Послаб земјотрес почувствуван во Беровско


Земјотрес со интензитет од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 9 часот и 53 минути со епицентар на 11 километри западно-северозападно од Берово. Потресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со […]

Силен земјотрес на Филипините


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Бабујан на северот на Филипините, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД. Земјотресот бил на длабочина од 34 километри. Државната сеизмолошка агенција на Филипините соопшти дека се очекуваат последователни потреси, но не е забележана штета како резултат на земјотресот, кој се случил под површината […]

Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди југозападна Франција


Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди југозападна Франција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). На веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт се наведува дека земјотресот се случил во близина на градот Сиржер, на длабочина од 15 километри, 126 километри југоисточно од Нант. Засега нема податоци за причинета материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 4 степени во турската провинција Кахраманмараш


Земјотрес со интензитет од 4 степени е регистриран денеска во турската провинција Кахраманмараш, каде беше епицентарот на разорните земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени во февруари, јавија турските медиуми. Земјотресот, регистриран од сеизмолошката опсерваторија Кандили во Истанбул, ја потресе областа денеска во 14 часот и 39 минути. Епицентарот бил во подрачјето на градот […]

Силен земјотрес ги погоди Филипини, засега нема извештаи за жртви


Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди главниот филипински остров, соопштија властите. Потресот го запре железничкиот сообраќај во главниот град Манила. Нема извештаи за жртви или поголема материјална штета по земјотресот, што се случи во морето на длабочина од 10 километри и се почувствува во околните провинции, објави Филипинската сеизмолошка […]

Земјотрес од 4 степени во Србија, сеизмолог тврди дека се очекувало оти е познато жариште


Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска околу пладне го погоди градот Обреж кај Параќин, Србија. „Пред неколку дена имаше земјотрес во Бугарија, имаше и два во Темишвар. Разговаравме за тоа дека оваа сеизмичка активност сигурно ќе се прошири и во нашите области“, вели сеизмологот Славица Радовановиќ. Според неа, земјотресот што се […]

Земјотрес од пет степени во Кахраманмараш, турскиот регион што настрада во разорните потреси


Земјотрес со јачина од пет степени е регистриран денеска во 11 часот и 56 минути на територијата на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според центарот, земјотресот бил лоциран на 71 километар северозападно од градот Кахраманмараш на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета. Областа Кахраманмараш беше епицентарот на разорните земјотреси […]

Земјотрес со јачина од пет степени го погоди Јоханесбург


Земјотрес со јачина од пет степени рано утринава го погоди Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, објави Американскиот геолошки институт (УСГС). Според институтот кој ги евидентира земјотресите ширум светот, земјотресот во Јоханесбург се случил во 2.38 часот по локално време. Епицентарот бил на шест километри од Албертон, град во југоисточното предградие на Јоханесбург. Засега нема […]

Земјотрес од 4,8 степени регистриран во близина на Атина


Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран кусо по 15.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а беше почувствуван и во грчката метропола. Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти. Засега нема информации за […]

Земјотресот од Бугарија ги стресе Берово и Пехчево


 Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почусвтвуван попладнево во 14 часот и 26 минути во подрачјето на Пехчево и Берово. Епицентар на земјотресот бил на 280 километри источно од Скопје, во  Република Бугарија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.6, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Силен земјотрес ја погоди Бугарија, почувствуван и во Грција


Бугарија денеска ја погоди силен земјотрес. Магнитудата на земјотресот е 4,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 14.46 часот по наше време, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 146 километри од Софија, односно на 15 километри од Пловдив. Земјотресот е почувствуван и во Грција. „Тресењето беше силно, но не траеше долго“, […]

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во Белград


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија. Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри. Земјотресот бил почувствуван и во Белград, пишува „Блиц“. „Можам да се заколнам дека земјотресот се почувствува во Белград“, „Многу силно се почувствува во Клуж-Напока. Живеам на третиот кат. Траеше околу […]

Земјотрес почувствуван во дебарскиот крај


Земјотрес од 3,2 степени според Рихтер утрово во 10.14 часот беше почувствуван во дебарскиот крај, објави сајтот „ЕМСЦ“. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално […]

Силен земјотрес ја погоди Колумбија


Земјотрес со јачина од 6,6 степени денеска ја погоди Колумбија, а засега нема информации за жртви или евентуална материјална штета. Колумбискиот геолошки институт (SGC) извести дека земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар е регистриран во Карипското Море, на 41 километар од градот Аканди, се случил во 10.05 часот по локално […]

Земјотрес на југот од Турција со јачина од 4,9 степени според Рихтер


 Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија.  Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли, на длабочина од 6,67 километри. Потресот е почувствуван во поширок регион на југот на Турција, што во февруари беше погоден од серија […]

Замјотрес од 4,1 степен во Тузла, почувствуван и во Хрватска


Се стресе градот Тузла и околината. Босна и Херцеговина(БиХ) попладнево ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 17 километри од Тузла, односно 13 километри од Лукавац. Нема информации за повредени или причинета материјална штета. Земјотресот бил почувствувн и во делови од Хрватска. Земјотреси денеска имаше во Грција, Албанија, […]

Земјотрес од 5,7 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо


Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вечерва јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил на длабочина од 75 километри, додадоа од ЕМСЦ. Претходно денеска едно лице загина, а 13 се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Јапонија.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш


Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран денеска во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари. Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри. Засега […]

Земјотрес почувствуван во Штип и околината


Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран денеска, 75 километри југоисточно од Скопје и е почувствуван од населението во Штип и околината. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со Рихтерова локална магнитуда ML2.5, се случил во 13 часот и 08 минути, а потекнува од епицентрално […]