Нов земјотрес почувствуван во Делчевско


Нов земјотрес попладне околу 18:20 часот е почувствуван во Делчевско. Ова е втор земјотрес денеска почувствуван од граѓаните, откако утрово земјотрес беше регистриран во Р.Бугарија во околината на Благоевградскиот регион со магнитуда од 3,2 степени, кој исто така се почувствува во повеќе македонски градови во истокот. Според бугарските медиуми, земјотресите кои биле вкупно четири во […]

Почувствуван земјотрес во Делчевско, епицентарот во Бугарија


Земјотресот со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутрината во 9 часот и 31 минути во Делчево, Тработивиште и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил на 140 километри источно од Скопје во соседна Бугарија, со локална Рихтерова магнитуда ML3.3.

Земјотрес ја погоди Албанија


Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Ерсека.

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер го погоди главниот град на Колумбија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди колумбиската престолнина Богота, информира Колумбискиот геолошки институт. Потресот предизвика паника, па луѓето од канцелариите и рестораните веднаш излегоа на улиците. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а неговиот епицентар бил на 18 километри северно од Вилависенсио, град со […]

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер ја погоди источна Турција


Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, јавија светските агенции повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, соопшти центарот.

Слаб земјотрес во Кичевско


Земјотрес со јачина од 2 степени по Рихтер утрово е регистриран во Македонија. Според податоците од сеизомолошките центри, епицентарот бил во близина на село Врбјани, односно 72 км северно од Елбасан, Албанија и 14 км југозападно од Кичево, Македонија. Епицентарот бил на длабочина од 15 км, а земјотресот е регистриран во 3.19 часот.

Земјотрес во Албанија почувствуван во југозападните делови од земјава


Земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје. -Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка […]

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер во Турција (видео)


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска околу 18:45 часот по локално време го погоди турскиот град Коња. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри. Од кабинетот на гувернерот на Коња соопштија дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс. Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека […]

Земјотрес со јачина од 4,4 степени во областа Риека


Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа Риека, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри североисточно од Риека, на длабочина од 13 километри, јави ЕМСЦ.

Потфрли системот за предупредување од земјотрес на Google во Турција


Системот за предупредување од земјотрес, кој Google го направи достапен за уредите со оперативен систем Андроид, треба да испрати известувања до корисниците за да можат навреме да се засолнат, но тоа не се случи на 6 февруари во Турција. Истражувачите на Би-би-си разговарале со стотици луѓе во три турски градови и дознале дека ниту еден […]

(Галерија) Се вежбаше спасување од земјотрес – објектите од културата немаат дури ни сандачиња за брза помош


Поголемиот број од установите од културата не се приспособени за појави како земјотрес. Установите не располагаат со видео надзор, систем за автоматско гасње на пожар, противпожарни апарати, сандачиња за брза помош, ниту пак шеми за евакуација и знаци за насочување кон излез од објектот. Ова беше истакнато на денешниот Форум во Музејот на Град Скопје […]

Земјотресот во Скопје остана дел од колективниот ген


  Иако поминаа 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје траумата од него и натаму е присутна речиси секој ден. Денеска, токму на оваа трагична годишнина Македонија, и посебно Скопје, со пиетет се сеќава на 1.700-те жртви и на урнатините во кои се претвори главниот град во 5 часот и 17 минити. Во Собранието се […]

Спасовски по повод 60-годишнината од земјотресот: Скопје е симбол на солидарноста


Денеска ја одбележуваме 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес кој гo разурна македонскиот главен град Скопје на 26 јули 1963 година, рано утрото во 05 часот и 17 минути. Тие 20 стравични секунди беа кобни за 1070 лица, многумина од урнатините беа извлечени со тешки повреди, а огромен беше бројот на оние кои останаа без своите домови. […]

(Видео) Грција во црвено – пожари, невреме и земјотрес на Крит


Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит. Eпицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори, a е регистриран на длабочина од 8,4 километри. Бил почувствуван и во околните места. Инаку, Грција се соочува со повеќе природни карастрофи. Состојбата е во црвено. Со денови е […]

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција


Централна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, објавено е на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт. Земјотресот се случил на длабочина од пет километри, на 66 километри северозападно од Кахраманмарас, град со речиси 400.000 жители. Засега нема информации за евентуална штета или повредени. Кахраманмараш беше епицентарот на двата разорни […]

Учениците од турскиот град Малатја ќе учат во новото училиште „Северна Македонија“, донација од МATTO


 Средношколците од турскиот град Малатја што на почетокот на годинава беше погоден од катастрофалниот земјотрес, претстојната учебна година ќе ја почнат во новото училиште кое ќе го носи името „Северна Македонија“, донација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО). МАТТО денеска во Скопје го потпиша Протоколот за соработка за изградба на училиштето кое ќе […]

Силен земјотрес од 7,4 степени на Алјаска, дадено предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утринава полуостровот Алјаска, објави Американскиот геолошки институт. По земјотресот, што беше на длабочина од 9,3 километри, беше издадено предупредување за цунами.

Земјотрес во Босна и Херцеговина: „Добро тресеше“


Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Херцеговина, потврди ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од Груд, а на 37 километри од Мостар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 7 километри. Според сведоштвата на граѓаните кои ги споделија своите искуства на страницата земјотресот силно се почувствувал. 

Почна изградбата на 180.000 станови во Турција уништени во земјотресите во февруари


Почна изградбата на 180.000 станови во областите на југоисточна Турција тешко погодени од разорните земјотреси во февруари. Ова денеска го соопшти министерот за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени Мехмет Јозхасеки, цитиран од државната телевизија ТРТ-Хабер. Тој додаде дека во моментов се работи на проекти за изградба на уште 140.000 куќи. Јозхасеки истакна дека […]