два земјотреса во охридско-струшкиот регион


Два земјотреса се регистрирани синоќа во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени, […]

Земјотрес во Авганистан


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди североисточниот дел на Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според Центарот, епицентарот на земјотресите бил на 49 километри источно од градот Баглан, каде што живеат околу 108.000 луѓе. Изворот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета […]

Земјотрес од 7,1 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд


Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ). Ројтерс пренесе извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри. Земјотресот се случил на 134 километри североисточно од […]

Земјотрес од 6,6 ја погоди Јапонија


Јапонија– Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги погоди југозападниот и западниот дел на Јапонија, а повеќе од 10 лица се повредени. Локалните власти и Јапонската метеоролошка опсерваторија соопштија дека земјотресот не предизвикал цунами. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во областа покрај брегот на Јапонија, каде според анализи во […]

Земјотрес го погоди централниот дел на Турција


Турција – Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде живеат околу 600.000 луѓе. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Послаб земјотрес ги разбуди битолчани


Утрово битолчани повторно се разбудија вознемирени од земјотресот кој ги стресе во 3.40 часот. Според информациите на ЕМСЦ истиот бил со интензитет од 2.8 степени по рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот инаку бил во соседна Грција и градот Лерин каде пред неколку дена беше почувствуван силен земјотрес кој го почувствуваа и граѓаните на Скопје, но […]